Спорт
Куп на Македонија – 2024: МЗТ Скопје го победи Работнички, ќе се бори за 12. Куп трофеј

Во првиот полуфинален натпревар од Купот „Благоја Георгиевски – Буштур“ кој се игра во Битола, кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром стигнаа до учество во уште едно големо финале.
За нив, 17. Во 32 годишното постоење на клубот, во кое ќе имаат можност да дојдат и до својата 12. титула во ова натпреварување.
МЗТ Скопје Аеродром – Работнички 81:76
По шест минути од играта, резултатот беше нерешен (16:16). Веќе во наредната дојде и првото водство за Работнички (19:18).
Но крајот на последната од првата четвртина донесе водство на противникот. МЗТ Скопје имаше вишок од четири поени, (26:22).
Во онаа втората, потополно израмнета игра, во која ниту една од двете екипи не реализираше некоја голема предност. „бело-сините“ имаа водство, но не високо, така беше и на истекот на првото полувреме. Бранителот на трофејот имаше позитива од пет поени (43:38).
Танасковиќ беше реализатор на 13 поени за МЗТ Скопје (имашеш и високи шест скока) во првите 20.минути.
Минути од играта во кои „металците“ шутираа со скромни 20% од линијата за три поени (2/10).
Интересно, ист број на реализација, но на другаат страна од игралиштето имаше и Трајс Но „црвено-белите“ имаа осум загубени топки, пет повеќе од големиот ривал, и исто така не баше претерано висок процент на реализација за три поени (2/8 односно 25%).
МЗТ Скопје одлично го отвори второто полувреме. По „два плус еден“ играта на Танасковиќ, аеродромци дојдоа до највисоката предност (55:43), и го натераа Горан Самарџиев, тренерот на Работнички, да побара тајм-аут уште во раната фаза на третиот период од полуфиналето.
МЗТ Скопје имаше двоцифрена позитива и пред самиот крај на третиот период, кога стигна неверојатната тројка на Декоузи за намалување на резултатот (60:67), по три одиграни четвртини.
Во онаа последната, Работнички имаше подобри моменти, во онаа прва „половина“, и се доближи на само „пола кош“ негатива (69:70).
Но екипата која го брани трофејот во националниот Куп, имаше „одговор“ и на тој напад на противникот. Се одвои и на солидни (77:71), а време за ново враќање на Работнички имаше се помалку. Сепак, „предизвикувачот“ најде сили, најде енергија да се доближи уште еднаш на минус еден (76:77). Имаа и напад за водство, но Баковиќ го спречи тој обид, по што капитенот Д. Стојановски положи за (79:76), и остави нецели 45 секунди за конечно решение, кој ќе биде првиот финалист на 32. издание на Купот. Шансата не ја искористи Ѓуроски, казни, со две слободни фрлања Ворку, за место во финалето.
РЕЗУЛТАТИ И РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ КУП „БЛАГОЈА ГЕОРГИЕВСКИ-БУШТУР“ 2024 – БИТОЛА
ЧЕТВРТФИНАЛЕ
МЗТ Скопје Аеродром – Гостивар 91:76
Еуро Никел 2005 – Чаир 2030 87:79
Работнички – ТФТ Моцарт 75:68
Пелистер – Феникс 2010 81:70
ПОЛУФИНАЛЕ
16.ФЕВРУАРИ (ПЕТОК)
МЗТ Скопје Аеродром – Работнички 81:76
19.30: Еуро Никел 2005 – Пелистер
Извор: кфсм.мк
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Киву: Калјари нѐ изненади со промена на тактиката, но најважно е дека победивме

