Топ
Дете избодено пред основно училиште во Гази Баба

Малолетник од Скопје бил хоспитализиран во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ со повреди од остар предмет.
Според пријавеното, тој бил повреден од друг малолетник пред основно училиште на подрачјето на Гази Баба, велат од МВР.
Предметот бил пронајден, а со малолетникот бил извршен службен разговор.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Арсовска: „Храбриот“ Меџити наместо да дојде во Чаир заедно со неговата „принцеза на дивоградбите“, промовира туѓи проекти

Изет Меџити наместо да дојде во Чаир, таму каде што е најповикан заедно со неговата „принцеза на дивоградбите“, тој се исмева со граѓаните додека промовира туѓи проекти, вели градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, по промоцијата на електричните автомобили.
Арсовска вели дека проектот за споделување на автомобили е проект започнат во соработка со приватна компанија и претпријатијата на градот Скопје.
„’Храбриот’ Меџити никаде го нема да се соочи на терен со мене за дивоградбите кои тој и Висар Ганиу со години спротивно на закон ги граделе и легализирале во Чаир, со фалсификување на документи и одобренија за тие дивоградби“, вели Арсовска.
Срам за Македонија и оваа влада, додава таа, се Изет Меџити и Висар Ганиу.
„Замислете, човек кој стои позади стотици дивоградби, ставил во ризик илјадници граѓани, фалсификувал документи со својот измеќар, сега е вицепремиер и промовира туѓи проекти пред медиумите и граѓаните“, вели Арсовска.
Македонија
Припадниците на „Беланоца- Барон“ се гонат за убиства, палење на автомобили на службеници од „Идризово“, изнуда на пари од фирми

Обвинителството поднесе обвинение против девет припадници на организираната криминална група „Беланоца- Барон“ за повеќе тешки кривични дела извршени во период од 2020 до 2024 година.
Од Обвинителството информираа дека во текот на 2020 година, тројцата првообвинети создале организирана криминална група со цел извршување на сериозни кривични дела – пред сè убиства и други насилни дејствија. Организаторите на групата носеле одлуки и давале конкретни насоки за цели, локации и начин на ликвидација на лица претежно од спротивставената криминална група.
Дејствувале со јасна поделба на улоги, а плановите биле спроведувани од други членови – обвинети, починати или недостапни на органите на прогонот, а дел неидентификувани лица.
Според прибраните докази дел од обвинетите се поврзани со следните убиства извршени по налог и организација на групата:
– Убиство на Ибраим Ајдини во август 2020 година:
Првообвинетиот во име на радикалното движење понудил и платил 10.000 евра за убиството, мотивиран од сомнение дека жртвата соработувала со институциите во предметот „Монструм“. Жртвата била застрелана во својот дом, со истрел во главата. Извршителите ги отстраниле доказите и побегнале.
– Убиството на Џелал Ибраими – јануари 2023:
Организирано од групата како одмазда за лична навреда кон првообвинетиот. Убиството е извршено во домот на жртвата, со повеќе истрели. Исплатени се 20.000 евра на учесник во нападот.
– Двојно убиство на Јетон Кривањева и Енес Исеинов – март 2023:
Извршено како одмазда за претходни убиства. Првообвинетиот обезбедил 250.000 евра и конкретни насоки. Нападот бил особено суров, извршен во деловен објект, со пукање од непосредна близина. Напаѓачите потоа го запалиле возилото и добиле логистичка поддршка за бегство.
– Убиството на Орхан Бајрами (Оки) – јули 2023:
Извршено во Грција, во луксузен ресорт. Жртвата била следена преку легални и илегални премини. Нападот бил извршен од двајца маскирани напаѓачи кои испукале 19 куршуми, нанесувајќи три смртоносни рани на жртвата и тешко ранувајќи друго лице.
Во 2021 година, шестообвинетиот со двајца осомничени формирале нова криминална група, фокусирана на убиства од одмазда и ликвидација на членови од други криминални структури и тоа:
– Убиство на Камер Идризи (Бундес) – мај 2021:
Извршено од шестообвинетиот и други лица, со 57 испукани куршуми. Жртвата била цел на одмазда за смртта на роднина на еден од организаторите.
– Убиство на Абдуљ Бастри Ибраимовски – јули 2024:
Извршено поради нарушени односи и претходни конфликти. Во нападот биле користени автоматски пушки. Жртвата починала, а другото лице било тешко рането, а подоцна починало.
– Убиство на Ибраим Исмаили Абиц:
Извршено во Сингелиќ од првообвинетиот, неговиот брат и осмообвинетиот. Биле испукани 65 куршуми.
Нарачатели или извршители на пожари на возила на службени лица од „Идризово“ и членови на нивни семејства
Дополнително во обвинителниот акт се содржани дејствија во кои дел од обвинетите како нарачатели или извршители предизвикале пожари на возила на службени лица од КПУ Идризово и членови на нивни семејства, со цел спречување службени дејствија, а дел од обвинетите организирано вршеле изнуда на пари од фирми, со закани, физички напади и опожарување на објекти.
Рачни гранати, ТНТ експлозиви
На 20.12.2024 година, при претреси на имот поврзан со првообвинетиот, биле пронајдени рачни гранати, ТНТ експлозив, полуавтоматска пушка и чаури од муниција.
Врз основа на опишаните дејствија седум лица се обвинети за сторено кривично дело Злосторничко здружување, и повеќе убиства како соучесници, поттикнувачи или извршители, од нив четири лица сториле и кривични дела Изнуда, а петмина и кривично дело Тешки дела против општата сигурност. Едно лице е обвинето за сторено кривично дело Убиство, а едно за кривично дело Изнуда. На првоосомничениот му се става на товар и кривично дело Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје.
Имајќи ги предвид околностите предметниот јавен обвинител побара продолжување на претходно изречените мерки и одземање на одземените предмети што потекнуваат од кривично дело..
Македонија
„Ер тракторите“ се на сервис, недостигаат пилоти и опрема – Ангелов верува дека ќе се справи со слабостите во ДЗС

Новоназначениот директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, пред новинарите зборуваше за агонијата со којашто се соочува оваа институција во изминатите години, а покрај недостигот на пилоти и нефункционаноста на Ер тракторите, образложи дека се уште нема доволно потпишани договори со тимовите за брз одговор вклучително и со тимовите за гасење на пожар на отворен простор. Постои и недостиг на опрема, обука, физичка подготвеност, инспектори, но и сомнежи за исправноста на дозволите кои се издаваат од страна на Дирекцијата.
„Во моментов трите „ер трактори“ се на сервис, но кон почетокот на летото очекувам да бидат подготвени за гасење пожари“, рече Ангелов по преземањето на новата функција.
Тој верува дека заедно со оние кои ќе покажат амбиција, ќе ги надминат слабостите за побрзо ставање на ДЗС во полна функција.
Ангелов се осврна и на најавата за спојување на ДЗС и ЦУК во една институција. Како директор на ДЗС, вели, ќе може детално одвнатре да ја разгледа институцијата и внимателно да го проучи човечкиот и техничкиот потенцијал, дополнително да ги детектира и многубројните недостатоци за да бидат целосно отстранети во новата институција, на чие формирање се работи.
Прашан зошто досега се чекало за спојување на ДЗС и ЦУК во една, Ангелов рече дека системот на менаџирање со кризи е обемен и дека опфаќа повеќе институции и закони.
Ангелов, претходно му ја предаде функцијата директор на ЦУК на Мухамед Аљи, кој пак, доаѓа од Дирекцијата за заштита и спасување.