Европа
Карлсон го коментира интервјуто со Путин: Една од најглупавите работи што сум ги слушнал

Такер Карлсон го критикува оправдувањето на Путин за инвазијата на Украина велејќи дека денацификацијата на земјата е „една од најглупавите работи што некогаш ги слушнал“. Зборувајќи со водителот Лекс Фридман на поткаст објавен во вторникот, Карлсон го коментира своето контроверзно интервју со рускиот претседател.
Поранешната ѕвезда на „Фокс њуз“ се соочи со бурни реакции за неговата средба со лидерот на Кремљ, првпат Путин се согласи на интервју со западен новинар од почетокот на војната во Украина. Во интервјуто се допреа повеќе теми, од лекции по руска историја до размислувањата на Путин за следните претседателски избори во САД.
Карлсон рече дека првиот впечаток му е дека Путин изгледал нервозно и дека влегол во интервјуто како преподготвен студент. Фридман го прашал Карлсон што мисли за оправдувањето на Путин да продолжи да води војна во Украина, пишува „Њузвик“.
Да потсетиме, рускиот лидер во континуитет тврди дека целта е денацификација на Украина. Украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој е Евреин, постојано ги отфрла тврдењата на Кремљ дека владата во Киев е отворено пронацистичка.
„Мислев дека тоа е една од најглупавите работи што некогаш сум ги слушнал. Не разбрав што значи. Го мразам целиот тој разговор бидејќи не е реален. Тоа беше само ad hominem. Тоа беше начин да се поврзе некого со злобниот режим, кој повеќе не постои“, објасни Карлсон.
Според Карлсон, нацизмот повеќе не постои бидејќи е „неразделен од германската нација“. „Јас сум многу антинацист. Само велам дека во 2024 година нема нацистичко движење. Тоа е начин луѓето да се прикажат злобни“, рече Карлсон.
Путин го коментира и разговорот со Карлсон велејќи му на рускиот новинар Павел Александрович Зарубин дека се подготвил за „агресивното однесување и поставувањето таканаречени остри прашања на Карлсон“. „Не бев само подготвен за ова, туку и го сакав бидејќи тоа ќе ми даде можност да одговорам на ист начин“, рече рускиот лидер.
Инаку, Путин за време на интервјуто го исмејуваше Карлсон шегувајќи се со фактот дека неговите обиди да се вработи во ЦИА постојано биле неуспешни. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, претходно им изјави на новинарите дека Путин му го дал интервјуто на Карлсон бидејќи „има став што се разликува“ од другите западни медиуми.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Кремљ: Договорен распоредот за разговорите Путин – Трамп, ќе има и прес-конференција

Договорен е распоредот за разговорите меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин, изјави советникот на Кремљ, Јуриј Ушаков.
Тој рече дека тоа ќе биде приватна средба, со преведувачи, за време на која ќе се дискутираат чувствителни прашања.
Централна тема на состанокот ќе биде решавањето на кризата во Украина, но двајцата лидери ќе разговараат и за трговската и за економската соработка, рече Ушаков.
Средбата ќе почне во 11.30 часот по локално време, а времетраењето на разговорите ќе зависи од тоа како ќе се одвива дискусијата, рече Ушаков.
На крајот од самитот двајцата ќе одржат заедничка прес-конференција. Трамп и Путин ќе имаат и поширок состанок со делегациите и работен појадок, објави „Скај њуз“.
Европа
(Видео) Зеленски пристигна на средбата со британскиот премиер

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна на Даунинг стрит, каде што беше пречекан од британскиот премиер Кир Стармер, објави „Скај њуз“.
Даунинг стрит не даде многу детали за темите на нивните разговори, но средбата се случува само еден ден пред американскиот претседател Доналд Трамп да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин на Алјаска за да разговараат за прекин на огнот во Украина.
BREAKING: Volodymyr Zelenskyy arrives at Downing Street and is greeted by Sir Keir Starmer.
The meeting comes just a day before Donald Trump meets Vladimir Putin in Alaska to discuss a ceasefire in Ukraine.https://t.co/rrfAtUSjPC
📺 Sky 501 and YouTube pic.twitter.com/tk9jzCellw
— Sky News (@SkyNews) August 14, 2025
Двајцата мажи се прегрнаа и се ракуваа игнорирајќи ги прашањата од новинарите пред да влезат внатре, објави „Скај њуз“.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Балон на топол воздух се урна во Холандија: еден загинат, петмина повредени

Едно лице загина, а петмина се повредени кога балон на топол воздух се урна на ливада во северната холандска покраина Фрисланд доцна синоќа, соопштија локалните власти. Балонот превезувал 34 патници.
„Балонот на топол воздух одеднаш падна околу 21 часот и силно удри на земјата“, соопштија властите на Фрисланд додавајќи дека полицијата почнала истрага за несреќата.
Портпаролот на Кралското холандско воздухопловно здружение изјави за локалните медиуми дека ненадеен налет на ветер предизвикал балонот силно да удри на земјата предизвикувајќи корпата да отскокне и исфрлајќи пет лица од него.