Македонија
Oсмани во Германија: Викендов во конзулатот работиме во две смени за да им помогнеме на граѓаните да добијат пасоши

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на социјалните мрежи објави дека од Минхен допатувал во Бон, посетувајќи ја најпрометната македонска конзуларна единица.
„Тука донесов и дополнителна станица за фотографирање и издавање пасоши, и сега се обидуваме да им помогнеме на граѓаните со два пункта, во две смени и за време на викендот. Се надевам дека оваа реорганизација значително ќе го скрати чекањето“, напиша Османи споделувајќи и фотографии.
Вчера министерот од Минхен изјави дека рокот за чекање се скратува значително.
До граѓаните во странство кои што се враќаат дома со патен лист, порача дека треба да се сигурни дека во Скопје имаат термин или ќе го добијат пасошот во рокот колку што може да останат оти враќањето ќе биде тешко ако немаат пасош. Сепак, рече Османи, најсигиурно е да се фотографираат во конзуларните претставнишва и да го добијат пасошот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Прекинато водоснабдување во дел од Општина Карпош

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на шибер од ф – 80 мм на ул. Руѓер Бошковиќ бр. 15, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците лоцирани на потегот од бул. Осми Септември до раскрсница со ул. Никола Тесла. (општина Карпош).
Македонија
Мицкоски ќе се сретне со Орбан во Будимпешта

Премиерот Христијан Мицкоски в петок ќе присуствува на CPAC конференција во Будимпешта, Република Унгарија, соопшти владината прес-служба.
Мицкоски во рамки на посетата ќе се сретне со унгарскиот премиер, Виктор Орбан.
Македонија
Сојузниците од НАТО треба да трошат по 5 отсто од БДП за одбраната, му рекол Рубио на Муцунски

Државниот секретар на САД, Марко Рубио на средбата со шефот на македонската дипломатија, Тимчо Муцунски, нагласил дека е неопходно сојузниците во НАТО да дадат поддршка и да постигнат 5 отсто издвојување за одбраната, соопшти Стејт Департментот во соопштение по средбата.
Двајцата ја потврдиле силната врска меѓу Соединетите Американски Држави и Северна Македонија и ги истакнале заедничките интереси во однос на регионалната стабилност, економската соработка и НАТО.
Тие разговарале и за можностите за проширување на економската соработка, вклучувајќи ја трговијата и инвестициите.
Муцунски по средбата соопшти дека е потврдено стратешкото партнерство со САД, а нашата држава продолжува да дава активен придонес како кредибилен сојузник, со инвестиции повеќе од 2 отсто од БДП во одбранбениот сектор.