Регион
Европскиот парламент ја изгласа резолуцијата за Србија со која се бара истрага за изборите
Европскиот парламент ја изгласа резолуција за Србија во врска со наводните нерегуларности за време на изборите на 8 февруари 2024 година.
Европскиот парламент изгласа резолуција со која бара меѓународна истрага за наводните нерегуларности за време на изборите одржани минатиот декември во Србија, како и суспендирање на европските фондови, доколку се докаже дека властите биле директно вмешани во измама на гласачите.
За резолуцијата на Европскиот парламент за ситуацијата во Србија по изборите гласаа 461 пратеник; против имаше 53, а воздржани 43.
Европскиот парламент бара независна истрага од почитувани меѓународни правни експерти и институции за нерегуларности на парламентарните, покраинските и локалните избори, со посебен осврт на изборите за собранието на град Белград, бидејќи одредени обвинувања се прошируваат, вклучително и оние за организирана миграција на гласачите на локално ниво надвор од опсегот вклучени во извештаите на ОБСЕ/ОДИХР (Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права)“, се вели во едногласната резолуција, пренесува РСЕ.
„Европскиот парламент ја повикува Европската комисија детално да ги следи извештаите на Судот на ревизори и веднаш да започне со ревизија на средствата обезбедени за Владата на Србија во рамките на Инструментот за претпристапна помош III (ИПА III) и други финансиски инструменти.
Парламентот подвлекува дека доколку српските власти не се подготвени да ги спроведат клучните изборни препораки или ако наодите од оваа истрага покажуваат дека српските власти биле директно вмешани во измама на гласачите, тој повикува на суспензија на финансирањето на ЕУ врз основа на сериозни прекршувања на правилата.
Се проценува дека парламентарните и локалните избори во Србија на 17 декември „отстапија од меѓународните стандарди и посветеноста на Србија за слободни и фер избори поради постојаната и систематска злоупотреба на институциите и медиумите од страна на функционерите со цел стекнување на неправедна и неоправдана предност.
Се нагласува дека овие избори не може да се смета дека се одржале под фер услови поради наводите за „широка и систематска измама што го загрози интегритетот на изборите во Србија“.
Во текстот со сериозна загриженост се забележуваат бројните докази собрани од меѓународни и домашни набљудувачи, кои покажуваат активности кои претходеле и во текот на денот на изборите, кои можеле да го променат исходот на изборите и, се наведува, би можеле да имаат критично влијание, особено врз изборните резултати за градот Белград и сериозно го поткопуваат легитимитетот на парламентарните избори.
„Србија, како земја кандидат за членство во ЕУ, нема доволно применети основни демократски стандарди на ЕУ и меѓународните стандарди. Се повикуваат властите на Србија да обезбедат доволно демократски гаранции за одржување на следните редовни локални избори во 2024 година, како и во иднина“, се нагласува во резолуцијата на ЕП.
Во резолуцијата се жали на немање институционален одговор на сериозните сомнежи за вмешаност на функционери во изборни манипулации и злоупотреби, со што, според договорениот текст на резолуцијата, се одржува неказнивост и се обезбедува континуитет на оваа практика.
Се наведува и дека некои од изборните нерегуларности, кои доведоа до изборите во декември 2023 година, претставуваат потенцијално кршење на законот и Уставот на Србија.
Европските пратеници со резолуцијата најостро ги осудуваат неоснованите тврдења на српските власти дека во организацијата на постизборните протести биле вмешани земјите членки на Европската унија.
Тие жалат што протестите биле искористени како повод за ширење анти-ЕУ наративи во медиумите блиски до владејачката партија.
Инаку, резолуциите на Европскиот парламент не се правно или политички обврзувачки за земјите-членки и европските институции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Еден загинат во поплавите во Албанија по обилните дождови
Најмалку едно лице загина во Албанија во поплавите предизвикани од обилните дождови што паѓаат во изминатите неколку дена, соопшти денес албанската полиција.
Полицијата објави дека тело на жена (76) е пронајдено откако нивото на водата се повлекло во поплавената југоисточна општина Девол.
