Регион
Во Брисел во тек нова рунда дијалог меѓу Белград и Приштина

Новата рунда од дијалогот Белград – Приштина во Брисел почна околу 10.15 часот со билатералната средба на директорот на канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, со специјалниот претставник на ЕУ за дијалог, Мирослав Лајчак, јавува дописникот на „Н1“.
Тема на средбата е регулирање на плаќањата со динарите во Косово.
Подоцна, ќе има средба и со делегацијата од Белград, во која членуваат претставници на Министерството за финансии и на Поштенската штедилница.
По средбата со претставниците на Белград, косовската делегација ќе има билатерална средба со Лајчак, а потоа ќе стане извесно дали ќе има заеднички состанок.
Портпаролката на Европската Унија, Набила Масрали, вчера изјави дека и Белград и Приштина го потврдиле учеството во денешната рунда од дијалогот за нормализација на односите.
Според неа, ќе се разговара за регулативата на Централната банка на Косово за готовински плаќања.
Во понеделникот Централната банка на Косово (ЦБК) исто така потврди дека нејзини претставници ќе учествуваат на состанокот. ЦБК изјави дека пред извесно време изразила подготвеност да се ангажира и да се сретне со Народната банка на Србија (НБС).
Вицепремиерот на Косово, Бесник Бислими, пред неколку дена изјави дека ниту тој ниту некој од неговите соработници во косовскиот преговарачки тим нема да учествува на средбата во Брисел бидејќи, како што рече, „динарот не е предмет на процесот на преговори“.
Белград потврди дека Србија ќе ја претставува шефот на Канцеларијата за Косово и Метохија и главен преговарач, Петар Петковиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Ужас во Јагодина: Внук ги заклал бабата и дедото и избегал

Двојно убиство се случило во близина на Јагодина. Според првичните информации М.М. (39) ги заклал бабата Р.Ж. (76) и дедото Р.М. (79) и избегал. Неофицијално, убиството се случило во селото Богава, општина Деспотовац, а телата на сопружниците биле пронајдени рано утрово во семејната куќа.
Полицијата е на местото на настанот и во тек е истрага, а пристигнати се и обвинителот на Вишото јавно обвинителство во Јагодина.
Регион
Шеќеринска: НАТО нема да дозволи безбедносен вакуум во БиХ

Заменичката на генералниот секретар на НАТО, Радмила Шеќеринска, денес изјави дека алијансата нема да дозволи безбедносен вакуум во Босна и Херцеговина, откако српскиот лидер Милорад Додик објави дека ќе побара од Москва да ја прекине воената мисија ЕУФОР во таа земја.
Шеќеринска изјави дека НАТО е „трајно посветен на суверенитетот и територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина“.
Таа додаде дека НАТО нема да дозволи дестабилизација во Босна и Херцеговина, соопшти канцеларијата на бошњачкиот член на колективното претседателство на Босна и Херцеговина, Денис Беќировиќ, кој се сретна со претставничката на НАТО.
„Без оглед на исходот од претстојната седница на Советот за безбедност на ООН, НАТО нема да дозволи безбедносен вакуум во Босна и Херцеговина“, рече Шеќеринска.
Регион
Албанска министерка го разреши својот заменик поради непочитување на забраната за пушење

Министерката за внатрешни работи на Албанија, Албана Кочиу, го разреши својот заменик поради непочитување на забраната за пушење во ресторан во САД, објавува „Спутник“.
Таа потврди на социјалните мрежи дека го сторила тоа врз основа на пријавата на албански државјанин кој живее во Њујорк, каде што бил во посета нејзиниот заменик Анди Махила. Како што изјави, тој пушел цигара во ресторанот „што предизвикало немир кај присутните“.
Албана Кочиу е првата жена на чело на полицијата во историјата на Албанија, а во претходната влада беше министерка за здравство.
Фото: принтскрин