Европа
(Видео) Трае погребот на Навални, снајперисти на покривите, толпата скандира: „Путин е убиец“

Ковчегот со телото на Алексеј Навални пристигна на гробиштата „Борисовское“ во Москва, потврди сојузникот на покојниот руски опозиционер.
People throw flowers at the car with Alexei’s coffin and shout “Thank you, Alexei!” pic.twitter.com/rFqicjpLDi
— The Anti-Corruption Foundation (@ACF_int) March 1, 2024
Насобраниот народ со овации го поздрави доаѓањето на ковчегот. Се огласија и црковните ѕвона.
Катафалк с телом Алексея подъехал к храму pic.twitter.com/tX1sy9z0cj
— Кира Ярмыш (@Kira_Yarmysh) March 1, 2024
Некои од насобраните, кои го скандираа името на рускиот опозиционер, ги пробија бариерите за да ѝ се приклучат на погребната поворка, според снимките од местото на настанот.
Alexei Navalny pic.twitter.com/bXwx5iTBWb
— The Anti-Corruption Foundation (@ACF_int) March 1, 2024
Извештаите сугерираат дека снајперисти биле поставени на покривите во Москва за време на погребот на Алексеј Навални. Околу црквата има и силни полициски патроли.
⚡️At Alexei Navalny’s funeral, people chant “Putin is a killer” pic.twitter.com/wv5Zdlaifm
— NEXTA (@nexta_tv) March 1, 2024
Толпата околу црквата во еден момент почна да скандира „Русија без Путин“ и „Путин убиецот“.
Fewer than 300 people were allowed to attend Navalny’s funeral services, which were held as quickly as possible. Thousands of mourners gathered outside the church. pic.twitter.com/XBkUmCkH2k
— The Anti-Corruption Foundation (@ACF_int) March 1, 2024
Тимот на Алексеј Навални соопшти дека на помалку од 300 луѓе им било дозволено да влезат во црквата за прошталната церемонија, која била извршена „што е можно побргу“. Ковчегот со Навални беше изнесен од црквата помалку од еден час по почетокот на церемонијата.
На вратата од црквата во која се одржуваше комеморацијата беше поставен натпис: „Затворено за чистење“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Русија го нападна Киев, Украинците јавуваат за 12 повредени

Русија изврши напади со беспилотни летала врз украинскиот главен град Киев и Миколаев на југот на земјата во текот на ноќта, при што беа повредени најмалку 12 лица, соопштија властите.
Две жени се повредени во главниот град, каде што дроновите предизвикаа пожар во магацин и оштетија станбени згради, соопшти градската воена управа на Киев.
Украинските воздухопловни сили соопштија дека собориле 85 од 145 беспилотни летала лансирани од Русија во нејзиниот напад во текот на ноќта. Се додава дека 49 други не успеале да ги постигнат своите цели, најверојатно, поради контрамерки од електронско војување.
Воздухопловните сили не разјаснија што се случило со преостанатите 11 беспилотни летала.
Во нападот во текот на ноќта беа повредени и 10 лица во јужниот град Миколаев, изјави регионалниот гувернер Виталиј Ким.
Во рускиот напад оштетени се и девет станбени згради, 30 гаражи и една административна зграда, додаде тој.
Русија негира дека намерно гаѓа цивили, но илјадници се убиени и повредени во нејзината инвазија на Украина.
Европа
Злосторство од 1995 година: награда од 20.000 фунти за оној што ќе го открие убиецот на Британката

Злосторството што се случило пред речиси три децении останува неразјаснето, а ќерката на жртвата сега упатува јавен апел за помош.
Џенет Браун, 51-годишна мајка на три деца, беше брутално убиена на 10 април 1995 година во нејзиниот дом во Бакингемшир, Англија. Нејзиниот убиец никогаш не бил пронајден.
Полицијата има примерок од ДНК пронајден на местото на злосторството, за кој верува дека му припаѓа на убиецот, но не одговара на ниту едно лице во полициската база на податоци. Во текот на истрагата беа испрашани повеќе од 1.000 мажи, но сите беа исклучени од истрагата.
Се нуди награда од 20.000 фунти за информации кои ќе доведат до апсење и осудување на сторителот, а секој што има информации може анонимно да контактира со Crimestoppers.
Џенет Браун работела како медицински истражувач во болницата Џон Редклиф во Оксфорд. Таа била пронајдена гола, со лисици на рацете и со превез преку устата, на дното од скалите, се било полно со крв. И покрај околностите, полицијата не верува дека мотивот бил од сексуална природа, а од домот ништо не е украдено.
Нејзината најстара ќерка Зара Харден вели дека сè уште не може да разбере зошто некој би ја нападнал нејзината мајка: „Тоа ми е целосно несфатливо, но убедена сум дека некој знае нешто“, рече таа.
„Таа беше врзана и брутално претепана, буквално претепана до смрт. Не е важно што никој не се јави тогаш, сè уште не е доцна”, рече таа.
Во моментот на убиството децата на Џенет Браун, Зара, Бенедикт и Роксана, не биле дома, а нејзиниот сопруг д-р Греам Браун бил на службено патување во Швајцарија.
Убиецот прво се обидел да го пресече стаклото на двојните лизгачки врати, а потоа го скршил стаклото и насилно влегол во куќата. Се верува дека Џенет била убиена во периодот од 20.15 до 22.15 часот истата вечер. Телото следното утро го пронашол градежен работник кој со синот требало да работи на куќата.
„Убиецот или убијците останаа неказнети до ден-денес. Сакаме да бидат кривично гонети. Некој способен за ваков вид на криминал се уште е на слобода и сакаме да спречиме вакво нешто да се повтори“, рече Харден.
Питер Бирн, шеф на тим за ревизија на нерешени тешки злосторства на полицијата, рече: „Сè уште верувам дека има луѓе кои имаат информации или сомневања во врска со ова брутално убиство“.
„Имаме ДНК профил од местото на злосторството. Тој не припаѓа на членовите на семејството и веруваме дека тоа би можело да биде клучен доказ кој го поврзува убиецот со злосторството“, рече Бирн.
Европа
Кралот Чарлс и Камила ненајавено го посетија папата Франциско

Папата Франциско вчера имаше ненајавена средба со британскиот крал Чарлс Трети и кралицата Камила, кои се во посета на Италија, соопштија Ватикан и Бакингемската палата.
Портпаролот на Бакингемската палата рече дека кралот и кралицата се „воодушевени“ што папата е во доволно добра здравствена состојба за да ги прими, откако средбата претходно беше откажана поради здравствената состојба на папата.
Чарлс Трети и Камила требаше да имаат официјална државна посета на Ватикан, заедно со посетата на Италија, но таа беше откажана откако лекарите му препишаа на Франциско два месеци одмор и закрепнување по хоспитализацијата.
Папата приватно ја прими кралската двојка и им посака се најдобро за нивната 20-годишнина од бракот, која ја прославија во среда, се вели во соопштението на Ватикан.
Франциско и Чарлс се сретнаа двапати претходно, во 2017 и 2019 година, пред актуелниот британски монарх да стане крал.
Покојната кралица Елизабета го посети папата Франциско во Ватикан во 2014 година.
Папата се уште се опоравува по престојот во болница со билатерална пневмонија.
Гласот и мобилноста на папата Франциско продолжуваат да се подобруваат благодарение на неговите секојдневни вежби, соопшти во вторникот Канцеларијата за печат на Ватикан.
Кралот Чарлс Трети од февруари 2024 година се лекува од рак, чиј тип никогаш не беше јавно објавен, а беше откриен по операцијата за зголемена простата.