Македонија
По 30 евра ќе плаќаат граѓаните за патен лист за да се вратат дома со стар пасош
Граѓаните што ќе сакаат да се вратат во државата, а се затекнати во странство со стар пасош, односно без „северна“, ќе може да го сторат тоа со патен лист што ќе го извадат во дипломатско-конзуларните претставништва на Министерството за надворешни работи.
Ова деновиве го потврди и првиот човек во Министерството за надворешни работи.
Но, на фејсбук-страницата на македонската амбасада во Берлин издадени се инструкции за граѓаните што треба да аплицираат за нови пасоши, но и за патни листови што ќе чинат 30 евра и ќе бидат на трошок на македонските државјани.
Македонската амбасада во Берлин издаде инструкции за граѓаните што треба да аплицираат за нови пасоши, но и за патни листови, кои ќе чинат 30 евра и ќе паднат на трошок на македонските државјани.
Патниот лист, според напишаното, се вади без термин во која било од амбасадите или кој било конзулат и е со важност од 30 дена, односно служи само за враќање во Македонија.
„Ги информираме сите што ќе поднесат барање за нова патна исправа дека времето за издавање нов пасош од денот на поднесување на барањето во просек изнесува 50-75 дена по што пасошите може да ги лично да ги подигнат во ДКП, каде што го поднеле барањето.
Доколку државјаните на Република Северна Македонија, кои престојуваат во странска држава и кои до 12 февруари 2024 година сè уште немаат извадено нов пасош, а имаат намера да аплицираат за издавање пасоши во РС Македонија, тоа може да се вратат во земјата со патен лист, кој се вади без термин, со важност на траење од 30 дена од денот на издавање и служи само за враќање во државата.
Напоменуваме дека при издавањето на патните листови пасошите со старото уставно име Република Македонија да не бидат поништувани. Потребни документи за издавање патен лист: пасош, пополнето барање за издавање патен лист, две фотографии и конзуларна такса 30 евра“, е објавено на страницата на македонската амбасада во Берлин, Германија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост на неколку патни правци
Поради појава на магла се бележи намалена видливост до 100 метри на патниот правец Страцин – Кратово, од 30 до 50 метри на патниот правец Скопје – Тетово, од 50 до 100 метри на патните правци Велес – Скопје, Скопје – Велес и Куманово – Скопје.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09:00 до 15:00 часот корисниците на улица Христо Татарчев 14 према објект со куќен број 30. (општина Кисела Вода)
Македонија
Меџити: Присуството на Спиропали во Чаир испрати јасна порака на политичка блискост, институционална поддршка и директно внимание кон Албанците во Северна Македонија
Во продолжение на официјалната посета во Скопје, градоначалникот на општина Чаир, Изет Меџити ја пречека Елиса Спиропали, министерка за Европа и надворешни работи на Република Албанија и во просториите на општина Чаир.
„Средбата се одржа во пријателска и конструктивна атмосфера, при што беа разгледани актуелните регионални случувања, улогата на албанската дипломатија во зајакнувањето на сеалбанските врски, како и значењето на продлабочувањето на меѓуинституционалната соработка во функција на заедничките интереси“, велат од општина Чаир.

„Присуството на Спиропали во Чаир испрати јасна порака на политичка блискост, институционална поддршка и директно внимание кон Албанците во Северна Македонија.

Оваа средба го потврди заедничкиот интерес за зајакнување на соработката и институционалната координација, со фокус на развојот, интеграцијата и зачувувањето на вредностите што нè поврзуваат како држави и како народ“, соопштуваат од општина Чаир.

