Спорт
Лапорта дивеел во ВИП-ложата по нерешениот резултат со Гранада

Барселона синоќа им приреди уште едно разочарување на своите навивачи. На „Можуик“, Барселона одигра 3:3 со претпоследниот тим на табелата во Шпанија, Гранада.
Ремито против Гранда дефинитивно стави крај на надежите на Барселона дека ќе може да ја одбрани титулата. Играчите на тренерот Чави два пати имаа минус од еден гол, успејаа да изедначат но не и да победат.
По натпреварот, како што пренесуваа локалните медиуми, претседателот на клубот Џоан Лапорта дивеел во ВИП ложата.
„Лапорта целосно полуде по мечот со Гранада, фрлаше чинии и во ВИП лошата“, пишуваат локалните медиуми.
Претседателот на Барселона потоа заминал во соблекувалната.
„Џоан Лапорта, придружуван од Рафа Јусте, веднаш отиде во соблекувалната и одржа говор пред тимот. Тие го напуштија стадионот „Монжуик“ дури околу 12:30 часот“, пренесува каталонското радио.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Во Реал можат да здивнат, Мбапе не е сериозно повреден

Повредата со која се здоби Килијан Мбапе на натпреварот против Арсенал не е сериозна. Тој ќе биде подгтовен за финалниот натпревар во Купот на кралот.
Французинот мораше да го напушти натпреварот во средата навечер поради повреда на скочниот зглоб. Реал загуби од Арсенал (1:2) и ја заврши сезоната во Лигата на шампионите.
Мбапе е суспендиран за дуелот со Атлетик Билбао овој викенд, а ќе го пропушти и гостувањето кај Хетафе в среда, за да биде целосно подготвен за финалето од Копа дел Реј на 26 април.
Мбапе оваа сезона постигна 34 гола и имаше четири асистенции на 49 натпревари во сите натпреварувања.
Финалето на Купот на кралот се игра на стадионот „Ла Картуха“ во Севилја во сабота на 26 април од 22:00 часот.
Спорт
Шортс ја предводи најдобрата петорка во Евролигата

Евролигата ги објави имињата на кошаркарите кои ги формираа првата и втората најдобра петорка.
Изборот, како и секогаш предизвика контраверзи, особено кога станува збор за првата петорка, во која се најде и натурализираниот Македонец, ти Џеј Шортс.
Забележливо е дека првата петорка е составена без центар, со три „единици“ и две „четворки“.
Покрај Шортс, во петорката се Карсен Едвардс (Баерн), Кендрик Нан (Панатинаикос), Најџел Хејс-Дејвис (Фенербахче) и Саша Везенков (Олимпијакос).
Во втората петорка се: Тео Маледон (Асвел), Мајк Џејмс (Монако), Еван Фурние (Олимпијакос), Хуанчо Ернангомез (Панатинаикос) и Валтер Таварес (Реал Мадрид).
Спорт
„Целта на Арсенал е да ја освои Лигата на шампионите“

Деклан Рајс, фудбалерот на Арсенал го најави освојување на Лигата на шампионите.
Арсенал оваа сезона стигна до полуфиналето на Лигата на шампионите, а во четвртфиналето го исфрли Реал Мадрид, убедливо со вкупен резултат 5:1.
Еден од хероите на тимот од Лондон изјави дека целта на Арсенал е да ја освои Лигата на шампионите оваа сезона.
„Средата беше исклучителна ноќ за нашиот клуб, историска ноќ. Имаме цел во ова натпреварување, а тоа е да ја освоиме Лигата на шампионите“, рече Рајс.
Англичанецот потоа ги пофали соиграчите.
„Бевме навистина полни со самодоверба и верба дека можеме да победиме во Мадрид. Тоа што го имавме во нашите глави го спроведеме во пракса“, изјави Рајс и додаде:
„Имав чувство дека напредуваме, ова е навистина неверојатно. Завршивме неверојатна работа досега во ЛШ. Имаме верба во себе, му веруваме на тренерот без резерва, тој е неверојатен. Полуфиналето е голема работа за нас и сакаме само да уживаме во се“.