Кристијан Киву призна дека Франческо Пио Еспозито го изненадил со својот прв гол во Серија А за Интер, но изрази загриженост за силата на Калјари при статичните ситуации. „Нероаѕурите“ најдоа баланс помеѓу ротација во составот и концентрација за да го совладаат домашниот тим со 0-2 во натпреварот од петтото коло на шампионатот на Италија.
„Калјари нѐ изненадија малку со промена на тактиката, но нашите принципи останаа исти и резултатот го отворивме рано“, изјави Киву.
Тренерот беше забележан како бурно слави крај линијата по вториот гол, особено затоа што тоа беше прв гол во Серија А за Пио Еспозито.
„Не треба да забораваме дека тој има само 20 години, целата иднина е пред него. Треба само да продолжи да работи на ист начин. Има одлични квалитети, но и голем потенцијал за напредок, па треба да остане со цврсти нозе на земјата. Признавам, ме изненадува колку добро се справува, игра за тимот и знае како да направи одредени работи, не се плаши од ништо, останува смирен пред голот и среќен сум што успеа да го постигне првиот гол. Можеби тоа ќе му помогне да се опушти уште повеќе“, додаде Киву.
Сега Интер треба да се подготви за Лигата на шампиони, откако во вторник ќе ја пречека Славија Прага на „Џузепе Меаца“, по победата над Ајакс со 0-2 како гостин.
Спорт
Брера верува во добра игра и освојување на бодови на Арената

Фудбалерите на АП Брера забележаа две победи на последните три натпревари и забележаа скок на табелата, но сега сакаат да продолжат во ист стил и на гостувањето во Скопје, на дуелот со Работнички. Се чини дека гостувањата засега се „слабата точка“ на струмичани и сакаат тоа да се подобри уште на овој меч со „романтичарите“.
Младиот стратег Мартин Алаѓозовски вели дека тимот е подготвен за надигрување.
„Го респектираме Работнички, мислам дека имаат многу квалитетен состав. Но, и ние сме мотивирани да одиграме добро на Арената во Скопје и да освоиме бодови. Доаѓаме да се надигруваме, имаме тим кој има што да каже на секој натпревар во елитата. Ќе сториме сѐ да освоиме бодови и да продолжиме со позитивен тренд во шампионатот“, вели шефот на стручниот штаб на АП Брера.
Натпреварот меѓу Работнички и АП Брера се игра од 15:00 часот на Националната Арена „Тодор Проески“ во Скопје.
Спорт
Нов викенд, а истото прашање: Дали Манчестер јунајтед ќе го смени Рубен Аморим?

По секој пораз на Манчестер Јунајтед, веднаш се отвора темата за можна смена на менаџерот Рубен Аморим. Веќе се пишуваше за причините за потенцијалниот отказ на Португалецот, а англиските медиуми објавија и листа на можни наследници.
Според информациите, во игра се тројца менаџери, Андони Ираола, Оливер Гласнер и Герет Саутгејт.
Англиските извори велат дека Џим Ретклиф во последните денови бил во директен контакт со Саутгејт, кој е единствениот од листата што во моментов не е ангажиран.
Саутгејт веќе неколку пати беше поврзуван со клупата на Манчестер Јунајтед, дури и кога заминуваше Ерик тен Хаг, но тогаш Аморим беше прва опција. Сега изгледа дека португалскиот стратег нема лесно да го задржи местото, а потребно е ново решение.
Ираола и Гласнер моментално се во силни позиции во своите клубови, нема причина да заминат, ниту пак Борнмут и Кристал Палас ќе ги пуштат по одличниот старт на сезоната.
Тимот на Оливер Гласнер е единствен непоразен од почетокот на новата сезона, а ако се земат предвид и резултатите од минатата сезона, Кристал Палас има серија од дури 18 натпревари без пораз. На сето тоа треба да се додаде и фактот дека Гласнер успеа да ја одржи формата и по заминувањето на неговите две најголеми ѕвезди, Мајкл Олисе во Баерн Минхен минатото лето и Еберечи Езе во Арсенал ова лето.
Ираола исто така постигнува импресивни резултати во Борнмут, иако ова лето го загуби целиот одбранбен ред, Дин Хаусен, Илија Забарњи и Милош Керкез заминаа во Реал Мадрид, ПСЖ и Ливерпул.
Борнмут заработи 200.000.000 евра, но доведе квалитетни замени и продолжи таму каде што застана минатата сезона.
Саутгејт, пак, е познат по работата како селектор, стигна до две финалиња на Европското првенство, но ги загуби и двете. Откако ја напушти репрезентацијата, чека вистинска понуда за да се врати на клупско ниво.