Црна хроника
Во сообраќајна незгода повреден полицаец, пренесен во Комплексот клиники
Вчера попладне, во 13.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Јордан Мијалков“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 57-годишниот Р.С. од Тетово и возило „шкода“, сопственост на МВР, извести Министерството за внатрешни работи.
„Во незгодата со телесни повреди се здобил полицискиот службеник, кој го управувал возилото „шкода“, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, соопшти МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсен скопјанец, криумчарел мигранти од Кина и Пакистан
Вчера во 16.45 часот на место викано „Солунски пат“, во близина на границата со Р.Грција, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Стар Дојран го лишиле од слобода 31-годишниот Ј.М. од село Синѓелиќ, скопско, поради тоа што со патничко возило „сеат леон“ со скопски регистарски ознаки, превезувал шест лица-мигранти, од кои пет од Кина и еден од Пакистан.
Известен е јавен обвинител од ОЈО за ГОКК Скопје и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, а мигрантите биле пренесени во Прифатно-транзитен центар „Винојуг“-Гевгелија и Прифатниот центар за странци-Гази Баба во Скопје.
Црна хроника
Кој да ја плати сметката-тепачка во скопска кафеана
Синоќа околу 21.45 часот во угостителски објект на подрачјето на Карпош во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода М.Н.(34), С.А.(46) и С.С.(54), тројцата од Скопје и Б.Ј.(34) од Крива Паланка.
Тие се сомничат дека околу 19.40 часот со уште неколку лица, во и пред угостителскиот објект, поради недоразбирање околу плаќање на сметка во објектот, физички ги нападнале В.Р.(45), Ј.Д.(44) и Б.П.(40), сите од Скопје.
Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Скопјанки се степале на паркинг поради недоразбирање во сообраќајот
Вчера околу 08.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг простор на подрачјето на Карпош, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу В.Т.Д.(53) и Х.П.(51), двете од Скопје.
Според полицијата, по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.