Контакт

Македонија

Mилошоски: Амбасадорот Мемеди ги известил властите во Италија дека се неважечки пасошите со старото име, ова е скандалозно

Објавено пред

Амбасадорот на Македонија во Рим, Весел Мемеди, со официјална нота ги известил италијанските власти дека и валидните патни исправи со името Република Македонија од 12 февруари се неважечки, вели пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски.

dobivaj vesti na viber

„Наместо да ги штити, амбасадорот постапил спротивно на интересите и правата на околу 100.000 македонски државјани кои живеат во Италија, особено нивното право на слободно движење, како и загрозување на правото на постојан престој и дозвола за работа, што се врзани со валидноста на пасошите. Скандалот е многу сериозен доколку се знае дека ниту МНР ниту Амбасадата нема право да прогласи за неважечки личен документ што не го издале тие, туку Министерството за внатрешни работи“, вели Милошоски објавувајќи го документот.

Како што додава, бидејќи амбасадите работат строго по инструкции добиени од МНР се поставува прашањето дали министерот Османи или друг висок функционер од министерството за надворешни му дале насоки за ваквата постапка на амбасадорот, валидните пасоши на македонските државјани да ги прогласи за неважечки. Со овој потег, како и многу други, додава пратеникот, испаѓа дека МНР и амбасадорите од доверба на Бујар Османи претежно постапуваат во интерес на трети држави, наместо да се грижат и да ги штитат интересите на македонските државјани во странство.

Согласно чл.45 од Законот за надворешните работи, Владата треба да донесе одлука за отповикување на амбасадорот од Рим и во овој изборен период да назначи соодветен дипломат како вршител на должност за шеф на македонското ДКП во Италија, порача Милошоски. Политичката одговорност, како што додава, и оставка треба да се логична последица и за министерот доколку за ваквата постапка се случила со знаење на Бујар Османи.

Засега нема информации за тврдењата на Милошоски од МНР.

Македонија

Намалена видливост поради магла на неколку патни правци

Објавено пред

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви и местимично влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има во околините на Гевгелија, до 100 метри Струмица, Неготино и Сарамзалино и до 150 метри Демир Капија, извести АМСМ.

dobivaj vesti na viber

Сите патни правци во државата се проодни.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Прикажи повеќе...

Македонија

Дел од Центар денеска без вода

Објавено пред

Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:

dobivaj vesti na viber

· поради уличен дефект ф-80 мм на улицата Св. Кирил и Методиј бр. 48, од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица и дел од улицата Димитрие Чуповски, вклучително и ЈЗУ Здравствен дом Железничар, општина Центар.

Прикажи повеќе...

Македонија

Променливо облачно со услови за повремени врнежи од дожд

Објавено пред

Променливо облачно претпладне во западните делови ќе има врнежи од дожд, а попладне услови за дожд ќе има и во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.

dobivaj vesti na viber

Во Скопје, облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер со променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 11 степени.

Времето во наредните денови

Утре ќе се задржи променливо облачно време наместа со повремен слаб дожд освен во западните делови каде што ќе биде облачно со врнежи од дожд кои ќе бидат со пообилен интензитет (над 15 l/m²). Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Нови врнежи ќе има во недела и почетокот на следната седмица кога ќе настапи заладување со повремени врнежи од дожд, а на планините и во некои од повисоките места од снег.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет12 минути

Објавени пораки меѓу поранешниот норвешки премиер и Епстин, започната е истрага

Поранешниот норвешки премиер Торбјорн Јагланд е под полициска истрага поради сомнение за сериозна корупција поврзана со неговите врски со покојниот...

Свет37 минути

Трамп ја претстави TrumpRx: Нова платформа за поевтина набавка на лекови во САД

Американскиот претседател Доналд Трамп во четврток ја претстави TrumpRx.gov, нова онлајн платформа што ќе им овозможи на американските потрошувачи да...

Регион42 минути

Турција ќе приватизира два клучни моста во Истанбул

Турција ја ангажираше консултантската фирма Ernst & Young LLP да ја води приватизацијата на два клучни моста во Истанбул и...

Свет48 минути

Аргентина бара од САД да го екстрадира Мадуро

Аргентински судија во среда побара од Соединетите Американски Држави да го екстрадираат поранешниот венецуелски претседател Николас Мадуро, кој беше заробен...

