Спорт
Леајо: Мојата иднина е во Милан
Фудбалерот на Милан, Рафаел Леајо, на претставувањето на својата автобиографија изјави дека не може да го напушти клубот бидејќи сите биле со него во најтешките моменти и додаде дека неговата иднина е на „Сан Сиро“.
Португалецот ја објави својата прва книга „Насмевка: Мојот живот помеѓу фудбалот, музиката и модата“.
На промоцијата тој зборуваше за темите на книгата и откри дека целото семејство ја поддржува Бенфика, но дека португалскиот клуб не му понудил договор кога бил тинејџер.
„Не можев да го напуштам Милан, тие секогаш беа тука за мене, дури и во најтешките моменти од мојот живот“, изјави Леајо, кој неодамна го продолжи договорот со Милан.
Тој дојде во клубот во 2019 година од Лил.
„Го избрав дресот со број 10 затоа што го носеше Алесандро дел Пјеро, но и многу други играчи кои ми се идоли. Бројот 10 е поинаков, тој е за играчи што носат нешто поинакво на теренот. Сакав да го носам бидејќи тоа беше важна бројка во историјата на Милан и чувствувам дека и јас сум важен играч“, изјави Португалецот.
На новинарско прашање каде ја гледа својата иднина по многуте шпекилации дека за него се заинтересирани Пари-Сен Жермен, Челси, Њукасл и Арсенал, Леајо кратко одговори: „Во Милано“.
Леајо за Милан одигра 151 натпревар и постигна 41 гол.
Милан е трет во Серија А со 53 бода и се наоѓа во осмина-финалето од Лига Европа, каде што за противник ќе ја има Славија Прага, а Португалецот досега постигна осум гола и забележа седум асистенции во сите натпреварувања.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Шкендија и покрај поразот во Ларнака се пласира во плејофот
Шампионот на Македонија, Шкендија, избори пласман во плејофот, во Конференциската лига. Вечерва Шкендија, доживеа минимален пораз во Ларнака, од АЕК (1:0), но некои од резултатите на останатите дуели беа во полза на екипата од Тетово, па на табелата го освои 22-то место.
Шкендија одигра добро прво полувреме во Ларнака, во кое во финишот, по интервенцијата од ВАР собата, му беше поништен гол на АЕК. Проблемите за Шкендија започнаа во 50-та минута кога Латифи доби директен црвен картон.
Со играч помалку, одбраната на Шкендија капитулираше во 82-та минута, кога единствениот гол го постигна Ангиелски.
Шкендија првата фаза ја заврпи со две победи, три порази и еден нерешен дуел и гол разлика 4:5.
Токму поради гол разликата зад Шкендија, со ист број на бодови Зрињски, Сигма Оломуц, Универзитатеа Крајова и Линколн.
Foto/ EPA/GEORGI LICOVSKI
Спорт
Аморим побарал да му донесет еден играч во Манчестер Јунајтед
Фудбалерот на Ал Хилал, Рубен Невеш, повторно е во центарот на вниманието, откако Рубен Аморим побара од Манчестер Јунајтед да го реализира неговиот трансфер во јануарскиот преоден рок.
Португалскиот тренер сака да го засили средниот ред со играч што добро го познава и го смета за клучен за неговиот проект.
Невеш моментално игра за Ал-Хилал. Желбата на играчот е да се врати во една од врвните европски лиги. На „Олд Трафорд“, веќе почнале да ги разработуваат сите можни сценарија.
Аморим и Невеш добро се познаваат и имаат одличен однос, што би можело да го олесни трансферот.
Исто така, самиот играч има желба да се врати во Европа, па сè укажува на тоа дека ќе се пресели на „Олд Трафорд“ оваа зима.
Foto/ depositphotos
Спорт
(Видео) Хојлунд го однесе Наполи во финалето на Суперкупот
Актуелниот италијански шампион Наполи, со победата 2:0, над бранителот на трофејот во Супер купот, Милан, избори пласман во финалето на ова натпреварување. Данскиот репрезентативец, Расмус Хојлунд го обележа првото полуфинале, на турнирот чии домаќин е Ријад.
Наполи не блескаше, но и тоа беше доволно да забележи сигурна победа над индиспонираниот Милан. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, повторно беше стартер за тимот на Наполи, одигра солиден натпревар. На теренот беше до 77-та минута, кога на теренот влезе Ноа Ланг.
Инаку, првиот гол во 39-та минута го постигна Давид Нерез, по додавањето од Хојлунд. Брилијантната партија Данецот ја круниса со гол во 63-та минута.
Наполи в финалето го чека победникот од утрешното полуфинале меѓу Интер и Болоња.
Foto/ depositphotos

