Црна хроника
Внимавајте каде ги оставате картичките додека вежбате во теретана
Полицијата обзнани случај со крадење на туѓи податоци во теретана.
Осомниечен е 17-годишник од Кавадарци за оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем.
„На 22 јануари пријавениот во теретана во Кавадарци ја фотографирал дебитната картица на Т.Т.(31), при што извршил повеќе трансакции и се стекнал со противправна имотна корист од околу 4.739 денари“, објави МВР.
Два вакви случаи беа расчистени минатата недела, исто на територијата на Кавадарци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Пијан возач со 3,15 промили удрил во објект во Велес, па побегнал
На 24.01.2026 во 20:38 часот во СВР Велес е пријавено дека околу 20:30 часот на ул. „Партизанска“ во Велес, патничко возило „мазда“ со неготински регистарски ознаки, управувано од Ј.С.(38) од Неготино, изгубил контрола и удрил во објект, при што го напуштил местото на настанот.
Подоцна на ул. „4 јули“ во Велес, возилото и Ј.С. се пронајдени и по извршени проверки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 3,15 промили алкохол во крвта, по што Ј.С. бил лишен од слобода.
Црна хроника
Откриена марихуана во автомобил на кумановец
Скопското обвинителство побара притвор за кумановецот во чиј автомобил беше пронајдена марихуана, соопшти денеска ЈОРСМ. Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице од Куманово, бидејќи постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.
– Во автомобил со кој управувал осомничениот во Скопје полицијата пронашла околу пет килограми марихуана, спакувана во вакумирани најлонски ќеси ставени во куфер во багажникот, соопшти денеска ЈОРСМ.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.
Црна хроника
Татко ја претепал 16-годишната ќерка во семејниот дом
Полициски службеници од СВР Штип го привеле Т.Ј. (44) од Кочани, по претходна пријава дека физички ја нападнал својата 16-годишна ќерка, соопштија од полицијата.
Според пријавата, на 5 јануари 2026 година, во семејниот дом, Т.Ј. со употреба на тврд предмет ја нападнал неговата ќерка и ѝ го одзел мобилниот телефон.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

