Македонија
Лога – Хамран во Хаг: изразена благодарност за поддршката од Европравда
Министерот за правда, Кренар Лога, одржа средба со претседателот на ЕВРОПРАВДА, Ладислав Хамран, во Хаг, Холандија. На средбата имаше дискусија за важноста од учеството и активниот ангажман на земјите кандидати преку обвинителот за врска како демонстрација на заложбите и напредокот во евроинтеграцискиот процес, но и како можност да бидат дел од процесите, кои главно се резервирани за земјите членки на ЕУ.
Министерот Лога уште еднаш изрази благодарност за поддршката од ЕВРОПРАВДА како резултат на која соработка во успешна заедничка акција во изминатиот период беше разбиена меѓународна криминална група.
Во оваа насока, министерот изрази уверување дека досегашната соработка уште повеќе ќе се интензивира и со именувањето на Јавниот обвинител за врски од Република Северна Македонија со чиј директен ангажман несомнено ќе се зголеми ефикасноста во соработката со ЕВРОПРАВДА и справувањето со криминалот на меѓународно ниво.
На средбата, министерот и претседателот на ЕВРОПРАВДА , ги дискутираа и можностите за поддршка на ЕВРОПРАВДА за обезбедување на успешни примери на програми за автоматска распределба на предметите во судовите во некоја од земјите членки на ЕУ, како еден од приоритетите на кои е насочено Министерството за правда во процесот на дигиталзиација на правосудството.
Во оваа насока, министерот истакна дека со враќање на легитимитетот во работата на Судскиот совет и неодамнешниот избор на нов републички јавен обвинител обезбедени се два од трите клучни предуслови за обезбедување независно и функционално правосудство. Министерот нагласи дека со воспоставувањето на успешна дигитализација на правосудството преку функционален систем за автоматска распределба на предметите и заокружување на овој процес, Република Северна Македонија ќе постигне значителен напредок во реформата на правосудството, а со тоа и владеење на правото.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Непречен сообраќај по претежно влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Скопје
Падна дрво во населбата „Автокоманда“ во Скопје
Преку Единствен повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК е добиена пријава за паднато дрво на булеварот „Александар Македонски“ близу паркингот на влезот на фабриката „Железара и Железарија Јоле“ во населбата „Автокоманда“.
Од ЦУК, веднаш по добиената информација од страна на Сектор за операции и координација, покрај МВР, беа известени ЈП „Паркови и зеленило“ на Град Скопје, коишто испратија екипи и истите интервенираа во расчистување на паданатото дрво.
Македонија
Променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд
Променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Во јужните делови наместа врнежите ќе бидат пообилни, локално проследени со грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.
Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд и со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 20 степени.
Во сабота ќе има преодно стабилизирање на времето, а потоа во следните денови во попладневните часови ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Дневната температура ќе биде во пораст.