Македонија
СДСМ обезбеди поголема поддршка за лозарите, поголеми откупни цени и поголем извоз, велат од СДСМ

СДСМ со голем број на мерки и активности за унапредување на производството на грозје и вино обезбеди поголема поддршка за лозарите, повисоки откупни цени и поголем извоз, велат од СДСМ.
„Успешноста на мерките се потврдува со фактот што Македонија стана број еден извозник на вино во регионот и 13-ти извозник на вино во светот. СДСМ за прв пат воведе грантови од 10.000 евра за поддршка за купување на опрема на малите производители на храна но и за малите семејни винарии, како и грантови од 5.000 евра за отворање на мали дестилерии. Како резултат на мерките во моментов има 255 регистрирани винарии за производство на вино што е рекорд во историјата на нашата држава во однос на организарано прозиводство на вино, откуп на грозјето и секако продажба на високо квалитетно вино на дома и во странство“, велат од СДСМ.
Според нив исполнето е ветувањето за авансна исплата на субвенциите.
„На крајот на минатата година 30% од основната субвенција е исплатена на производителите на вино, со што тие добија авансни 12.000 денари субвенција. На крајот на 2024 година лозарите ќе добијат повторно авансна исплата. Исполнето е уште едно ветување – оваа година подршката за набавка на зелена нафта се зголемува за 100% и таа ќе изнесува 9.600 денари по хектар лозов насад.Со новиот закон за вино лозарите добиваат гарантирана цена за откуп на грозјето, но и нова посебна програма за финансиска програма за поддршка и развој на лозарството и винарството“, истакнуваат од СДСМ.
Како што велат, СДСМ продолжува со силна поддршка за лозарството и производството на вино, што е една од најзначајните гранки во нашата земја, со стратешка економска важност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Меџити со шефот на СЗО, Али: “Животната средина е клучна за здравјето и благосостојбата на граѓаните”

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, г. Изет Меџити, денеска одржа работна средба со шефот на Светската здравствена организација во Северна Македонија, д-р Аким Али, и координаторката на процесот, Симона Атанасова, на која беше претставена финалната верзија на Стратегијата за соработка за периодот 2026–2030 година.
Стратегијата претставува клучна рамка за заедничка работа меѓу СЗО и државните институции во следните пет години, со јасен фокус на јавното здравје, климатските промени и квалитетот на животната средина. Новата Стратегија е усогласена со националните здравствени приоритети, Целите за одржлив развој и процесот на пристапување во Европската Унија.
Меџити порача дека интеграцијата на здравјето и екологијата не е само потреба, туку обврска кон идните генерации.
„Грижата за животната средина е директна грижа за здравјето на нашите граѓани. Затоа, Министерството ќе продолжи да биде двигател на политики што го подобруваат квалитетот на воздухот, чистата вода, климатската адаптација и одржливото урбано планирање – како клучни предуслови за подобро здравје и благосостојба. Оваа стратегија ја потврдува нашата заложба да делуваме навремено, одговорно и системски,“ изјави Меџити.
Во изработката на Стратегијата учествуваа над 150 претставници од институции, граѓански организации, младински групи и развојни партнери, а Министерството за животна средина одигра клучна улога во вклучувањето на еколошките аспекти како суштинска компонента на јавното здравје и одржливиот развој.
Следниот чекор е заедничко потпишување на Стратегијата на меѓуресорски состанок во есен 2025 година, со учество на премиерот, министерот за здравство, регионалниот директор на СЗО и други високи претставници.
Македонија
(Видео) Тренчевска за амандманот за поддршка за настраданите во трагедијата во Кочани: Да покажеме дека сме единствени кога е најпотребно

