Забава
Визуелно ослабуваат до 5 килограми и ја обликуваат фигурата: три модели на фармерки што ќе бидат хит оваа година
На самиот почеток на 2024 година, јасно е дека и оваа година фармерките ќе се најдат на златниот моден трон. Сепак, нема сите модели да бидат хит, па затоа е важно да ги следите трендовите и да ги одберете вистинските.
Најважно при изборот на адекватен модел на фармерки е тие да го изнесат најдоброто од вас и да ги сокријат сите ваши недостатоци.
Овие 3 модели на фармерки веќе станаа хит во текот на јануари 2024 година, бидејќи го прават токму тоа – визуелно ја стеснуваат линијата, прават да изгледате позатегнато и вредат за секој денар.

1. Mom jeans
Класичниот модел секогаш ќе ви биде најдобар пријател и „кец во ракав“ за одлични комбинации. Покрај лежерниот изглед со лежерни парчиња, ќе биде добар избор и кога сакате да изгледате елегантно, пишува Стори.хр.
Со кошула и јакна и елегантни чевли ќе добиете одлично издание и за канцеларија и за град. Воедно, неодоливиот модел визуелно ќе наликува на фигурата и ќе направи да изгледате послабо.

2. Ѕвонести фармерки
Широките фармерки се дефинитивно уште еден модел кој ви е потребен во вашата гардероба. Фармерките што се шират од колковите ќе направат чуда за вашата фигура и ќе направат вашиот струк да изгледа потенок.
Единствен совет е да облечете нешто потесно и визуелно ќе изгледате послаби за најмалку 5 килограми. Добро се комбинираат, одличен избор се и за деловни и за вечерни комбинации.

3. Фармерки со висок струк и малку широки ногавици
Омилениот модел на Џенифер Лопез и Антонела Рококо мора да се најде на листата на модели кои ќе бидат модерни сега и засекогаш токму поради она што го прават за фигурата.
Затегнуваат на вистинските места, го истакнуваат најубавото, го креваат задникот и ги прават нозете послаби. Прекрасно изгледаат со патики и чевли, а убаво им стојат и на ниските и на високите жени. Едно е сигурно – ова веројатно ќе биде моделот што најмногу го носите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(ФОТО) И на 40 години во врвна форма: Роналдо повторно ги воодушеви фановите
Кристијано Роналдо повторно ги воодушеви фановите со фотографија објавена на Инстаграм, на која позира без маица во црни боксерки, покажувајќи ја одличната физичка форма и на 40-годишна возраст.
„По сауна“, напиша кратко Роналдо под фотографијата направена во теретана. Ова не е првпат фудбалската ѕвезда да објави вакви фотографии, со кои редовно ја истакнува дисциплината, тренинзите и начинот на живот по кои е препознатлив.
View this post on Instagram
Забава
Леонардо ди Каприо никогаш повторно не го гледал „Титаник“
Актерот Леонардо ди Каприо ги шокираше фановите со признанието дека никогаш повторно не го погледнал „Титаник“, филмот што во 1997 година го лансираше во светска слава и ја обележа цела една генерација.
Ди Каприо за тоа зборуваше во разговор со Џенифер Лоренс во емисијата Actors on Actors, пренесува „Варајети“. За време на опуштениот разговор, Лоренс директно го праша: „Дали некогаш повторно го погледна ‘Титаник’?“
Ди Каприо без размислување одговори: „Не. Не сум го гледал.“
Лоренс се изненади и му рече: „Па, треба да го гледаш! Се кладам дека сега би можел да го гледаш, навистина е добар.“
„Јас всушност не ги гледам моите филмови. Ти ги гледаш ли твоите?“ ја праша Ди Каприо колешката.
„Не“, одговори Лоренс низ смеа. „Никогаш не сум снимила нешто како ‘Титаник’. Да сум, сигурно ќе го гледав. Еднаш бев многу пијана и го пуштив ‘American Hustle’. Се прашував: ‘Дали јас сум добра актерка?’ Го пуштив филмот… и не се сеќавам на одговорот.“
Ди Каприо слично признание дал и претходно. Во август, за списанието „Есквајр“, изјави дека ретко ги гледа своите филмови, но дека постои еден исклучок.
„Тоа е ‘Авијатичарот’. Тој филм ми беше особено важен“, рече актерот, присетувајќи се на соработката со режисерот Мартин Скорсезе и на неговиот долгогодишен интерес за ликот на Хауард Хјуз.
Филмот „Титаник“, во режија на Џејмс Камерон, стана еден од најуспешните филмови во историјата, а Ди Каприо во него глумеше заедно со Кејт Винслет.
„‘Титаник’ беше голем експеримент за Кејт и за мене“, изјави Ди Каприо уште во 2016 година. „Не можевме ни да замислиме колку голем ќе стане филмот. Сè тоа нè изненади.“
Тој додаде дека по тој успех морал да забави и да се врати на своите актерски цели.
„Знаев дека од мене се очекува нешто одредено, но сакав да останам верен на себе и на причината поради која воопшто почнав да глумам“, порача Ди Каприо.
Забава
Од февруари ќе се наплаќа пристап до фонтаната ди Треви
Од 1 февруари, туристите ќе мора да платат две евра за да добијат пристап одблиску до фонтаната ди Треви во Рим, една од најпознатите туристички атракции во градот. Бесплатен пристап ќе имаат само жителите на Рим, додека разгледување од далечина ќе остане без надомест.
Градоначалникот Роберто Гвалтиери изјави дека со оваа мерка се очекува годишен приход од околу 6,5 милиони евра. Наплатата е дел од поширок план со кој од 1 февруари ќе се воведат влезници и за уште пет локации во градот, со цена од пет евра.
Фонтаната ди Треви ја посетуваат во просек околу 30.000 луѓе дневно, а градските власти ја оправдуваат мерката со пренатрупаноста и проблемите со џепчии. Само во периодот од 1 јануари до 8 декември, просторот пред фонтаната го посетиле околу девет милиони туристи.
Традицијата на фрлање парички во фонтаната продолжува.

