Македонија
Ковачевски покажува дека ниту има демократски капацитет ниту има култура и елементарно воспитание, велат од ВМРО-ДПМНЕ
																								
												
												
											Димитар Ковачевски покажува дека ниту има демократски капацитет, ниту има култура и елементарно воспитание, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Без никаков повод, само затоа што некои медиуми ја критикуваа неговата влада за криминали или за неспособност или пак објавуваа релевантни анкети на кои губи неговата СДС, тој почна да ги напаѓа, да навредува, етикетира и да се заканува на тие медиуми. Тој за медиумите употреби изрази како “ќе квицкаат по подруми“ или дека “евтино се продаваат“ што освен што е навредливо истовремено е и закана по тие медиуми и по слободата на говор“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Според нив, Ковачевски толку е исфрустриран и полн со омраза, што не знае ниту пристојно да се извини.
„Впрочем исто вака лицемерно и иронично се извинуваше и пред една година кога идентично етикетираше и навредуваше медиуми и се мешаше во нивната уредувачка политика. „Во државата има медиум, чија што уредувачка политика повеќе наликува на уредувачка политика на компанија која што тргува со енергенси, а има и медиум чија што уредувачка политика повеќе личи на уредувачка политика на партиски сектор за комуникација“- рече Ковачевски во јануари 2023 година, па потоа се извини со половина уста, за сега уште посилно да удри по медиумите проширувајќи ја листата со нови. Очигледно е дека Ковачевски е лицемер. Очигледно е дека кога се извинува, всушност тоа не е искрено туку уште повеќе се полни со омраза. Јавноста и медиумите ги предупредуваме дека како што ќе ближи изборната катастрофа на Ковачевски така неговата нервоза и непристојноста ќе растат. Но колку повеќе навредува толку повеќе ќе тоне и толку казната од народот ќе му биде поголема“, завршуваат од ВМРО-ДПМНЕ
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
																	
																															Македонија
Без струја делови од Сопиште, Петровец и Гази Баба
														Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од дел од с.Долно Соње.(Општина Сопиште)
· од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од с. Горно, Средно и Долно Коњари. (Општина Петровец)
· од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од с. Чифлик. (Општина Сопиште)
· од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од с. Катлановска Сушица. (Општина Петровец)
· од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Вера Вучкова Жежељ, во нас. Хиподром. (Општина Гази Баба)
Македонија
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
														Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено претпладне. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.
Во Скопје, променливо облачно претпладне со повремен слаб дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Во среда и четврток ќе преовладува претежно стабилно време, а нови локални врнежи од дожд повторно се очекуваат во петок и во деновите од викендот.
Македонија
Во Битола по 67 пат одржана традиционалната Ноќна атлетска трка
														Во рамките на одбележувањето на 4 Ноември, денот на ослободувањето на Битола, на Широк Сокак се одржа традиционалната Ноќна атлетска трка, во организација на Сојузот на спортови на Битола, со поддршка на Општина Битола.
Оваа манифестација, која се одржува по 67-ми пат е најстарата спортска манифестација во Битола. Годинава учествуаа над 700 учесници, основци, средношколци, студенти, граѓани и ветерани. Натпреварите се одвиваа во 24 категории, во машка и женска конкуренција.
Дел од наградите на најдобрите натпреварувачи им додели градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, кој истакна дека манифестацијата претставува симбол на спортскиот дух и заедништвото на битолчани.
„Горд сум што во очи денот на ослободувањето на Битола можеме да ја прославиме спортската традиција на нашиот град. Ноќната трка е симбол на упорност, младост и љубов кон Битола. На сите учесници им честитам на храброста и ентузијазмот, а на победниците им посакувам уште многу успеси,“ рече Коњановски.

