Спорт
Де Јонг: Лут сум, објавени се многу лаги
Фудбалерот на Барселона и репрезентативец на Холандија, Френки де Јонг демантираше дека сака да го напушти клуботна крајот на сезоната. Некои британски и шпански медиуми неодамна објавија дека за холандскиот фудбалер се заинтересирани Манчестер јунајтед, Челзи и Пари Сен Жермен.
„Лут сум, бидејќи медиумите објавија многу информации, кои не се точни. Беа објавени многу лаги, вистината е далеку од реалноста. Информациите за мојата плата не се точни. Многу сум среќен во Барселона, тоа е клубот од моите соништа. Се надевам дека ќе играм уште многу години за овој клуб“, рече Де Јонг во Неапол пред првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите против Наполи.
Де Јонг (26) пристигна во Барселона во 2019 година од Ајакс. Тој има договор со каталонскиот клуб до јуни 2026 година.
Холандскиот репрезентативец оваа сезона за каталонскиот клуб одигра 24 натпревари во сите натпреварувања и постигна еден гол.
Фудбалерите на Барселона вечерва од 21 часот гостуваат кај Наполи во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Џоан Пењароја е новиот тренер на Партизан
Кошаркарскиот клуб Партизан официјално објави дека Џоан Пењароја е новиот тренер на клубот.
Пењароја, кој ја започна оваа сезона како тренер на Барселона и доби отказ поради лошите резултати, пристигна во Белград во понеделник вечерта, а во текот на денот ќе им биде претставен на новинарите и официјално ќе ја преземе функцијата шеф на тренерскиот штаб на црно-белиот тим.
Шпанскиот тренер, роден на 20 април 1969 година, досега ги водеше екипите на Барселона, Басконија, Валенсија, Манреза, Бургос и Андора.
Со тимот на Бургос, Пењароја двапати ја освои Лигата на шампионите на ФИБА (2020 и 2021 година), како и Интерконтиненталниот куп на ФИБА. Ова му се единствените трофеи во тренерската кариера.
Следниот натпревар, Партизан, ќе го игра во петок, 26 декември против Макаби во Белгр
Foto/ freerangestock
Спорт
600 дена по неговиот последен настап Ориги како слободен играч го напушта Милан
Дивок Ориги (30) го раскина договорот со Милан и е достапен како слободен агент од 1 јануари и почетокот на зимскиот преоден рок. Белгискиот напаѓач е во Милан од 2022 година, но одигра само 36 натпревари и постигна два гола. Од минатата година е член на резервниот тим на Милан Футуро, кој игра во четвртата лига.
Дивок Ориги го напушти Милан откако поминаа повеќе од 600 дена од неговиот последен официјален натпревар. Својот последен гол го постигна во февруари 2024 година за Нотингем, каде што беше на позајмица.
Ориги потона и на „Трансфермаркт“, неговата вредност сега се проценува на само 500.000 евра.
Ороги се проби во Лил, од каде што се пресели во Ливерпул во 2014 година. Таму, во 2019 година, како резервен напаѓач, стана неочекуван херој на кампањата за Лигата на шампионите.
Тој постигна два гола против Барселона за да го надомести дефицитот од три гола во полуфиналето, а потоа ја обезбеди титулата за „црвените“ со гол против Тотенхем во финалето.
Тој остави свој белег и во белгиската репрезентација. На Светското првенство во 2014 година, тој постигна гол како 19-годишник, со што стана најмладиот стрелец на националниот тим во историјата на Светските првенства.
Foto/ depositphotos
Спорт
(Видео) Салах спречи сензација против 129-та репрезентација во светот
Мохамед Салах го спаси Египет во нивниот прв натпревар од Африканскиот куп на нации. Ѕвездата на Ливерпул постигна гол во судиското продолжение за победа 2:1 против Зимбабве.
Египет беше голем фаворит, но во 20-та минута Принс Дубе ја шокираше најуспешната африканска земја во историјата на ова натпреварување.
PRINCE DUBE 🇿🇼
19’ | ⚽️Egypt 🇪🇬 0-1 🇿🇼 Zimbabwe#EGYZIM | #CAN2025 pic.twitter.com/Ym9AturYrm
— AfroBallers (@afroballers) December 22, 2025
Зимбабве водеше со 1:0 до 64-та минута, кога асот на Манчестер Сити, Омар Мармуш израмни, а Египет се спаси од срам кога Салах постигна гол во 91-та минута за победа резултат 2:1 против 129-та репрезентација во светот.
Marmoush 🔥
WHAT A GOAL! ⚽️
— City Chief (@City_Chief) December 22, 2025
MOHAMED SALAH 🇪🇬
90 + 1’ | ⚽️Égypte 🇪🇬 2-1 🇿🇼 Zimbabwe#AfroBallers #EGYZIM | #CAN2025 pic.twitter.com/HvXh66Hm5F
— AfroBallers (@afroballers) December 22, 2025
Евентуалната осма титула во Африканското првенство дополнително би го зацврстила Египет на врвот на листата на рекорди, а за Мохамед Салах тоа би бил првиот таков трофеј во неговата кариера.
Foto/ depositphotos

