Македонија
Платите на функционерите, законот за игри на среќа и стратешките инвестиции пред пратениците
На дневен ред на продолжението на 145. собраниска седница, денеска меѓу другите се Законот за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри во трето читање и четирите предлог-закони за стратешки инвестициски проекти, сите по скратена постапка.
На дневен ред на седница се и предлог-законите на пратениците на СДСМ кои се однесуваат на функционерските плати – Предлог на законот за изменување на Законот за пратениците, Предлог на законот за изменување на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија, Предлог на законот за изменување на Законот за платите на јавните обвинители, Предлог на законот за изменување на Законот за платите на членовите на Судскиот совет на Република Македонија, по скратена постапка, Предлог на законот за изменување на Законот за платите на членовите на Советот на јавните обвинители на Република Македонија и Предлог на законот за изменување на Законот за платите на судиите, сите по скратена постапка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09:00 до 12:00 часот, корисниците на улиците: Урош Џудовоќ, Осло, Будимпештанска, Лубица Георгиева (Општина Карпош)
Македонија
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 10 до 15 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на висок воздушен притисок продолжува периодот на претежно сончево и тивко време. Во ноќните и претпладневните часови наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност.
Македонија
Зимзоленд: Продолжуваме со работа, шпекулација е дека настанот ќе биде затворен
Од Зимзоленд велат дека продолжуваат со работа и дека информациите за неговото затворање се шпекулации.
„Во последните часови на одредени медиуми се појавија неточни информации и шпекулации дека Зимзоленд ќе биде затворен. Ве информираме дека ова не е точно. Зимзоленд продолжува да работи со редовно работно време“, се наведува во јавното соопштението.
Во него се додава дека е точно дека во претходните денови имало инспекциски надзори, но велат дека до надлежните служби била доставена целосната и потребна документација.

