Спорт
(Видео) Свилар ја однесе Рома во осминафиналето на Лига Европа
Миле Свилар ја однесе Рома во осминафиналето во Лига Европа. Српскиот репрезентативец, син на легендарниот југословенски голман Ратко, во пенал серијата проти Феенорд забележа две одбрани и го елиминира Феенорд.
Рома трет пат во низа од европските купови излезе како победник во пресметката со Феенорд.
Вечерва во Рим, патникот во осминафиналето го решија пеналите, откако натпреварот по 120 минути тактичка борба заврши со 1:1. Идентичен беше резултатот и на првиот меч во Ротердам.
Двата гола паднаа во раната фаза, во првиот дел од натпреварот. Феенорд поведе со голот на Хименез, а изедначи Пелегрини.
Пенал драмата донесе вистински возбудувања, најпрвин во втората серија промаши Лукаку, а потоа Свилар го одбрани ударот на Ханцко. Во наредната серија спрскиот репрезентативец го одбрани и ударот на Јаканбач.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Рома се прошета низ Кремонезе
Фудбалерите на Рома славеа победа во Кремонезе (3:1) и се вратија на челната позиција во Серија А.
Тимот од главниот град на Италија лесно мина на теренот на екипата која е повратник во Серија А.
По оваа победа, Рома стигна до 27 бода, што е два бода повеќе од Наполи и три повеќе од Интер, кој има натпревар помалку. Вечерва Интер го игра градското дерби против Милан.
Рома поведе по 17 минути игра, кога Матијас Суле, на асистенција на Коне, му донесе водство на својот тим.
Овој резултат важеше до 64-та минута кога Еван Фергусон ја удвои предноста на Рома. Третиот гол за Рома го постигна Весли.
Почесниот гол за Кремонезе го постигна Франческо Фолино во судиското продолжение.
Тренерот на Рома, Џанпјеро Гасперини, мораше рано да ја напушти клупата, бидејќи доби црвен картон во 62-та минута.
Римјаните ќе се сретнат со Наполи во „Дерби дела Соле“ во следната рунда.
Спорт
(Видео) Роџерс режисер на пресвртот на „Елан Роуд“
Фудбалерите на Астон Вила победи на гостувањето во Лидс (2:1)во 12-то коло од Премиер лигата.
Астон Вила ја продолжи победничата серија и скокна на четвртото место на табелата, додека Лидес, спротивно на очекувањата се наоѓа во опасната зона.
Вила на „Еланд Роуд“, победи со пресврт во вториот дел. Творец на пресвртот беше најдобриот играч Морган Роџерс.
Лидс имаше предност од осмата минута кога Мартинез беше совладан од Нмека.
Морган Роџерс стапи на сцена во вториот дел и со два убави гола во 48-та и 75-та минута го режираше пресвртот.
Спорт
Парма по 24 години победи на „Бентегоди“
Фудбалерите на Парма славеа како гости во Верона (2:1), во првиот натпревар од денешната програма, во рамките на 12-то коло од Серија А.
Парма ја забележа првата победа на „Бентегоди“ од 2001 година. Херој беше Матео Пелегрино, кој постигна голови во 18-та и 80-та минута. Стрелец за домашниот тим беше Жиоване во 65-та минута од натпреварот.
Парма го постигна голот за победа по големата грешка на еден од играчите на Верона. Тој се обиде да ја врати топката од половина терен до својот голман, акцијата ја следеше Пелегрино, ја пречесе топката, а потоа го лобуваше Лоренцо Монтипо.
Парма славеше по два месеци и сега е 15-та со 11 бода, додека Верона остана заглавена на претпоследното место со шест бода и без ниту еден триумф од почетокот на сезоната.
Foto/ EPA