Поплавите предизвикаа најголема штета во руралните региони на југот на Албанија, а во селото Душар 30 семејства беа отсечени, бидејќи патиштата беа непроодни поради поплавите.
Регион
Фатална грешка направиле млади луѓе во опожарената „Вјесник“: „Не викај пожарникари, ќе дојде и полицијата“
Пожарот што го зафати облакодерот на Вјесник, Загреб, и го претвори во огнена стихија наводно е последица на невнимателно однесување на група тинејџери кои се занимаваат со таканаречен „урбекс“ – истражување напуштени објекти за објави на социјалните мрежи. Според неофицијални информации, реконструирани се настаните што му претходеле на пожарот, а во нив биле вклучени четворица малолетници и двајца 18-годишници.
Влегување во зградата низ прозорец
Групата, составена претежно од малолетници, во понеделник попладне влегла во облакодерот на Вјесник така што се протнала низ скршен прозорец од страната која гледа кон улицата Одранска. Во зградата поминале неколку часа, разгледувајќи 15 ката, напуштени канцеларии и палeјќи и гасејќи светла. Нашле фрижидер со алкохол, а за време на престојот пушеле и ги гаселе опушоците. Истовремено снимале фотографии за објави на социјалните мрежи, пишува „Индекс“.
Цел им било да стигнат до кровната тераса за да направат атрактивни снимки од градот, но на 15. кат наишле на метални плочи што не успеале да ги поместат. Тогаш еден од малолетниците го повикал 18-годишник познат по „Јутуб“ содржини од напуштени објекти.
Повикале двајца полнолетни
Повиканиот млад човек пристигнал околу 21:50 часот во придружба на уште еден 18-годишник. Ја прескокнале оградата и се искачиле до 15. кат, каде се придружиле на групата, но ни тие не успеале да ја отстранат пречката. Во меѓувреме двајца малолетници од првичната група ја напуштиле зградата и заминале дома.
Според сомнежите на истражителите, по неуспешниот обид да се искачат на кровот, еден од 18-годишниците запалил фрлена кутија со документи. Другиот наводно му помогнал така што смачкал хартија, ја запалил и ја фрлил во кутијата. Пожарот многу брзо се проширил, поради што една малолетна девојка побегнала. Еден малолетник се обидувал да ја изгаси огнот и ги убедувал постарите да ги повикаат пожарникарите.
Наводно, тие му одговориле дека заедно со пожарникарите би дошла и полицијата, па сите тројца решиле да ја напуштат зградата. Облакодерот останал во пламен, а двајцата 18-годишници од синоќа се во истражен притвор.
Регион
„Фашизмот во Европа се буди“ – Вучиќ ужаснат по настапот на Томпсон и поздравот „За дом спремни“
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска го отвори Меѓународниот саем на вино, храна, ракија и туризам „Винска визија Отворен Балкан“, каде што посети неколку штандови, дегустираше вина и одговараше на новинарски прашања.
На прашање дали ги поканил претставниците на Хрватска да учествуваат на саемот, Вучиќ изјави дека формално не припаѓаат на иницијативата Отворен Балкан, но дека би сакал да ги види како учесници.
„Не припаѓаат на Отворениот Балкан, но немам ништо против, би се израдувал и верувам дека ќе ги поканам,“ рече претседателот.
Коментирајќи го инцидентот во Осиек, каде што за време на концерт на Томпсон се слушнал поздравот „За дом спремни“, Вучиќ изрази загриженост.
„Ужаснат сум од буењето на фашизмот во современа Европа, но што да правите? Се надевам дека Европската унија ќе ги осуди антисрпските и антисемитските фашистички повици во срцето на Европа. Што се однесува до Србите, кај нас фашизмот никогаш немал поддршка и никогаш нема да има, тоа со гордост можам да го кажам,“ истакна Вучиќ, пренесе „Телеграф“.
Вучиќ повтори дека хрватските винари се добредојдени на „Винска визија“ и изрази надеж дека регионалната соработка во рамки на Отворен Балкан ќе придонесе за поголемо поврзување и промоција на гастрономијата и винската култура во регионот.

