Македонија
МТСП: Претходното раководство придонело за затворање на засолништето за жртви на семејно насилство во Свети Николе
По остри реакции на граѓани од источниот регион за затвореното засолниште за жртви на семејно насилство во Свети Николе, министерот Ѓоко Велковски веднаш го посети овој објект и наиде на затворени врати, велат од МТСП.
„Во услови кога бројките на жртви на семејно насилство растат, да се затвори објект кој е од клучно значење за заштита на жени жртви на насилство е крајно нехумано и нечовечки од страна на власта која 7 години ја води државата. Вработените во Центарот за социјална работа Свети Николе биле немоќни да ја санираат состојбата и не наишле на слух во министерството. Откако пред единаесет години е отворен центарот, во последните седум години не е вложено ниту еден денар. Ниеден претходен министер, дури ни стручните служби во министерството задолжени за оваа област, немале заинтересираност за овој објект“, дополнуваат од МТСП.
Шелтерот за жени не функционира повеќе од една година. Кога немате поддршка од централната власт не можете да направите ништо. Единствено градоначалникот на Општина Свети Николе ни помогна во санирање на поплавата која ни се случи – велат вработените.
Според Велковски токму ваквите состојби на рушење и негрижа за жените жртви доведува до фемициди каде жени страдаат од убиства.
Инаку, Шелтер центарот е граден со поддршка на УНДП во време на владеењето на Владата на ВМРО ДПМНЕ. Истамбулската конвенција чиј потписник е државата точно пропишува стандарди за сервиси и услуги за жени жртви на насилство и семејно насилство и недозволиво е да се запоставуваат вакви капитални инвестиции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост на патниот правец Тетово – Скопје, врнежи од снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, извести АМСМ.
Врнежи од снег со среден интензитет се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. На планинскиот превој Пресека се бележат слаби врнежи од дожд и снег – (лапавица).
Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на патниот правец Тетово – Скопје.
Сите патни правци во државата се проодни.
.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја денеска делови од Аеродром, Карпош и Илинден
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 08:30 до 13:30 часот дел од корисниците на улиците 8 и 11 Белимбегово, општина Илинден;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од потрошувачите од улицата Струма, општина Карпош;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од корисниците на булевар Јане Сандански бр. 30, општина Аеродром.
Македонија
Претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во југоисточните делови ќе има врнежи од дожд (над 20 l/m²), а на повисоките планини во северозападните делови врнежи од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно до сабота и релативно топло време со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Во текот на ноќва во југоисточните делови ќе наврне над 20 l/m², а во петок поинтензивни врнежи ќе има во крајните западни делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Од недела ќе настапи заладување и врнежи од снег се очекуваат на планините и во некои од повисоките места.

