Црна хроника
Фатен Битолчанец кој ограбувал куќи, станови и цркви во градот
Вчера во Битола, полицијата го приведе С.Р.(47) од овој град.
Тој бил затекнат при извршување тешка кражба во помошна просторија од куќа на улицата Илинденска, сопственост на С.Т.(27) од Битола.
„Лицето било приведено во полициска станица и во службен разговор признал уште четири кражби извршени во куќи, станови и во параклис на подрачје на Битола“, велат од МВР.
Одземеното ќе биде вратено на сопствениците, а по целосно документирање на случаите против лицето ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
31-годишен велешанец тешко повреден: со возилото излетал од патот
Утрово во 06.15 часот во СВР Велес било пријавено дека на автопатот А-1, делница Велес – Скопје, патничко возило „фолксваген голф“ со велешки регистарски ознаки, управувано од П.К (31) од Велес, излетало од коловозот.
Во несреќата, возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Велес.
За настанот е известен јавен обвинител и по негово овластување, полициски службеници од СВР Велес извршија увид на местото.
Црна хроника
Товарно возило излета од патот во Тетовско: тешко повреден маж од Србија
Во СВР Тетово вчера во 18.30 часот било пријавено дека на автопатот Скопје – Тетово, кај мостот на река Вардар во тетовско Желино, товарно возило „волво“ со српски национални ознаки, управувано од Ж.Ј.(65) од Република Србија, излетало од патот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничка болница Тетово.
По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.
Црна хроника
Мотоцикл удрил во паркирано возило на „Партизанска“
Синоќа во 21.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул. „Партизански одреди“ во Скопје, мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од И.П.(39) од Скопје, удрил во запрено патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, паркирано од В.Л.(23) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, констатирани во приватна болница.
Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.