Спорт
(Видео) Спортскиот директор на Барселона се сретна со менаџерката на Халанд
Спортскиот директор на Барселона Деко денеска се сретна со менаџерите на напаѓачот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд.
Информација ја објави новинарот Џерар Ромеро, кој достави и видео клип на кој се гледа како менаџерката на Ерлинг Халанд, Рафаела Пимента заедно со Максвел влегуваат во објект во Барселона.
Недолго потоа се појавил и Деко, а на средбата, како што се наведува, се разговарало и за евентуалниот трансфер на Ерлинг Халанд на „Ноу Камп“.
Нема детали, како Барселона, која се наоѓа во голема финансиска криза, воопшто би можела да направи финансиска структура за да се случи вакво нешто.
Првиот човек на Барселона, Џоан Лапорта „сонува“ за Ерлинг Халанд во дресот на Каталонците и верува дека таквото сценарио ќе се оствари во иднина.
Договорот на Халанд со Манчестер сити важи до јуни 2027 година.
💣 EXCLUSIVA @JijantesFC
‼ Cumbre del BARÇA con los agentes de HAALAND ‼
Deco, el director deportivo azulgrana, se ha reunido hoy con Rafaela Pimenta y Maxwell, agentes del delantero noruego, entre muchos otros.
El futuro de Haaland, el gran sueño de Laporta, uno de los… pic.twitter.com/lFKPtXTQdF
— Jijantes FC (@JijantesFC) February 28, 2024
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Го оставија Ѓоковиќ за Синер – сега се разделија со Јаник

Улисес Бадио, физиотерапевт, и Марко Паники, тренер за кондиција, повеќе не се дел од тимот на Јаник Синер.
Веста прв ја објави италијанскиот „Скај Спорт“, со што се потврди раскинувањето на соработката што не траеше ниту една година.
Аргентинецот и Италијанецот се приклучија на тимот на Јаник во септември 2024 година, по неговата разделба со Умберто Ферара и Џакомо Налди поради скандалот со клостебол.
Претходно, Бадио и Паники беа во тимот на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ.
Се очекува во следните неколку часа да биде издадено соопштение, во кое ќе се прецизира што довело до разделбата. Во овој момент, италијанските медиуми не можат ни да шпекулираат што би можело да биде причината.
Остеопатот Андреа Чипола, со кого е на Вимблдон, останува во тимот на Синер.
Синер го освои Австралија Опен со Паники и Бадија во тимот на почетокот на годината, по што следеше пораз во финалето на Ролан Гарос. Значи, падот на формата можеме да го отпишеме од листата на причини, анализираат медиумите.
Спорт
Титулата во Шпанија не го спаси Чус Матео, Реал има нов тренер

Кошаркарите на Реал Мадрид станаа шампиони на Шпанија прексиноќа, бидејќи ја „исчистија“ Валенсија со победа од 3:0 во финалната серија, но таа титула не го спаси работното место на тренерот Чус Матео.
Тој беше заменет, а на негово место доаѓа закоравениот Серџо Скариоло, кој со тоа се враќа на клупата на Реал. Тој веќе беше тренер на „кралскиот“ клуб од 1999 до 2002 година, а за време на неговиот тригодишен мандат ја освои шпанската АЦБ лига во 2000 година.
По заминувањето од Реал, италијанскиот стручњак изгради брилијантна кариера. Како селектор на Шпанија, освои бројни медали, вклучувајќи злато на Европското првенство и Светското првенство во 2019 година.
Тој исто така раководеше со многу клубови од Евролигата, а беше и помошник тренер во Торонто Репторс, со кои ја освои титулата во НБА во 2019 година.
Чус Матео го однесе Реал на покривот на Европа пред две години, минатата сезона го загубија финалето на Евролигата од Панатинаикос, а оваа година не успеа да го однесе тимот до завршната четворка, бидејќи беше поразен од Олимпијакос во четвртфиналната серија.
Неуспехот во Евролигата, како и критиките за неговата нестабилна игра, го чинеа работа.
Спорт
Остин Ривс одбил максимален договор со Лејкерси

Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Остин Ривс, ја одби понудата на франшизата за продолжување на договорот.
Лејкерси му понудија на Ривс 89,2 милиони долари за четири години.
Бекот ја одби таа понуда со надеж дека како слободен агент во летото 2026 година, ќе може да избори побогат договор.
Според „Алетик“, Ривс формално го одбил продолжувањето на договорот. Инаку Лејкерси му го понудиле максималниот договор според важечките правила на лигата.
27-годишникот влегува во третата сезона од неговиот четиригодишен договор од 54 милиони долари, кој го потпиша како ограничен слободен агент во 2023 година.
Менаџерите на Ривс јасно им ставиле до знаење на Лејкерси дека оваа одлука не е резултат на незадоволство, туку стратешки потег бидејќи се очекува кошаркарот да може да добие многу попрофитабилен договор на отворениот пазар во 2026 година.
Таа ситуација веќе предизвика шпекулации за размена пред или за време на драфтот во НБА, што на крајот не се случи.
Претходната сезона беше најдобрата во кариерата на Ривс, во која тој постигнуваше просек од 20,2 поени по натпревар.