Македонија
3200 вработени на УКИМ ќе добијат поголеми плати, велат од МТСП

Од МТСП велат дека конечно заврши одисејата која ја имаа 3200 вработени на универзитетот Св. Кирил и Методиј. На владина седница помина одлуката со која сите вработени на УКИМ согласно колективниот договор добиваат поголеми плати.
„Одлуката беше заглавена во министерството за труд и социјална политика и доаѓањето на техничкиот министер Ѓоко Велковски започна легалистичкиот процес за решавање на проблемот. На ова претходеше средба со ректорот на УКИМ, Биљана Ангелова и нејзиниот тим, и со претставници на синдикатот, при што се најде решение за признавање на поединечниот колективен договор на УКИМ, а со тоа и зголемување на нивните плати“, велат од МТСП и додаваат:
„Беа повикани и ресорните министерства, за образование и наука и Министерството за финансии да изнајдат брзо решение за признавање на колективниот договор. Зошто до сега не било најдено решение во министерството од претходниците за овој проблем останува енигма“
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Променливо облачно со локални врнежи од дожд, особено претпладне

Времето денеска променливо облачно со локални врнежи од дожд, наместа поројни, проследени со појава на грмежи, особено претпладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 14, а максималната ќе достигне од 18 до 24 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд и грмежи, особено претпладне. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 23 степени.
Во деновите од викендот времето ќе биде стабилно, сончево и топло со мала до умерена облачност. Од почетокот на следната седмица повторно ќе настапи дестабилизирање на времето со локални врнежи од дожд и појава на грмежи.
Македонија
Без струја дел од општина Аеродром

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од булеварот Видое Смилевски Бато, делот кај што се вкрстува Февруарски Поход спроти Рамстор Ново Лисиче, во општина Аеродром.
Македонија
Крадци корнат бисти од гробишта – по Бутел, бронзена биста украдена и во Ѓорче

Нов случај со кражба на бронзена биста од гробишта бил регистриран во полицијата во текот на вчерашниот ден.
Скопјанка пријавила попладнето дека од гробиштата во Ѓорче Петров со употреба на физичка сила била одземена една бронзена биста.
Само два дена претходно, истото се случи и на гробиштата во Бутел. Тогаш од МВР информираа дека со употреба на физичка сила и подесен алат биле одземени три бронзени бисти.
„Макфакс“ претходно објави и дека во текот на минатата седмица беше откорнатата плоча од споменикот на децата бегалци во паркот „Жена борец“ во Скопје. Украден е релјефот од бакар, мотив на мајка со три деца, прицврстен на постаментот, отстранети се и бронзените букви од натписот „Татковината – копнеж на прогонетите“
Од МВР велат дека се работи на расчистување на случаите.