Спорт
Непознати сторители ја уништиле статуата на Дани Алвеш
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/03/290047.jpg)
Дани Алвеш пред неколку дена беше осуден на четири и пол години затвор за силување во ноќен клуб во Барселона. Токму тоа беше причината вчера во Сао Паоло непознати лица да истурат бела боја врз неговата статуа која се наоѓа во близина на стадионот.
Навивачите на Сао Паоло бараат статуата да биде отстранета што е можно поскоро. Претходно Барселона го избриша Алвеш од листата на клупски легенди на официјалниот сајт.
Дани Алвеш играше за Сао Паоло од 2019 до 2021 година, а последен клуб во неговата кариера беше мексиканскиот тим УНАМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Спорт
Пандев: Елмас донесе добра одлука што се врати во Серија А
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/20250128-elmas.jpg)
Горан Пандев остави голема трага во Серија А, со Интер ја освои тројната круна. В Милано се пресели од Лацио како слободен играч.
Пандев за „Радио Лациале“ ја коментираше одлуката на Елиф Елмас да ја напушти Бундес лигата и да се врати во Серија А. Неодамна Елмас потпиша за Торино.
Елмас пред една година од Наполи се пресели во Лајпциг за 24 милиони евра. Во Лајпциг не доби вистинска шанса. Во првиот дел од новата сезона. Еламс сезонава за Лајпциг одигра 44 минути во Бундеслигата и 15 во Лигата на шампионите.
Торино ќе има можност за 17 милиони евра да го откупи неговиот договор.
„Елмас во Торино? Донесе добра одлука што се врати во Италија, Серија А е многу подобра лига за него отколку Бундеслигата“, рече Пандев и потоа одоговри на прашањето зошто во овој омент не гледа млади македонски таленти кои можат брзо да завршат во Серија А.
„Сметам дека не се доволно подготвени за Серија А. Проблем прави и тоа што Македонија не е членка на Европската унија. Со самото тоа, потпишувањето со такви играчи претставува дополнителен проблем“.
Спорт
Фудбалер на Реал за ширење на детска порнографија, може да заглави пет години во затвор
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/f.elconfidencial.com_original_0de_802_2c3_0de8022c3cc3dbb83e19bba34ac3ccbc.jpg)
Младиот играч на Реал Мадрид, Раул Асенсио (21), кој сезонава доживува вистинска фудбалска афирмација, се соочува со големи проблеми во приватниот живот. Нему и на уште тројца соиграчи од резервниот тим на Реал ќе им се суди за ширење на детска порнографија.
За ова во септември 2023 година беа уапсени Феран Руиз, Хуан Родригез и Андрес Гарсија, додека Асенсио беше повикан да сведочи, по што и тој стана дел од истрагата.
Дефанзивецот е обвинет дека дистрибуирал слики и видеа со малолетник, а судењето ќе се одржи на Канарските Острови.
Асенсио не се смета за одговорен за снимањето, но тој имал пристап до нив и наводно ги препратил на други луѓе.
Се тврди дека играчите инволвирани во случајот лажеле кога им кажале на девојките дека материјалот е избришан.
Асенсио побарал да биде изземен од судењето, но судот одбил, па постои можност да добија затворска казна и до пет години дистрибуција на детска порнографија.
Централниот дефанзивец ги искористи големите кадровски проблеми во тимот на Карло Анчелоти и во досегашниот дел од сезоната забележа 21 настап во сите натпреварувања, а синоќа го одигра и целиот натпревар во триумфот над Сити во Манчестер.
Спорт
Последно Мерсисајд дерби на Гудисон Парк
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/r0_0_800_600_w800_h600_fmax.jpg)
Мерсисајд дербито, вечерва, за последен пат ќе се одигра на Гудисон Парк во Ливерпул.
Пред последната пресметка на стадионот кој на крајот од сезоната ќе замине во историјата, големите градски ривали имаат изедначен учинок на Гудисон, по 41 победа.
Тоа ќе биде 120. Мерсисајд дерби на теренот на Евертон, вкупно 245 во историјата на „карамелите“ и „црвените“. Во натпреварите одиграни на стадионот на Евертон, двата тима имаат по 41 победа. Вкупно, Ливерпул има 99 победи, Евертон 68, а 77 натпреварите завршувале без победник.
Евертон сака победа, со која би ставил крај на една ера на овој стадион, на Ливерпул победата му е потребна за стекне предност од девет бода во однос на Арсенал.
Натпреварот првично беше закажан за 7. декември, но силната бура тој ден го одложи.
Споредено со тој момент, кога Ливерпул ќе беше апсолутен фаворит на теренот, работите на другата страна значително се променија на подобро по доаѓањето на Дејвид Мојс.
Откако Мојс пристигна на Гудисон пред еден месец, само Ливерпул има освоено повеќе бодови од Евертон во Премиер лигата.
Во последната пресметка на Гудисон, главен судија ќе биде Мајкл Оливер, а во ВАР собата ќе седи Крис Кавано.
Дуелот ќе започне во 20 часот и 30 минути.