Црна хроника
Пронајден мртов маж во автомобил со прострелна рана во главата

Во четвртокот вечерта полициски службеници забележале автомобил крај патот Гостивар – Кичево, а внатре нашле мртов маж со рана во главата и пиштол до него.
Имено, во четвртокот околу 20.15 часот на магистралниот пат Гостивар – Кичево, кај месноста Сеферов бунар, полициски службеници забележале паркиран автомобил марка „шкода фелиција“ со охридски регистарски ознаки, а до возилото бил пронајден починат М.З. (63) од село Трапчин Дол, кичевско, со прострелна рана во пределот на главата нанаесена од огнено оружје. Покрај него бил пронајден и пиштол.Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Кичево. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е дадено за обдукција./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.