Свет
Столтенберг: Украина има право на самоодбрана, вклучувајќи и напади врз воени цели на руска територија

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека кога Украина ќе добие борбени авиони Ф-16 од своите сојузници.
На прашањето кога Украина ќе може да добие борбени авиони Ф-16, Столтенберг рече дека не може да каже конкретен датум. Тој повтори дека сите сојузници на Украина сакаат воени авиони таму што е можно поскоро, но напомена дека ефектот од користењето на Ф-16 ќе биде посилен доколку пилотите се добро обучени, а екипите за одржување и другиот персонал за поддршка се добро подготвени.
„Значи, мислам дека треба да ги слушаме воените експерти за да знаеме кога сојузниците ќе бидат подготвени да почнат да испраќаат и испорачуваат Ф-16. Колку побрзо, толку подобро“, посочи тој во интервју за „Радио Слободна Европа“.
Истакна дека секоја членка на воената алијанса има право да одлучи дали ќе и’ испорача авиони Ф-16 на Украина.
Тој потсети дека сојузниците имаат различна политика. Тој рече дека Украина е изложена на агресија и дека има право на самоодбрана, што вклучува напади врз легитимни воени цели лоцирани на руска територија.
Запрашан за можноста поранешниот американски претседател Доналд Трамп да се врати во Белата куќа, Столтенберг рече дека верува дека, без оглед на исходот од изборите во САД оваа година, Соединетите држави ќе останат посветен сојузник на НАТО, бидејќи тоа е во нивен интерес.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Се нуди награда од 50.000 долари за осомничен за двојно убиство во Минесота

Американските власти во Минесота и натаму трагаат по 57-годишниот Венс Лутер Бетлер, осомничен за убиство на демократската пратеничка Мелиса Хортман и нејзиниот сопруг, како и за ранување на сенаторот Џон Хофман и неговата сопруга.
Државното Биро за кривични дела на Минесота објави дека Бетлер е висок 195 см, тежи околу 100 килограми, има кафеава коса и очи, и последен пат бил виден вчера во Минеаполис, облечен во светол каубојски шешир, темна кошула со долги ракави и светли панталони, носејќи темна торба.
– Не знаеме дали има соучесници, можно е да бил со други лица. Сакам да ги сослушаме сите што можеби биле во контакт со него, изјави полицискиот претставник Дру Еванс.
ФБИ објави фотографија од Бетлер како стои пред домот на еден пратеник маскиран како полицаец, и понуди награда од 50.000 долари за информации што ќе доведат до негово апсење и осуда.
Бетлер живее во округот Сибли, близу градот Грин Ајл, и работи како директор за безбедносни патроли во приватна фирма. Во минатото бил генерален менаџер во синџир продавници и фабрика за храна.
Во 2016 година бил назначен од тогашниот гувернер Марк Дејтон за претставник од приватниот сектор во Советот за развој на работната сила, организиран од гувернерот. Во истиот совет членувал и сенаторот Хофман, жртвата на нападот.
Засега не е јасно дали Бетлер и Хофман имале лична поврзаност.
Американските власти нападите ги опишаа како „чинови на политичко насилство“.
Свет
Германија, Франција и Велика Британија нудат итни преговори со Иран

Германија, Франција и Велика Британија се подготвени веднаш да започнат разговори со Иран околу неговата нуклеарна програма во обид да се намали тензијата на Блискиот Исток, изјави германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул.
– Се надевам дека ова сè уште е можно, изјави Вадефул за германската јавна телевизија АРД, додавајќи дека Техеран претходно ја пропуштил можноста за конструктивни разговори.
Тој нагласи дека деескалацијата и долготраен мир во регионот се можни само ако Иран престане да биде закана за регионот, Израел и Европа.
Свет
Еден загина откако се урнаа два воздушни балони над долината Ихлара, дел од познатата туристичка област Кападокија

Два воздушни балони се урнаа во централна Турција, при што загина најмалку едно лице, а 19 се повредени, јави турската државна телевизија ТРТ.
Загинатиот бил еден од лицата што управувале со балоните.
Несреќата се случила при лет над долината Ихлара, дел од познатата туристичка област Кападокија, која е позната по балонските летови и живописниот пејзаж.