Спорт
(Видео) Историски трипл-дабл на Јокиќ, Дончиќ го растури Феникс

Никола Јокиќ со 121. трипл-дал во кариерата влезе во историјата на НБА лигата. Јокиќ го предводеше Денвер до победата над Вашингтон 130:110. Во дербито Лука Дончиќ го растури Феникс.
Јокиќ натпреварот против Вашингтон го заврши со 21 поен, 19 скока и 15 асистенции и стана третиот играч во историјата на лигата кој има најмалку еден трипл-дабл против секој тим во НБА. Претходно тоа им успеало само на Расел Вестбрук и Леброн Џејмс.
Најефикасен во победата на Денвер беше Мајкл Портер Јуниор со 22 поени и 11 скока, одличен беше и Џамал Мареј со 18 поени и осум асистенции, а Арон Гордон постигна 17 поени. Двоцифрени беа и Кристијан Браун (12 п), Пејтон Вотсон (11 п) и Реџи Џексон (11 п).
Лука Дончиќ ја игра својата најдобра сезона во НБА. Далас го победи Феникс со 123:113. Дончич забележа 41 поен,и 11 асистенции. Добро го следеше Кајри Ирвинг со 29 поени. Кај Санс Девин Букер застана на 35 поени.
Резултати:
Кливленд – Орландо 109:116
/Ален 18 – Вагнер 22/
Индијана – Детроит 129:115
/Халибартон 25 – Канингем/
Филаделфија – Њујорк 96:110
/Мекси 35 – Богдановиќ 22/
Торонто – Бруклин 121:93
/Трент 25 – Мостови 21/
Чикаго – Бостон 112:129
/Вучевиќ 22 – Вајт 28/
Њу Орлеанс – Хјустон 127:105
/Меколум 28 – Томпсон 22/
Оклахома – ЛА Клиперс 129:107
/Гилџис-Александар 31 – Ленард 20/
Јута – Шарлот 107:115
/Марканен 21 – Бриџис 26/
Голден Стејт – ЛА Лејкерс 128:110
/Кари 32 – Дејвис 27/
Сакраменто – Сан Антонио 127:122
/Фокс 28 – Васел 32/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Синер му предаде на Алкараз, Шпанецот го освои Синсинати

Шпанецот Карлос Алкараз ја освои титулата на Мастерсот во Синсинати.
Во финалето, Алкараз славеше по само дваесет минути игра против најдобриот тенисер во светот и бранител на титулата Јаник Синер.
Синер го предаде натпреварот при водство на Алкараз 5:0 во првиот сет. Се уште не е познато за каква повреда станува збор.
Италијанецот се држеше во неколку наврати во пределот на стомакот, па може да станува збор и за вирус. Како и да е, тој донесе одлука дека е подобро да се предаде и да не го загрози својот настап на Отвореното првенство на САД.
Што се однесува до самиот натпревар, тие дваесетина минути минаа во целосна доминација на Алкараз.
За краток период, тој направи дури три брејка против противник кој, во најголем дел, само статираше на теренот.
Пред последниот гем во првиот сет, во кој Алкараз требаше да сервира, Синер седна на клупата и му рече на судијата Мохамед Лајани дека му е жал за навивачите, но дека не може да продолжи.
Тој исто така нагласи дека морал да се обиде, што имплицира дека здравствените проблеми се појавиле пред почетокот на мечот.
Foto/ X
Спорт
Интер сака да го врати Онана

Интер наводно повторно ја следи ситуацијата со својот поранешен голман Андреа Онана откако Манчестер јунајтед го изостави од составот за отворањето на сезоната во Премиер лигата.
Според „Сан“, италијанскиот клуб внимателно го следи неговиот статус бидејќи има сè повеќе шпекулации за иднината на Камерунецот на „Олд Трафорд“. Се додава дека Интер е заинтересиран за враќање на 29-годишникот, кој замина во Јунајтед во 2023 година.
Од неговото доаѓање, тој не ја оправда отштетата од 56 милиони евра, а со оглед на тоа што тренерот на Интер бара нов голман, додека Јан Сомер во моментов е прв избор, враќањето би можело да стане реална опција.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Лукаку ќе го пропушти првиот дел од сезоната

Тежок удар за Наполи пред почетокот на сезоната во Серија А во која ја бранат титулата. Ромелу Лукаку се повреди и го очекува подолга пауза.
Напаѓачот кој минатата сезона забележа дабл-дабл учинок од 14 гола и 11 асистенции го повреди квадрицепсниот мускул и ќе му биде потребна операција. Се очекува да отсуствува четири до пет месеци.
Огромен проблем за Конте и Наполи. Бидејќи сега Наполи како класичен напаѓач го има само Лоренцо Лука засилувањето од Удинезе.
Затоа е јасно дека Наполи ќе мора да се активира на пазарот. Според првите информации, целта е Расмус Хајлунд од Манчестер јунајтед. Идејата на Наполи е да го доведе на позајмица.
Сепак, Наполи не е единствениот што е заинтересиран за Данецот. Милан е во игра веќе некое време и преговара со „црвените ѓаволи“ и го сака Хојлунд во случај да не постигнат договор со Душан Влаховиќ. Како што стојат работите, Хојлунд е на добар пат да се врати во Серија А.