Спорт
Роналдињо влегува во турското реално шоу

Легендарниот Бразилец Роналдињо (43) според многумина е можеби најатрактивниот фудбалер кој некогаш стапнал на теренот, а својот врв го доживеа во Барселона, со која ги освои сите најголеми тимски и индивидуални награди и играше на највисоко ниво неколку сезони.
Роналдињо додека беше активен фудбалер често беше присутен во жолтиот печат. Откако се пензионираше заврши во затвор во Парагвај поради фалсификуван пасош.
За да го финансира својот животен стил учествувал во секакви проекти, а сега ќе стане привремен дел од турската верзија на популарното реално шоу „Преживеан“.
Водителот на емисијата ги собра учесниците на шоуто и најави дека наскоро ќе им се придружи фудбалска ѕвезда и ги замоли да погодат за кого станува збор.
Секако, наведоа турски фудбалери како Емре Белезоглу, а потоа водителот Ацун Иликали ги шокираше сите кога откри дека се работи за легендарен Бразилец.
Роналдињо треба да игра тенис со нога со конкурентите, но останува да се види дали тој навистина ќе го исполни тој договор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Убедлив пораз на Тиквеш кај Бешикташ, пред елиминација е од ЕХФ Европскиот куп

Ракометарите на Тиквеш доживеаја убедлив пораз на гостувањето кај турскиот шампион Бешикташ со 31–20 во првиот натпревар од второто коло во ЕХФ Европскиот куп, со што речиси ги загубија шансите за пласман понатаму.
Кавадарчани отворија добро и поведоа со 2–1 по само три минути игра, но потоа целосно застанаа. До крајот на полувремето успеаја да постигнат само уште еден погодок. Хрватскиот голман Матеј Ашанин блескаше на голот на Бешикташ и покажа зошто своевремено Лино Червар го сметаше за еден од најперспективните млади голмани.
Ниту еден удар на Тиквеш не можеше да мине покрај Ашанин, кој имаше дури 70% успешност во првото полувреме. Во меѓувреме, домашните ракометари лесно ја полнеа мрежата на гостите и на паузата имаа водство од 16–3.
Во вториот дел Бешикташ рутински ја контролираше играта и само ја зголемуваше предноста. Тиквеш успеа малку да го поправи впечатокот, но разликата не падна под десет погодоци.
Со овој резултат, реваншот следната сабота во Кавадарци ќе биде само формалност, а македонскиот претставник ќе може да се фокусира на настапите во Супер машката лига.
Најдобри стрелци кај Бешикташ беа Ханиоглу со осум и Бабачан со пет погодоци, додека Ашанин запиша 12 одбрани. Кај Тиквеш се истакнаа Коцев со пет и Христоски со четири гола.
Спорт
Србија – Албанија: Натпревар со висок ризик и големо значење во квалификациите

Дуелот меѓу Србија и Албанија во Лесковац е најважниот натпревар во Групата К за второто место во квалификациите за Светското првенство. Србија ќе се обиде да ја потврди доминацијата и да обезбеди директен пат во баражот, додека Албанија мора да триумфира за да остане во игра.
Натпреварот е прогласен за со висок безбедносен ризик, а билетите не се во продажба. Албанските навивачи нема да можат да присуствуваат, а Србија веќе има намален капацитет на стадионот по претходни инциденти.
Судискиот тим е од Романија, со четврти судија и VAR поддршка. Натпреварот се очекува да биде напнат и тактички, со многу емоции и голема мотивација на двете страни.
Квалификации за Светското првенство – сабота:
Србија – Албанија 20:45, Латвија – Андора 15:00, Унгарија – Ерменија 18:00, Норвешка – Израел 18:00, Бугарија – Турција 20:45, Естонија – Италија 20:45, Португалија – Република Ирска 20:45, Шпанија – Грузија 20:45
Спорт
Што и треба на Македонија за пласман на Светскто фудбалско првенство

Македонската фудбалска репрезентација одигра херојски во Гент и ремизираше против Белгија (0-0), задржувајќи го првото место во квалификациската група Ј. „Црвено-жолтите“ одиграа организирано и борбено, посебно во одбраната, и го спречија фаворитот да постигне гол.
По шест кола, Македонија има 12 бодови – еден повеќе од Белгија и два пред Велс, кои имаат натпревар помалку. Клучниот дуел за расплетот ќе биде меѓусебниот меч на Велс. Победа на Велс би бил најповолен исход за Македонија, која потоа со победи против Казахстан и Велс би обезбедила директен пласман на Мундијалот.
Следен натпревар: Македонија – Казахстан во Скопје (20:45 ч.), а потоа големото гостување во Велс на 18 ноември.