Спорт
Мбапе го информирал Ал Келаифи дека ќе го напушти ПСЖ

Се чини дека се е готово – Килијан Мбапе дефинитивно ќе го напушти Пари Сен Жермен (ПСЖ) на крајот од актуелната сезона.
Како што објавија сите угледни светски медиуми, меѓу кои и познатиот инсајдер Фабрицио Романо, Мбапе го известил сопственикот на „светците“, Насер Ал Келаифи дека на крајот од сезоната ќе го напушти „градот на светлината“.
Неговиот договор со ПСЖ истекува на крајот од сезонаѕа, па тој веќе има право да преговара и потпише со кој било друг клуб.
Со месеци се пишува дека тоа ќе биде Реал Мадрид, наводно работата била завршена, а финансиските услови допрва треба да се финализираат.
Мбапе постигна гол во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите против Реал Сосиедад во вторникот вечерта.
ПСЖ поведе со 2:0 пред реваншот во Баскија за три недели.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Леклер не верува дека Ферари сезонава може да заврши пред Мекларен

Шарлс Леклер, возачот на Ферари, изјави речиси да не постои шанса, неговиот тим да го победи во трка Мекларен оваа сезона.
Мекларен се неверојатени оваа сезона, тимот победи на 11 од 14 трки во сезоната (две победи има Ферстапен, една Расел), со што ја „зацврсти“ првата позиција во конкуренцијата на возачи и во конкуренцијата на конструктори.
Ферари се единствениот тим меѓу првите четири што не триумфирал на ниту една патека, а Леклер не верува дека има големи шанси тоа да се промени.
„Не верувам дека има една патека каде што сме побрзи од Мекларен. Тие беа најдобри во текот на целата сезона. Ред Бул имаше подеми и падови, па затоа се поблиску до нас и Мерцедес, а Мекларен е единствената константа. Засега, не гледам каде можеме да бидеме фаворити. Се надевам дека ќе бидам изненаден“, рече Леклер.
Ферари имаше многу проблеми оваа сезона и веќе некое време дури има гласини дека Луис Хамилтон би можел да се пензионира порано од очекуваното. Никој не очекуваше Ферари да биде на местото на Мекларен, но никој не веруваше дека ќе се мачат толку многу и дека Луис нема ниту еднаш да заврши меѓу најбрзите тројца.
Foto/ EPA
Спорт
Рубен Дијаш во Сити до 2029 година

Манчестер Сити заврши голема работа, бидејќи го продолжи договорот со стоперот на португалската репрезентација, Рубен Дијаш.
Брилијантниот Португалец потпиша нов договор до 2029 година. Значи, барем за него е јасно дека ќе ги преживее промените што веќе се случуваат на „Етихад“, особено во одбраната.
Рубен Дијаш дојде на „Етихад“ во 2020 година од Бенфика. Одигра 223 натпревари и постигна четири гола во сите натпреварувања.
Сити донесе четири нови дефанзивци во овој и претходниот преоден рок, а покрај заминувањето на Кајл Вокер од клубот, се очекуваат уште заминувања на играчи од задната линија. Деновиве сериозно се зборува за Мануел Аканџи, кој има понуда од Галатасарај и извесно е дека ќе го напушти клубот.
Откако ја завршија работата со Дијаш, клупските челници сега се насочија кон новиот договор на Родри. Шпанецот исто така треба да потпише до 2029 година, со значително поголема плата.
Foto/ „X“
Спорт
Тудор: Преодниот рок мора да заврши пред почетокот на сезоната

Јувентус ќе го игра првото коло од Серија А во недела, пред стартот на сезоната на новинарите им се обрати тренерот Игор Тудор. Тој ја критикуваше моменталната организација на летниот преоден рок, кој и покрај тоа што сезоната започнува тој се уште трае.
„Трансфер пазарот? Да бидам искрен, дури и не обрнувам внимание на шпекулациите бидејќи би полудел. Сосема е лудо што сезоната започнува додека е сè уште отворен преодниот рок. Тоа треба да се промени, преодниот рок мора да заврши една недела пред почетокот на првенството, па што ќе се случи, ќе се случи“, рече Тудор и продолжи:
„Ова ви ја нарушува концентрацијата и вашата секојдневна работа, но ситуацијата е таква каква што е и во моментов мора да ја прифатиме. Мора да се фокусираме на теренот и на играчите што ни се достапни.“
Сите трансфери на Јувентус ова лето:
Јувентус ги донесе или ги откупи договорите на следните играчи во тековниот преоден рок:
Франциско Консеисао (Порто, 32 милиони евра)
Нико Гонзалес (Фиорентина, 28,1 милиони евра)
Лојд Кели (Њукасл, 17,2 милиони евра)
Пјер Калулу (Милан, 14,3 милиони евра)
Микеле ди Грегорио (Монца, 14,3 милиони евра)
Жоао Марио (Порто, 12,6 милиони евра)
Џонатан Дејвид (Лил, слободен трансфер)
Јувентус го напуштија:
Николо Ровела (Лацио, 17 милиони евра)
Алберто Коста (Порто, 15 милиони евра)
Николо Фаџоли (Фиорентина, 13,5 милиони евра)
Самуел Мбангула (Вердер Бремен, 10 милиони евра)
Лука Пелегрини (Лацио, 4 милиони евра)
Ханс Николуси Кавиља (Венеција, 3,5 милиони евра)
Тимоти Веа (Марсеј, позајмица: 1 милион евра)
Foto/ EPA/ANGELO CARCONI