Спорт
Светскиот рекорд на 400 метри нема да биде признаен
Светскиот рекорд на 400 метри во сала, поставен од Канаѓанецот Кристофер Моралес-Вилијамс за време на универзитетскиот натпревар во САД, нема да биде признаен бидејќи не биле почитувани прописите кои се однесуваат на стартните блокови.
Моралес, 19-годишен студент на Универзитетот Џорџија, победи во саботата во Фајетвил, Арканзас, со време на нов светски рекорд од 44,49 секунди. Сепак, Асоцијацијата на атлетски тренери на САД посочи дека ова достигнување нема да биде признаено како нов светски рекорд.
Според нивниот извештај, стартните блокови користени за саботната трка не биле во согласност со прописите на Меѓународната асоцијација на атлетски федерации. Според таа регулатива, блоковите мора да се поврзат со Светскиот атлетски „Старт информациски систем“, кој го следи времето на реакција.
Така, светскиот рекорд останува во сопственост на американскиот спринтер Мајкл Норман, кој оваа делница ја истрча за 44,52 секунди во март 2018 година на Универзитетското првенство во Тексас.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Хрватска го дозна противникот во полуфиналето од квалификациите за ОИ
Противник на хрватската кошаркарска репрезентација во полуфиналето од квалификациите за Олимписките игри ќе биде Доминиканска Република.
Ова и официјално беше потврдено откако домаќинот Грција во последниот натпревар го победи Египет со 93:71. Хрватска во сабота од 20 часот ќе игра со Доминиканската Република.
Противникот на Хрватска на овој турнир не може да смета на неколку клучни играчи.
Во споредба со ланското Светско првенство, го нема центарот Карл-Ентони Таунс, ѕвездата на Минесота Тимбервулфс, како и Анхел Делгадо, исто така центар, кој игра за Галатасарај.
Недостига и Лестер Кињонес од Голден Стејт Вориорс.
Еден од предводниците на оваа репрезентација е 26-годишниот плејмејкер Андрес Фелиз, кој од следната сезона ќе настапува за Реал Мадрид, а тука е и Крис Дуарте, шутер кој настапува за Сакраменто Кингс во НБА лигата.
Во случај на победа над Доминиканската Република, Хрватска би се пласирала во квалификациското финале кое ќе се игра веќе во недела.
Нејзин противник би бил подобриот од дуелот Словенија и Грција.
Спорт
Бојан Богдановиќ во Бруклин
Њујорк Никс направи голема работа и се договори со Бруклин Нетс.
Њујорк Никс веќе имаат шампионски тим од универзитетот Виланова, бидејќи Џејлен Брансон, Џош Харт и Донте Дивиченцо ја делат соблекувалната, а сега ќе им се придружи и Мајкл Бриџис.
Играчот беше превземен од Бруклин Нетс во Њујорк Никс и сега целата зделка ќе биде завршена.
Според Шемс Чаранија, во се е вклучен и Бојан Богдановиќ.
Никс договорија тригодишен договор вреден 9 милиони долари со Малик Милтон, кој заедно со Бојан Богдановиќ ќе оди во Бруклин Нетс, а во Њујорк доаѓа Кеита Бејтс-Диоп, како и Мајкл Бриџис, кој е централна фигура на оваа размена.
Оваа година, поради големиот број повреди, Никс го пропуштија Источното финале кога беа поразени во седмиот натпревар во Медисон Сквер Гарден од Индијана Пејсерс.
Спорт
УЕФА жестоко го казни Демирал
Турскиот стопер Мерих Демирал е суспендиран од УЕФА поради истакнување на симболот на терористичка организација.
Мерих Демирал ги постигна двата гола во победата на Турција над Австрија во осминафиналето на Европското првенство, а натпреварот заврши со резултат 2:1.
Демирал ги прослави головите покажувајќи го поздравот на „Сивите волци“, односно симбол на десничарската екстремистичка идеологија, која во некои земји се смета за терористичка порака.
Демирал на тој начин доби казна за која сигурно нема да игра во четврт-финалето кое Турција ќе го игра в сабота против Холандија, а дури и да се пласира во полуфиналето неговата селекција нема да биде во тимот.
Стоперот ќе може да им помогне на своите момци само доколку Турција се пласира во финалето на Европското првенство, одлучи УЕФА.