Македонија
Ковачевски: Дојде време кога Универзалната сала им се враќа на скопјани, кога владееше ВМРО-ДПМНЕ, беше оставена на забот на времето
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски денеска ја посети Универзалната сала, каде што се разговараше за процесот кој беше почнат пред неколку месеци кога Министерството за култура со Договор ги презема правата за реконструкција и адаптација на салата од Град Скопје.
„Драго ми е што навистина после долги преговори и разговори, конечно дојде времето кога овој култен објект, Универзалната сала – Скопје, се враќа на Скопје и на Скопјани. Тука сме да најавиме дека она што беше отпочнато како процес пред повеќе месеци кога Градот Скопје одлучи да го предаде објектот на Министерството за култура со цел да се направи целосна реконструкција, наскоро ќе добие и конкретен епилог. Конечно, го враќаме симболот на модерено Скопје, на солидарно Скопје. Генерации скопјани израснале со настаните во Универзалната сала и уште генерации и генерации ќе уживаат во годините кои доаѓаат во настаните кои тука ќе се организираат“, рече Ковачевски.
Реконструкцијата, како што најави, ќе се одвива во две фази и се очекува да биде завршена до 2026 година кога објектот треба да е подготвен за настани и да ги прими своите први посетители. Според договорот, Министерство за култура откако ќе ја финализира градбата, ќе го предаде објектот на Град Скопје со целокупната пропратна документација во однос на изведувањето. Потоа сите права и обврски кои произлегуваат од сопственоста на салата ќе бидат предадени исто така на Градот Скопје.
„Со години во периодот на ВМРО ДПМНЕ, Универзалната сала беше оставена на забот на времето, практично беше уништена и од внатре и од надвор. Градоначалникот на Скопје од редовите на СДСМ, Петре Шилегов во неговиот мандат ја започна реконструкцијата, за потоа со промена на локалната власт и доаѓањето на власт на ВМРО – ДПМНЕ и нивниот градоначалник, предлог за градоначалник Арсовска, повторно беше оставена на заборавот и нејзината реконструкција беше прекината. Цела година работите стоеја во место на што сите можеа да бидат сведоци овде.
Владата предводена од СДСМ, во мојот мандат, донесе одлука за одземање на ингеренциите над Универзална од Градот Скопје и истите ги префрли на Министерството за култура, со што министерката за култура, Костадиновска-Стојчевска имаше веќе овластување да го потпише договорот со Градот Скопје за продолжување на реконструкцијата на Универзална сала. И министерката и службите во министерството во рекорден рок ги завршија сите процедури, и еве сме денес тука, на чекор од овој долгогодишен сон на Скопјани. Исто така, сакам да изразам благодарност и до министерката се разбира и до нејзините колеги, за вложениот труд кој го направија во текот на изминатата година со цел овој процес на реконструкција да може повторно да отпочне, односно да продолжи“, посочи тој.
Додаде дека со нетрпение го чека денот кога повторно ќе се отворат вратите на Универзалната сала и ќе се ужива во културно-уметничките настани во оваа сала.
„Граѓаните тоа навистина го заслужуваат. Им посакувам успех на изведувачите, на надзорот, на сите кои ќе бидат вклучени, на раководството на Министерството за култура и на Универзалната сала. Се надевам дека ќе имаат добра соработка со Градот Скопје во делот на обезбедување на сите услови за непречена работа и градба. Во 2026 година се гледаме сите на првиот настан кој ќе биде тука организиран во комплетно реконструираната Универзална сала“, истакна Ковачевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Законот за високо образование нема да биде повлечен, јавнaта расправа продолжува
Министерката за образование и наука Весна Јаневска на пленарна седница изјави дека нема да го повлече нацрт-законот за високо образование.
Таа посочи дека во моментов се одржуваат јавни расправи на сите универзитети и дека нацрт-текстот е објавен на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР), каде што сите засегнати страни можат да достават коментари.
На прашање од пратеничката од СДСМ, Бисера Костадиновска-Стојчевска, која изнесе забелешки, Јаневска одговори дека законот е „за добробит на сите“ и дека реакциите не можат да се генерализираат.
Според министерката, предлог-законот е усогласен со европски и светски стандарди и предвидува подобрување на студентските права, двегодишен мандат за универзитетските тела, можности за ангажман на демонстратори и вработување на студенти на проекти, како и поддршка за најдобрите студенти.
Јаневска нагласи дека членот 13 се однесува на заштита на автономијата на универзитетите и дека во изработката на текстот учествувале над 60 професори.
Македонија
Гаши во Стејт департментот: Верската хармонија во земјава како модел за општеството
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со Мајкл Дозлер, раководител на Одделот за европски и евроазиски прашања во Канцеларијата за меѓународни верски слободи, како и со други претставници во Стејт департментот на САД.
За време на средбата, претседателот Гаши нагласи дека нашата земја ужива верска хармонија, која треба да служи како модел за унапредување на другите општествени односи. Беше дискутирано за важноста на толеранцијата и негувањето на верските вредности, а воедно и зачувувањето на секуларниот карактер на државата.
Дозлер изрази благодарност за моделот на хармонија што постои во земјата и нагласи понатамошна поддршка за иницијативите што промовираат мир и соработка.
Меѓу другото, беа дискутирани и искуствата и средбите одржани за време на последната посета на претседателот во Вашингтон (февруари 2026 година), каде што Гаши изрази благодарност за меѓудржавната соработка и партнерство.
Македонија
Гоце Наумовски стана нов уставен судија
Собранието со 63 гласа „за“, седум „против“ и без воздржани го избра професорот Гоце Наумовски за нов уставен судија, по што тој даде свечена изјава дека функцијата ќе ја извршува совесно, одговорно и во согласност со Уставот и законите.
Наумовски е редовен професор по римско право на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ – Скопје.
Доаѓа на местото на судијката Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, која во декември поднесе оставка од функцијата судија на Уставниот суд, поради здравствени и лични причини.

