Свет
Шефот на агенцијата на ОН: Не е можно да се евакуираат луѓе од Рафа

Главниот комесар на Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа за палестинските бегалци на Блискиот Исток смета дека евакуацијата на луѓето од градот Рафа на југот на Појасот Газа, што ја бара Израел, е невозможна, пишува денеска германската агенција ДПА.
Филипе Лазарини праша каде треба да се евакуираат 1,4 милион луѓе собрани во Рафа. Нема безбедно место во Газа, рече тој во изјава за швајцарскиот весник „Ноје цуерхер цајтунг“.
Северот е полн со неексплодирани бомби и луѓето не може да се носат таму, вели Лазарини. Тој додаде дека таму постои закана од глад. Израелската влада ги повика организациите на Обединетите нации, кои работат во регионот, да помогнат во евакуацијата на цивилите од Рафа. Вооружените сили го гледаат градот како последно упориште на палестинската исламистичка организација Хамас, која сакаат да ја уништат во војна.
Според ОН, повеќе од 1,4 милион луѓе побегнале од другите делови на крајбрежната енклава и побарале засолниште во градот што некогаш броел 250.000 жители. Израел предложи жителите на Рафа да се преселат во големите градови со шатори северно од градот.
Лазарини рече дека луѓето веќе неколкупати бегале во крајбрежната област. Повеќе од 100.000 луѓе беа убиени, ранети или исчезнати. Речиси 18.000 деца во Газа останаа сираци за само четири месеци. Палестинската хуманитарна организација е под истрага поради израелските наводи дека 12 вработени на УНРВА учествувале во нападите на Хамас на 7 октомври.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Се нуди награда од 50.000 долари за осомничен за двојно убиство во Минесота

Американските власти во Минесота и натаму трагаат по 57-годишниот Венс Лутер Бетлер, осомничен за убиство на демократската пратеничка Мелиса Хортман и нејзиниот сопруг, како и за ранување на сенаторот Џон Хофман и неговата сопруга.
Државното Биро за кривични дела на Минесота објави дека Бетлер е висок 195 см, тежи околу 100 килограми, има кафеава коса и очи, и последен пат бил виден вчера во Минеаполис, облечен во светол каубојски шешир, темна кошула со долги ракави и светли панталони, носејќи темна торба.
– Не знаеме дали има соучесници, можно е да бил со други лица. Сакам да ги сослушаме сите што можеби биле во контакт со него, изјави полицискиот претставник Дру Еванс.
ФБИ објави фотографија од Бетлер како стои пред домот на еден пратеник маскиран како полицаец, и понуди награда од 50.000 долари за информации што ќе доведат до негово апсење и осуда.
Бетлер живее во округот Сибли, близу градот Грин Ајл, и работи како директор за безбедносни патроли во приватна фирма. Во минатото бил генерален менаџер во синџир продавници и фабрика за храна.
Во 2016 година бил назначен од тогашниот гувернер Марк Дејтон за претставник од приватниот сектор во Советот за развој на работната сила, организиран од гувернерот. Во истиот совет членувал и сенаторот Хофман, жртвата на нападот.
Засега не е јасно дали Бетлер и Хофман имале лична поврзаност.
Американските власти нападите ги опишаа како „чинови на политичко насилство“.
Свет
Германија, Франција и Велика Британија нудат итни преговори со Иран

Германија, Франција и Велика Британија се подготвени веднаш да започнат разговори со Иран околу неговата нуклеарна програма во обид да се намали тензијата на Блискиот Исток, изјави германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул.
– Се надевам дека ова сè уште е можно, изјави Вадефул за германската јавна телевизија АРД, додавајќи дека Техеран претходно ја пропуштил можноста за конструктивни разговори.
Тој нагласи дека деескалацијата и долготраен мир во регионот се можни само ако Иран престане да биде закана за регионот, Израел и Европа.
Свет
Еден загина откако се урнаа два воздушни балони над долината Ихлара, дел од познатата туристичка област Кападокија

Два воздушни балони се урнаа во централна Турција, при што загина најмалку едно лице, а 19 се повредени, јави турската државна телевизија ТРТ.
Загинатиот бил еден од лицата што управувале со балоните.
Несреќата се случила при лет над долината Ихлара, дел од познатата туристичка област Кападокија, која е позната по балонските летови и живописниот пејзаж.