Спорт
(Видео) Арсенал го растури Њукасл
Фудбалерите на Арсенал го совладаа Њукасл со резултат 4:1 во дербито од 26. коло на Премиер лигата.
Лошо започна за гостите на „Емирати“, во 18. минута кога топката го погоди Свен Ботман во коленото и заврши во мрежата од голот на Лорис Кариус. Пет минути подоцна семафорот гласеше 2:0 по голот на Каи Хаверц.
Тоа беше резултатот од првото полувреме, а Арсенал постигна уште два во второто и со тоа стана првиот тим во историјата на Премиер лигата кој постигнал најмалку два гола во седум последователни полувремиња.
Букајо Сака, кој зголеми на 3:0 во 65. минута, стана првиот Англичанец, по Ијан Рајт во 1994 година кој постигнал гол за Арсенал во пет последователни натпревари.
Полскиот дефанзивец Јакуб Кивиор четири минути подоцна по корнерот на на Деклан Рајс, а утешниот гол за гостите го постигна поранешниот играч на Арсенал Џо Вилок во 84. минута.
Арсенал го држи третото место со 58 поени, еден помалку од Манчестер сити и два помалку од лидерот Ливерпул.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Сака ќе потпише нов договор со Арсенал
Букајо Сака и Арсенал нема намера да го напушти Арсенал. Фудбалерот и клубот се договориле за нов, подобрен петгодишен договор.
Еден од најдобрите играчи на Арсенал ќе остане во клубот до летото 2031 година. Финансиските детали од новиот договор не се објавени.
Актуелниот договор на Сака исекуваше во 2027 година.
Foto/ freerangestock
Спорт
Фиорентина доби засилување од Аталанта
Марко Брешанини е новото засилување на Фиорентина за вториот дел од сезоната.
Тимот кој собра само 13 бода од почетокот на сезоната и кој, според сите очекувања, ќе се бори за опстанок, мора да се засили и да биде таму каде што му диктира репутацијата – во горниот дел од табелата.
Виола е далеку од тоа, но Брешанини е делот што недостасува за клубот, а тренерот Паоло Ваноли веќе разговарал со него и се чини дека би можел да добие вреден играч во средниот ред.
Брешанини веќе тренираше со тимот, а договорот е до крајот на сезоната, станува збор за позајмица со право на откуп, што ќе се дискутира на крајот од сезоната.
Брешанини одигра само осум натпревари за Аталанта оваа сезона.
Foto/ freerangestock
Спорт
Алдегер се здобил со фрактура на бутната коска
Тимот на Гресини Рејсинг потврди дека младиот шпански возач Фермин Алдегер доживеал фрактура на бутната коска на левата нога за време на тренингот во Валенсија, само неколку недели пред почетокот на предсезонските тестирања.
20-годишниот Алдегер го имаше своето деби во Мото ГП шампионатот минатата година со тимот на Гресини, возејќи Дукати со спецификација од 2024 година, и ја круниса сезоната со титулата најдобар почетник, со историска прва победа на Големата награда на Индонезија. Оваа година требаше да се натпреварува со Дукати со спецификација од 2025 година, но неговите подготовки сериозно се нарушени од поредата.
Како што објави тимот, Алдегер ја претрпел фрактурата за време на тренингот во четврток во Валенсија, а операцијата е закажана за денес во Барселона.
Деталите за инцидентот не се откриени.
Повредата доаѓа во незгодно време, точно еден месец пред првиот предсезонски тест за сезоната 2026, кој е закажан за 3-5 февруари во Малезија. Официјалната презентација на тимот е закажана за 31 јануари во Куала Лумпур, додека тестирањето ќе продолжи на 21 и 22 февруари во Бурирам.
Сезоната започнува една недела подоцна со Големата награда на Тајланд.
Foto/ freerangestock

