Свет
(Видео) Пукање на автопат во Израел, вооружени цивили им возвратија на терористите
Израелската полиција соопшти дека еден Израелец е убиен, а осум се ранети, од кои тројца потешко, во пукотница на автопатот 1 кај Мале Адумим во централниот дел на земјата.
„Вооружени цивили убиле тројца терористи на самото место“, соопшти полицијата.
Jerusalem Post јавува дека според првичните информации терористите го искористиле сообраќајниот метеж на автопатот.
🚨🇮🇱 HIGHWAY SHOOTING IN ISREAL
There has been a shooting incident on Highway 1 near the Ma’ale Adumim interchange in Israel.
At least 8 were injured in the attack, 3 of them in critical condition (under CPR), 2 more in moderate condition.
The shooter has been killed.… pic.twitter.com/krnlvwymAR
— Qingen Xu (@QingenXu) February 22, 2024
Тие излегле од возилото и почнале да пукаат во луѓето што седеле во нивните автомобили.
Се наведува дека двајца терористи биле застрелани и неутрализирани, а третиот, кој се обидел да побегне, потоа бил лоциран.
Од брзата помош соопштија дека меѓу повредените има две жени на возраст од 23 и 30 години, како и еден 23-годишен маж, кој е во критична состојба, а двајца мажи се во средно тешка состојба.
„На повеќе локации имало ранети“, соопштија од итната помош.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Харис: Убиството на Синвар нуди шанса да се стави крај на војната во Појасот Газа
Американскиот потпретседател и кандидат на демократите Камала Харис изјави денеска, по убиството на лидерот на Хамас, Јахја Синвар, дека овој момент нуди шанса да се стави крај на војната во Појасот Газа.
„Правдата е задоволена. Синвар е одговорен за убиството на илјадници невини луѓе, вклучувајќи ги и жртвите на 7 октомври и заложниците убиени во Газа“, рече Харис.
Таа изрази надеж дека наскоро ќе започне „ден потоа без Хамас“ на власт во палестинската енклава, пренесува Ројтерс.
Регион
Во Србија пронајдени три деца киднапирани во Романија
Киднапирани деца од Романија, денеска биле пронајдени во српскиот град Ниш. Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ денеска за ова ја информирал министерката за внатрешнира работи на Романија.
Случајот во последните денови ја брануваше романската јавност.
Имено, министерот Дачиќ ја информирал својата романска колешка дека припадниците на Министерството за внатрешни работи, Управата за криминалистичка полиција, Службата за сузбивање криминал и Техничката управа, во соработка со Полициската управа во Ниш, постапувајќи по пријава за кривично дело киднапирање извршено во Романија, уапсен е романски државјанин А.М.(1970) поради сомнение дека ги грабнал неговите три малолетни деца, исто така романски државјани на возраст од 11, 9 и 8 години.
Свет
По Германија и Франција ги враќа граничните контроли
Франција најави воведување привремени гранични контроли со шест земји, од 1 ноември 2024 година до 30 април 2025 година, пишува Луксембург Тајмс.
Како што пишува овој медиум, Франција и најавила на Европската комисија гранични контроли на границите со Луксембург, Белгија, Германија, Шпанија, Италија и Швајцарија.
Минатиот месец, Германија повторно ги воведе граничните контроли со Луксембург, поставувајќи контролни пунктови долж автопатите каде Германија ја дели својата граница со Луксембург. Како и Франција и Германија ги карактеризираше своите активности како неопходен одговор на тековните безбедносни закани.