Спорт
Јувентус (повторно) се распрашува за Милинковиќ-Савиќ
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/03/00x840.jpg)
Суспензијата на Пол Погба го принуди Јувентус, во летнит преоден рок да бара засилување во редот за врска. Јуве ќе мора да реагира и поради тоа што Адрен рабио се уште не се изјаснил дали ќе остане во клубот.
На пазарот нема многу опции, а италијанските медиуми шпекулираат дека Јувентус повторно би можел да се сврти кон Сергеј Милинковиќ-Савиќ.
„Старата дама“ наводно го обновила интересот за Сергеј Милинковиќ-Савиќ, кој минатото лето од Лацио замина во Ал-Хилал.
Милинковиќ-Савиќ, од Ал-Хилал доби три годишен договор вреде 90 милиони евра.
29-годишниот српски репрезентативец постигна десет гола и забележа шест асистенции за лидерот во Про лигата на 25 натпревари оваа сезона.
За време на неговата кариера во Италија, тој постигна 69 гола со 59 асистенции за Лацио. Тој е најдобар стрелец странец во историјата на клубот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Спорт
„Мистијано Пеналдо“, напиша Би-би-си откога Роналдо промаши пенал
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/mistiano.jpg)
Кристијано Роналдо, фудбалерот на Португалија, не го понесе епитетот трагичар по промашениот пенал против Словенија откако неговата репрезентација успеа да се пласира понатаму по подоброто изведување на пеналите.
На крајот од второто продолжение Роналдо имаше шанса да ја доведе Португалија до победа, но Јан Облак му го прочита ударот и го одбрани, па играта беше решена по дополнителните удари од белата точка.
Таму блесна колегата на Облак од другата страна, Диого Коста, кој одбрани три пенали.
Сепак, по мечот, еднакво внимание привлече потегот на британскиот Би-би-си.
На оваа телевизија промашувањето на Роналдо беше придружено со графичкиот потпис „Мистијано Пеналдо“ алудирајќи на неговиот неуспешен обид.
А нивниот потег го нападнаа навивачите, кои или застанаа во одбрана на Роналдо или укажуваа на срамното однесување на Би-би-си.
Спорт
Роналдо се расплака: „Не сум промашил пенал цела година, но…“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/ronaldo-vo-solzi.jpg)
Португалија со подобро изведување пенали ја победи Словенија со 3:0 и се пласираше во четвртфиналето на ЕП каде ќе игра против Франција.
Немаше голови во 120 минути игра. Португалија беше најблиску до гол во 105. минута кога Кристијано Роналдо шутираше пенал, но словенечкиот голман Јан Облак одлично одбрани. Роналдо се расплака, а камерата ја сними во солзи и неговата мајка од трибините.
Роналдо потоа постигна гол за време на пеналите.
„Тага на почетокот, радост на крајот. Тоа е фудбалот, моменти кои се неописливи. Имав директна можност да го доведам тимот во водство, но не успеав. Јан направи одлична одбрана. Цела година не промашив пенал, но кога беше најважно не успеав. Мислам дека заслуживме да победиме бидејќи игравме со поголем авторитет. Словенија се бранеше речиси цел натпревар. Посебни честитки до нашиот голман кој одбрани три пенали“, изјави Роналдо по натпреварот.
Спорт
Диого Коста португалски херој, ја елиминира Словенија
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/PORTUGAL.jpg)
Еден од најдобрите фудбалери на денешницата беше мотивиран да постигне гол од самиот старт на натпреварот, но одбраната на Словенија одлично се снајде. На крајот од судиското продолжение Кристијано Роналдо имаше шанса да и донесе водство на Португалија од пенал, но не успеа.
Драма, следуваше пенал завршница.
Искуството си го направи своето, Португалија оди понатаму.
Тие ја совладаа Словенија на пенали и со тоа се пласираа во четврт-финалето на ЕП. Регуларниот дел од натпреварот заврши со резултат 0:0, како и дополнителни половина час игра.
Во четврт-финалето Португалија ќе игра против Франција која со 1:0 ја победи Белгија.
Португалскиот голман Диого Коста, кој ги одбрани сите три удари на Словенците е херој на мечот.
Од почетокот на играта Словенците беа поставени во карактеристична формација 4-4-2. Кристијано Роналдо имаше многу проблеми, неговиот најдобар напор во првото полувреме беше неговиот слободен удар во 34. минута.
Тој шутираше од околу 20 метри, а топката отиде само над стативата.
Португалија најблиску дојде до гол во втората минута од судиското надополнување во првото полувреме, кога Палиња силно повлече од работ на шеснаесетникот.
Топката мина покрај десната статива од голот на Облак.
Во првото полувреме Словенците напаѓаа само неколку пати, но не успеаја да создадат голема шанса.
Португалија ја мина групната фаза како првопласирана во групата Ф пред Турција, Грузија и Чешка.
Словенија беше трета во групата Ц пред Србија и зад Данска и Англија.