Македонија
Со СДС пукање на улиците беше секојдневие, убиства што останаа неразјаснети, насилство и безредие, велат од ВМРО-ДПМНЕ

За разлика од СДС, кои кријат инциденти, ВМРО-ДПМНЕ нема селективност, законите важат за сите, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Кога обезбедувањето на Заев тепаше луѓе, Спасовски го криеше инцидентот и се замолчуваа медиуми да не известуваат за настанот, наспроти тоа, сега има постапка и брза реакција. Во време на СДС синот на заменик министерот во МВР, Буши, со приватно возило дивееше со флешери низ Скопје, како да се работи за полициско возило со предимство во минување, СДС со сите сили го криеше настанот. Кога командир на полиција во Ропотово пукаше со автоматско оружје од тераса, СДС молчеше, а потребен беше притисокот на ВМРО-ДПМНЕ и јавноста за да има реакција“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Според нив стотици килограми марихуана се украдени од фабриките за марихуана, и нема одговорност.
„Со СДС пукање по улици беше секојдневие, убиства кои останаа неразјаснети, насилство и безредие, СДС е партија чие второ име е криминал. Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме“, завршуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Ѓорѓиевски: По 30 години, Пеленица конечно добива современ пристапен пат

Интензивно се работи на реконструкцијата на патот кој води кон Пеленица – една од фреквентните, но со децении запоставувани патни делници во овој дел на Скопје. По речиси три децении чекање, овој потег конечно ќе добие безбеден, функционален и достоен сообраќаен пристап за жителите на Кисела Вода, Драчево и околните населени места, информира градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.
Изградбата се одвива на потегот од „Јустинијан Први“ до границата со Општина Студеничани, на делница долга 3.370 метри. Патот се проширува на ширина од околу 6 метри, а за првпат се воведува и тротоар од едната страна, што досега никогаш не постоел на оваа рута.
Покрај асфалтирањето, се поставуваат цевки за третирање на атмосферските води, како и каналетки за нивно безбедно одведување, со што, според Ѓорѓиевски, се решава еден од клучните проблеми – поплавувањето на патот при врнежи.
Македонија
(Видео) СДСМ: Дали парите за рекет од „Пулс“ завршувале кај ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски?

СДСМ на прес-конференција побара од ВМРО-ДПМНЕ да одговори дали парите за рекет од дискотеката „Пулс“ завршувале кај владејачката партија и нејзиниот лидер, Христијан Мицкоски.
„Поминаа 24 часа од објавата на скандалот кој ја тресе јавноста, а од ВМРО-ДПМНЕ – молк. Ниту збор, ниту објаснување, ниту демант. Зошто молчите, господине Мицкоски?“, праша Симона Цветаноски, членка на Извршниот одбор на СДСМ.
Опозициската партија вчера сподели информации дека фирмата „Салтировски Консалтинг“, сопственост на сопругата на началникот на СВР Штип е долгогодишен донатор на ВМРО-ДПМНЕ. Истата таа фирма, според нивните сознанија, можеби водела фиктивно сметководство за фирмите поврзани со дискотеката „Пулс“. Постои сериозен сомнеж, велат од СДСМ, дека преку неа биле исплаќани паушали за полициска заштита на локалите кои биле оставени без контрола, меѓу кои и „Пулс“ – каде животот го загубија 62 деца.
Македонија
Мицкоски: Се реконструираат 15, а се градат 11 детски градинки за над 2.600 деца

Премиерот, Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дека еден од најголемите проблеми е сместувањето и капацитетите на градинките и што Владата презема на тој план, изјави:
„Тоа беше еден од основните проекти коишто почнавме да го работиме уште од самиот почеток, уште практично, после големата победа на локалните избори во 2021 година, е кога си земавме за цел дека онаму каде што има листи на чекање, да нема повеќе листи на чекање. Тоа најчесто беше пример во Скопје и во неколку поголеми урбани средини и чекор по чекор тој процес се завршуваше. Она што можам да го кажам е дека во моментот околу 15 објекта се адаптираат, реконструираат, модернизираат, коишто би прифатиле околу 1.500 деца, мислам дека 1.461 точно, е капацитетот“, рече Мицкоски.
Додаде дека уште 11 се нови објекти коишто се градат за негде околу 1.100 дечиња.
„Кога сето ова ќе се затвори, листите на чекање мислам дека ќе бидат веќе минато или би биле многу мали или незначителни“, рече Мицкоски.