Европа54 минути

„Старлинк“ е блокиран за Русите, Украина: Бројот на напади веднаш се намали

Руските сили го намалија бројот на напади на фронтот откако Украина и SpaceX постигнаа договор за блокирање на нерегистрираните сателитски...

Свет1 час

(Видео) Нов американски напад врз брод за дрога, двајца убиени

Американската војска соопшти дека во четвртокот нападнала друг брод во источниот Тихи Океан, за кој тврди дека превезувал дрога, при...

Економија14 часа

Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април

Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за...

Македонија16 часа

Воведување ред во државата, реализација на реформската агенда: Мицкоски порача дека годинава нема да има избори

„Ќе имаме можност да отпочнеме еден циклус на средби, односно брифинзи со претставници на земјите членки на Европската Унија, кои...

Македонија18 часа

(Видео) Филипче: СДСМ има решение за 600 евра плата, помалку луксуз – поголеми плати за работниците

Стандардот на работниците практично е срозен изминатите две години. Соочени сме со ситуација во којашто владата на ВМРО и ЗНАМ...

Македонија18 часа

62-годишен маж од Тетово починал по компликации од грип, соопшти ИЈЗ

Минатата недела во периодот од 26 јануари до 1 февруари во Македонија е регистриран уште еден случај на починато лице...

Македонија19 часа

Во следните 15 дена платете го данокот на имот за 2022, 2023, 2024 и 2025 година, апелира Ѓорѓиевски кој веќе блокираше 15.000 сметки за неплатен данок од 2021 година

Близу 20 милиони евра по основ данок на имот за изминатите четири години должат на Град Скопје граѓаните и компаниите....

Македонија19 часа

Родителите на загинатите во „Пулс“ се сомневаат дека се врши притисок врз сведоци, бараат надлежните да извршат проверка на мобилен телефон

Родителите на загинатите во „Пулс“ се сомневаат дека се врши притисок врз сведоци преку Вибер комуникација од затворот. „Имаме сознанија...

Свет19 часа

Виткоф објави дека е постигнат првиот договор меѓу Русија и Украина по пет месеци

Ексклузивните разговори во Абу Даби донесоа конкретен резултат, Русија, Украина и Соединетите Американски Држави постигнаа договор за размена на затвореници,...

Македонија20 часа

Објавена петиција за забрана на социјални мрежи за деца до 12 години во Македонија

Граѓанската иницијатива „Иницијатива за безбедно детство“ објави петиција со која се бара воведување забрана за употреба на социјални мрежи за...

Македонија21 час

Продлабочување на стратешкото партнерство со САД во фокусот на средбите на Гаши во Вашингтон

За време на работната посета на Вашингтон, претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со Даниел Џ. Лотон, заменик-помошник секретар...

Македонија22 часа

Случајот со смртните закани врз новинарот Александар Видиновски да се истера до крај, бара Демократскиот сојуз

Демократскиот сојуз жестоко ги осудува примитивните напади и смртните закани врз новинарот Александар Видиновски на социјалните мрежи и ја поздравува...

Македонија22 часа

(Фото) Сиљановска-Давкова се сретна со претседателот на ОАЕ: перспективите за продлабочување на билатералната соработка во фокусот на разговорот

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на учеството на Светскиот самит на владите во Дубаи, оствари средба со претседателот на Обединетите...

Македонија22 часа

(Видео) Ѓорѓиевски: Нема вработувања во Град Скопје – нема да дозволам ниту еден денар од буџетот на скопјани да биде злоупотребен

„Нема вработувања во Град Скопје – нема да дозволам ниту еден денар од буџетот на скопјани да биде злоупотребен!“, порача...

Свет22 часа

Путин повторно го насамари Трамп, објави „Њузвик“

Претседателот Доналд Трамп минатата недела објави дека посредувал во еднонеделно примирје меѓу Русија и Украина, истакнувајќи го својот личен однос...

Свет23 часа

(Фото/видео) Руски беспилотни летала го нападнаа Киев, две жени повредени, неколку станбени згради оштетени

Две лица се повредени во руски напад што беше извршен синоќа со беспилотни летала врз Киев. Остатоци од беспилотните летала...