Македонија
Уставниот суд го укина делот националност во матичните книги: „Се работи за приватно и внатрешно чувство на човекот“
Уставниот суд на денешната седница донесе одлука, со која се укинува делот националност во три члена од матичните книга на родените, венчаните и на умрените.
Портпаролката на Уставниот суд, Христина Беловска, образложи на прес-конференција дека Уставниот суд оценил дека овој податок од граѓаните е во спротивност со вредноста на слободното изразување на националноста.
Овој член, како што објасни, го вклучува правото граѓанинот да може да се изјасни, но и правото да не се изјасни за националноста, вклучително и правото да ја промени националноста, што не беше случај со одредбите што се веќе укинати.
„Се работи за приватно и внатрешно чувство на човекот. Никој не може да биде принуден тоа чувство јавно да го манифестира и да биде предмет на задолжително институционално администрирање во јавните исправи“, рече Беловска.
Со тоа повеќе не постои правен основ во матичните книги да се бара податок за националноста.
Уставните судии ја донесоа оваа одлука во рамките на предметот оформен по иницијативата поднесена од политичка партија Левица, во која е оспорен член 4 став 1 точка 2 во делот „националност“, член 11 став 1 точка 1 во делот „националностa“ и член 13 став 1 точка 1 во делот „националноста“ од Законот за матичната евиденција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

