Македонија
Трипуновски: Граѓаните на Македонија пијат увозно млеко бидејќи власта го уништи сточарството со лошите земјоделски политики
Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски е на теренски посети во велешкиот регион каде што ќе оствари повеќе средби со земјоделците од овој крај.
Една информација која што ја отсликува реалната ситуација во која што се наоѓа сточарството во Република Македонија е фактот дека Македонија е се повеќе увозно зависна од млеко. Само за споредба ако во 2016 година сме имале над 132 илјади молзни крави, таа бројка во 2022 година изнесува некаде помалку од 97 илјади што е сериозно намалување на молзни крави изјави Трипуновски.
Трипуновски дополни дека во 2016 година се произведувале околу 403 милиони литри млеко, а во 2022 година таа бројка била под 300 милиони литри млеко и ова говори за лошата состојба во сточарството во Република Македонија.
Причините за оваа лоша ситуација се лошите политики на Власта, задоцнетите мерки кои што немаат никаков ефект и само се намалува сточниот фонд во Република Македонија. Сведоци сме дека земјоделците ширум Република Македонија постојано се жалат за задоцнети субвенции за литар млеко, задоцнети субвенции за грло, немањето на огласи наменски земјоделско земјиште наменети точно за сточарите и сите оние мерки кои што дозволуваат трговците се повеќе да увезуваат млеко. – додаде Трипуновски.
Она што сакам да го упатам како апел до сите сточари во Република Македонија е дека за неколку месеци од сега доаѓаат сериозни политичари, сериозна Влада која што преку конкретни мерки и проекти ќе покаже и ќе докаже како се води грижа за македонските земјоделци!. – заврши Трипуновски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