Пратеничката група на СДСМ и коалцијата поднесе комисиски амандман за ребалансот на Буџетот, со кој се предлага обезбедување на средства во висина од една милијарда и дваесет милиони денари за финансиска поддршка на повредените и семејствата на починатите лица во трагедијата што се случи во дискотеката „Пулс“, во Кочани, како и за реновирање и набавка на неопходна медицинска опрема за Општата болница во Кочани.
„Во март се случи најголемата трагедија во историјата на нашата држава. Загинаа 62 млади животи, а над 200 лица беа повредени, од кои многу со трајни последици. Владата досега не инвестираше доволно за справување со последиците, а најголем дел од помошта стигна од граѓаните и општествено одговорни компании преку Црвениот крст и Сапорт Кочани“, рече пратеничката на СДСМ, Јована Тренчевска.
Таа додаде дека амандманот е одговор на секојдневните апели на семејствата на загинатите и на повредените, кои со месеци бараат поддршка и правда.
„Сведоци сме секојдневно на излегувањето низ улиците на Кочани на семејствата на загинатите. Сведоци сме секојдневно на барањето на помош и поддршка од настраданите и повредените од оваа трагедија, од овој пожар, и од тие причини сметаме дека овој амандман навистина ќе помогне и во справувањето со проблемите во болницата, и за обезбедување на средства за реновирање и за обезбедување на медицински материјал, меѓутоа и во оној дел што значи поддршка и помош на семејствата и на повредените од пожарот во Кочани“, рече Тренчевска.
При тоа, Тренчевска апелираше до сите пратеници да го поддржат амандманот, испраќајќи порака дека Собранието треба да стои зад граѓаните во најтешките моменти.
„Да покажеме дека сме единствени кога е најпотребно – за да помогнеме, да обновиме и да вратиме надеж таму каде што е најмногу изгубена“, изјави Тренчевска.
Македонија
Царинска управа: Раст на наплатата на приходи од 105 милиони евра, 181 кривична пријава, за една година поставени темелите за забрзан еконосмки раст

Царинската управа за една година наплати приходи во висина од две милијарди евра или 105 милиони евра повеќе средства во Буџетот од годината претходно. Преку Секторот за контрола и истраги до Основното јавно обвинителство и Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција поднесена е 181 кривична пријава за сторени кривични дела. Вкупно сузбиени се над 520 случаи на криминални активности. Изготвен е нов Царински закон и се имплементираат проекти во вкупна вредност од 24,4 милиони евра, што ќе овозможи забрзана интеграција во единствениот пазар на ЕУ. Ова го истакна директорот Бобан Николовски по повод „Една година резултати“ на кој во присуство на државниот врв, бизнис заедницата и меѓународните организации беа презентирани резултатите од изминатата една година. На настанот се обратија и претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. Во знак на признание за континуираните заложби и поддршка за унапредување на царинската служба, директорот во име на Царинската управа на премиерот му врачи Плакета со повелба.
„Тргнавме силно уште од првиот месец. Денеска Царинската управа претставува еден од главните столбови на кои се потпира државата, симбол за просперитет, симбол за безбедност. Во изминатиот период, заеднички покажавме дека институциите можат да бидат двигател на позитивни промени кога се водат со визија, а тимската работа е ставена во прв план. Не зборуваме веќе за индивидуални успеси – Царинската управа стана симбол на институционален капацитет што колективно испорачува резултати, истакна Николовски.
Мицкоски, нагласи дека за една година, со напорна работа, со визија и домаќински пристап државата е вратена на нозе, дел по дел, институција по институција, систем по систем.
„Овие бројки значат повеќе за пензии, за плати, за болници, училишта, патишта и за иднината на нашите деца. Тие пари до вчера завршуваа во сивата економија. Денес се враќаат кај народот. Се отвори и борбата против сивата економија и криминалот, а за тоа говорат и бројките – до Основното јавно обвинителство и до Обвинителството за организиран криминал поднесени се 181 кривична пријава“, нагласи Мицкоски.
Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска потенцира дека бројките и податоците се импресивни и се јасен доказ за посветеното, професионално и транспарентно работење на Царинската управа.