Регион
Таткото на убиената Ема до родителите на момчето убиец во Србија кои сакале да донираат: „Направивте доволно, поради вас имаме меморијален центар“
Драган Кобиљски, таткото на девојчето Ема, кое беше убиено на 3 мај минатата година во училиштето „Владислав Рибникар“, на својот фејсбукпрофил се огласи за наводите дека семејството Кецмановиќ сака да даде донација за меморијалниот центар што се планира да биде изграден во знак на сеќавање на убиените деца и чуварот во српското училиште.
„Сè уште не можам да го разберам обидот за релативизирање на грозоморното злосторство на Кецмановиќ и нивниот адвокат наведувајќи ја навидум желбата на семејството Кецмановиќ да даде донација за меморијалниот центар на застреланите деца. Ова преку адвокатите ни го кажуваат луѓето што не се ни појавиле да ги споделат нашите најдлабоки страдања, што уште еднаш го потврди целосното отсуство на сочувство и општествена одговорност. Ми преостанува само да ги смирам и да им порачам: Веќе се изјаснивме дека ќе ги издвоиме сите можни обесштетувања за хуманитарни цели за да не се грижите за донацијата за општествено добро. Кога станува збор за меморијалниот центар, направивте повеќе од доволно бидејќи без вас меморијалниот центар не би постоел. Вие сте целосно одговорни за него, затоа бидете мирни и таму“, напиша Кобиљски.
Драган Кобиљски е татко на ученичка која на 3 мај минатата година беше убиена од К. К. (14) во училиштето „Владислав Рибникар“. Во масакрот во „Рибникар“ загинаа 10 лица, односно девет ученици и чуварот.
Родителите на учениците се гонат за трагедијата во „Рибникар“, а одбраната треба да ја дадат денеска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Вучиќ се огласи за штрајкот со глад на Весиќ: Министерот во оставка одбива храна
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по посетата на штандовите на саемот за вино пред новинарите се изјасни за штрајкот со глад на министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура во заминување, Горан Весиќ.
Вучиќ рече дека му е жал поради тоа.
– Жал ми е поради тоа, ако можам на кој било начин да стапам во контакт со него, ќе го замолам да не го прави тоа. Тоа е се што можам да кажам – рече претседателот.
Српеските медиуми потсетуваат дека Горан Весиќ поднесе оставка од функцијата министер за градежништво, транспорт и инфраструктура во Владата на Србија пет дена по трагедијата во Нови Сад.
Откако вчера излезе веста дека министерот во оставка Весиќ е меѓу 11-те уапсени за падот на настрешницата, тој на својот Фејсбук профил
објави:
„Не бев уапсен, доброволно се одзвав на повикот на полицајците со кои дојдов во Нови Сад и се ставив на располагање на истражните органи за целосно да се истражат сите околности кои довеле до несреќата во Нови Сад.
Секогаш, како и досега, ќе бидам на располагање на надлежните органи и ќе докажам дека не сносам никаква кривична одговорност за овие трагични настани.
Адвокатската канцеларија што ме застапува во овој случај ќе комуницира со јавноста и медиумите за понатамошниот развој на настанот“, рече тој.
Регион
Падна снег, дува силен ветер: делови од Хрватска без струја, автопатот затрупан
Снег паѓа во Горски Котар и Лика и во делот на континентална Хрватска – од Загорје, Меѓумурје до Славонија. Силен ветер дува на Јадранот, во Риека ветерот урива дрвја и телефонски столбови.
Поради снегот, во Горски Котар и Лика во моментот нема слободен патен правец од внатрешноста кон Далмација, Риека и Истра и обратно за камионите со приколки и сите други возила што немаат зимска опрема.
Поради ветерот, на автопатот А7 Рупа – Крижишќе сообраќајот е забранет за автобуси, мотоцикли и возила со камп-приколки.
Регион
Силен земјотрес во Грција: се стресе островот Кос
Земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Грција.
Епицентарот на земјотресот бил на 36 километри од градот Кефалос на островот Кос на длабочина од 104 километри.
Засега нема информации за причинета материјална штета.