Скопје
Арсовска на увид на улицата „Александар Урдаревски“

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска заедно со екипи од секторите во градот и јавните претпријатија, извршија увид во завршните работи на реконструкцијата на улицата „Александар Урдаревски“, важен проект ветен во програмата „За модерно Скопје“, кој го изведува Јавното претпријатие „Улици и патишта“ – Скопје.
Со реконструкција на оваа важна сообраќајница под надлежност на Град Скопје се овозможува зголемена сигурност и безбедност на учесниците во сообраќајот и истата е исполнување на уште едно децениско барање на жителите.
Имплементацијата на проектот опфати реконструкција на коловозот на улицата на површина од 9.600 м2 и должина од 1270 метри, со изработка на банкини од тампонски материјал и нови рабници, а за граѓаните од овој дел на градот ќе се подигне ново зеленило, садници и соодветно партерно уредување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Фото) Герасимовски на утрински појадок со жените пензионерки од општина Центар

Градоначалникот Горан Герасимовски денеска се сретна со дел од активот на жени пензионерки од Општина Центар на утрински појадок, каде се водеше отворен разговор за теми важни за нивниот секојдневен живот.
Со внимание ги слушнавме нивните забелешки, предлози и идеи, кои се од големо значење за креирање на политики што ќе ја унапредат благосостојбата на пензионерите, известуваат од Општината.
„Пензионерите се темелот на нашето општество. Од нив учиме, за нив се грижиме и со нив градиме подобра Општина Центар”, истакна Герасимовски.
„Грижата за повозрасните сограѓани останува наш приоритет – затоа што почитта кон нив е темел на здраво општество“, велат од Општината.
Македонија
Без струја дел од општина Карпош

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од улицата 2 во село Бардовци, општина Карпош.
Македонија
Карпош и Кисела Вода денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улицата Бриселска, општина Карпош;
– во периодот од 09.35 до 12.00 часот, корисниците од улиците Студеничанска и Драчевска, како и корисниците од реонот кој гравитира кон улицата Јустинијан Први, општина Кисела Вода.