Спорт
(Видео) Лилард и Мекланг ги одбранија титулите

Кошаркарот на Милвоки Бакс, Демијан Лилард, победи на натпреварот во брзо шутирање тројки на Ол-стар натпреварот во Индијанаполис.
Лилард на тој начин ја одбрани титулата освоена минатата година во Солт Лејк Сити.
Во драматично финале, со последноот шут тој успеа да го победи Тре Јанг од Атланта Хокс. Лилард стана првиот играч кој го освоил ова натпреварување две години по ред, по Џејсон Капоне во 2007 и 2008 година.
Во последната рунда учествуваа и победникот од 2022 година, Карл-Ентони Таунс.
Лилард во последната серија постигна 26 поени, два повеќе од Јанг.
Мек Мекланг ја одбрани титулата во забивањата на Ол-стар.
Мекланг стана првиот играч по Зак Левин (2015, 2016) кој го сторил тоа.
Доби максимални 50 поени во последното забивање кое го направи над легендарниот Шекил О’Нил.
Вицешампион беше Џејлен Браун, која во последната рунда го облече дресот на Теренс Кларк, 19-годишник роден во Бостон кој пред три месеци загина во сообраќајна несреќа.пред драфтот во 2021 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Одложени кошаркарски натпревари поради локалните избори

Сите кошаркарски натпревари во младинска и сениорска конкуренција закажани од 14 до 19 октомври се одложуваат поради претстојните локални избори во Македонија.
Министерството за внатрешни работи (МВР) извести дека полициските службеници ќе бидат целосно ангажирани за обезбедување на изборниот процес.
Натпреварите ќе се одржат во нови термини од 20 до 22 октомври. Доколку клубовите се договорат, мечот може да биде одигран и по овие датуми, но само со писмена согласност и најдоцна до почетокот на следното коло (25–26 октомври).
Спорт
Позната е каква е состојбата со Мбапе

Килијан Мбапе мораше да го напушти теренот во финишот на Франција – Азербејџан поради болка во зглобот, но лекарите потврдија дека нема причина за загриженост.
Првиот стрелец на Реал Мадрид веќе имал слични тегоби, како на дуелот со Виљареал, но тоа не го спречи да постигне гол. Французинот ќе биде подготвен за следниот натпревар, а пред повредата го отвори резултатот за својата репрезентација.
Спорт
Енигматична објава на Модриќ покажува каков мајстор е надвор од теренот

По ремито во Прага против Чешка (0:0), Хрватска е сè уште во одлична ситуација и се приближува до пласман на Светското првенство. На Хрватите им се потребни две победи во преостанатите три натпревари, а првиот треба да го добијат утре против слабиот Гибралтар.
Секако, на овој дуел не се очекува ништо друго освен победа на Хрватска, а капитенот Лука Модриќ тоа на некој начин го најави.
Фудбалерот од средниот ред на Милан верува дека тоа е можност да ги мотивира своите соиграчи, па објави интересна порака на социјалните мрежи.
„Еден чекор поблиску до нашата цел! Пред сè Хрватска!“, напиша Лука Модриќ, кој го одигра својот 191-ви натпревар против Чешка во дресот на Хрватска.
Иако има 40 години, Модриќ сè уште игра фантастично и сите уживаат во неговите настапи, а се чини дека е сè уште гладен за победи, мотивиран како на самиот почеток од кариерата, додека својата енергија им ја пренесува на своите соиграчи поради што Хрватска е на самиот врв на светските фудбалски сили.
о шоу.