Спорт
Хорнер ослободен по „ригорозна“ истрага
Шефот на тимот на Ред Бул, Кристијан Хорнер, беше ослободен од обвинението за недолично однесување кон колега, по истрага.
50-годишникот беше обвинет за недолично однесување кон колешка.
„Ред Бул е уверен дека истрагата била правична, многу ригорозна и непристрасна“, изјави портпаролот на Ред Бул.
Хорнер, кој го водеше Ред Бул од 2005 година, ги отфрли обвинувањата.
Тој, исто така, раководеше со тимот во сезоната на Ред Бул во 2023 година, соборувајќи го рекордот, кога тимот постигна 21 победа на 22 трки, а Макс Верстапен го освои својот трет светски шампионат.
Новата сезона во Формула 1 започнува со Големата награда на Бахреин од 29 февруари до 2 март.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ноер: Секој што играл фудбал знае како се чувствувам
Голманот и капитен на Баерн, Мануел Ноер во секунда од херој се претвори во трагичар на својот тим. Баерн синоќа доживеа пораз од Реал. Ноер буквално му го подари израмнивачкиот гол на Реал во 88.минута. Три минути подоцна Хоселу со вториот гол ги елиминираше Баварците.
„Секој што некогаш играл фудбал знае како се чувствувам во моментов. Горчлив е вкусот кога ќе доживееше елиминација, а бевме толку блиску до финалето на ЛШ. Со една нога бевме на Вембли, но не успеавме“, изјави Ноер.
Реал на 1 јуни ќе игра против Борусија Дортмунд во финалето на Лигата на шампионите на Вембли.
Спорт
Манчестер јунајтед има најголема вредност во светот на фудбалот
Порталот „Спортико“, специјализиран за бизнис во спортот, објави листа на највредните фудбалски клубови во светот во моментов. Прв на листата е Манчестер јунајтед со вредност од 6.200.000.000 долари.
Втор на листата е финалистот во Лигата на шампионите Реал Мадрид со вредност од 6.060.000.000 долари, додека трета е Барселона со 5.280.000.000 долари.
На четвртото место е Ливерпул со 5.110.000.000 долари, а Баерн Минхен е на петтото место со 4.880.000.000 долари.
Интересно, Манчестер сити е на шестото место со вредност од 4.750.000.000 долари и покрај огромните инвестиции. Меѓу првите 20 на листата има пет клуба од МЛС лигата.
Во анализата „Спортико“ ги зема во предвид податоците за се она што е во сопственост на клубот, од стадионот до играчите и фирмите кои работат во рамките на клубовите.
Еве ја листата на 20. највредни фудбалски клубови во светот:
Спорт
Баерн 12 години немал вака лоша сезона
Оваа сезона фудбалерите на Баерн ги загубија сите три битки и остануваат без трофеј за прв пат по 2012 година.
Откако ја загубија титулата во Бундеслигата, каде што беа неприкосновени претходните десет години, во средата вечерта останаа без шанса да се борат за единствениот трофеј што остана на нивниот список, Лигата на шампионите.
Тие беа шокантно елиминирани од Реал во полуфиналето, со головите во 88. и 91. минута и со тоа ја загубија последната шанса за спас на сезоната.
Да потсетиме, Баер Леверкузен сезонава ја освои титулата во Германија, убедливо и доминантно, додека во 1/16-финалето на Купот избраниците на Тухел сензационално беа елиминирани од третолигашот Сарбиркен.
Последен пат Баерн заврши сезона без трофеј во 2012 година.
Тогаш Баварците во финалето, на домашен терен беа поразени од Челси во Лигата на шампионите, во Бундеслигата го зазедоа второто место зад Борусија Дортмунд, од која загубија и во финалето на Купот.