Спорт
Чистка во Баерн – Шестмина се отпишани, најверојатно и Нојер

Челниците на Баерн Минхен по завршувањето на сезоната ќе направат целосна реконструкција на тимот. Познато е дека Томас Тухел наредната сезона нема да биде тренер на Баерн, а клубот веќе составил листа на играчи кои треба да го напуштат Минхен.
„Билд“ ја откри трансфер листата, која претставува изненадување за германската јавност. Покрај веќе отпишаните Буна Сар и Ерик Максим Шупо-Мотинг, на листата се и Мануел Нојер, Свен Улрајх, Алфонсо Дејвис, Џошуа Кимих и Лерој Сане.
Нивните договори истекуваат во јуни 2025 година, но клубот не планира да им понуди нови што значи дека ќе се обиде да ги продаде во летниот преоден рок.
Дејвис наводно вече има договор со Реал Мадрид, Кимих се поврзува со Барселона и Манчестер сити, а Сане имал понуди од Премиер лигата. Само за Улрајх засега нема интерес.
Кога станува збор за Нојер, Баерн ќе му дозволи да си замине доколку ангажира нов голман. Доколку легендарниот голман инсистира да замине тогаш тој ќе мора да прифати да биде резерва.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Клупско СП: Палмеирас славеше во бразилското дерби во продолженијата

Ботафого во групната фаза приреди едно од најголемите изненадувања, го победи во Пасадена шампионот на Европа, Пари Сен Жермен, но овој пат не можеше против земјаците од Сао Пауло. Фудбалерите на Палмеирас први се четвртфиналисти на Клупското светско првенство што се одржува во Соединетите Американски Држави.
Зелените од Сао Пауло беа подобри од црно-белите од Рио де Жанеиро во осминафиналето. Дуелот на два бразилска великанa на стадионот Линколн Фајненшл Филд во Филаделфија заврши со резултат 1:0 (0:0, 0:0).
Победникот е одреден дури по продолженијата откако по 90 минути игра немаше голови. Стрелец на одлуката беше Паулињо во 100. минута. Палмеирас по 90 минути имаше далеку повеќе удари кон голот (16:4), но идната ѕвезда на лондонскиот Челси, 18-годишниот „вундеркинд“ Вилијан Естевало и останатите фудбалери во зелени дресови не најдоа пат до мрежата на Ботафого во регуларниот дел.
Спорт
Норис со брутален круг до пол-позицијата во Австрија

Возачот на Мекларен, Ландо Норис, ќе стартува од пол-позицијата на трката за Големата награда на Австрија.
Британецот до третата пол-позиција оваа сезона дојде со брилијантен круг 1:03.971 минути. За речиси половина секунда го остави зад себе шарл Леклер од Ферари, а тимскиот колега Оскар Пајстри беше уште подалеку.
Вторито ред за утрешната трка го комплетира Луис Хамилтон од Ферари. Зад него се Џорџ Расел (Мерцедес) и Лијам Лосон (Рејсинг Булс). Актуелниот светски првак, Макс Ферстапен ќе стартува од седмата позиција, веднаш до него е дебитантот од Заубер, Гавриел Бортолето.
Топ 10 ги комплетираа Кими Антонели (Мерцедес) и Пјер Гасли (Алпин).
Трката на патеката Спилберг се вози в недела со почеток во 15 часот.
Спорт
Ѓоковиќ: Сакам да играм уште неколку години

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ им се обрати на медиумите пред учеството на претстојниот Гренд слем – Вимблдон.
Ѓоковиќ има 24 Гренд слем титули, а новинарите беа заинтересирани дали токму Вимблдон е негова најголема шанса да дојде до 25 Гренд слем трофеј.
„Дали е ова мојот последен танц? Не знам. Имам желба да играм уште неколку години! Би сакал да бидам физички здрав и ментално мотивиран да продолжам да играм на највисоко ниво. Тоа е мојата цел, но на оваа возраст којзнае. Би се согласил дека Вимблдон е мојата најголема шанса, поради резултатите овде и како се чувствувам и како играм овде.“
Новак Ѓоковиќ седум пати во кариерата победил на Вимблдон. Рекордер со осум трофеи е Роџер Федерер.