Македонија
Османи на отворање на Почесниот конзулат во Анталија

Mинистерот за надворешни работи, Бујар Османи по учеството на Анталија дипломатскиот форум, го отвори Почесниот конзулат на Република Северна Македонија со седиште во Анталија, Република Турција.
Oд МНР информираа дека почесниот конзул, Али Кизилда e реномиран член на анталиската деловна заедница со 35 години искуство во сферата на туризмот.
За време на неговото поздравно обраќање Османи потенцираше дека Северна Македонија и Турција, имаат голем потенцијал за унапредување на економската соработка и зајакнување на бизнис врските.
„Има можности кои треба максимално да се искористат и на државно ниво и од бизнис-заедниците. Меѓу нашите главни цели со отворањето на Почесниот конзулат во Анталија е постигнување на посакуваното ниво на економска и туристичка соработка како и промоција на бизнис можностите за инвестиција во Северна Македонија” истакна Османи.
Меѓу другото Османи подвлече дека отворањето на Почесниот конзулат ќе биде дополнителен поттик за подобрување на еконосмската соработка во различни области бидејќи регионот на Анталија е еден од најразвиените индустриски, туристички и земјоделски центри.
“Многу наши туристи доаѓаат во Анталија но уште повеќе туристи од Турција доаѓаат во Северна Македонија. Веќе неколку години Турците се најбројни туристи во нашата земја за што потребно е натамошно промовирање на двете дестинации” истакна Османи.
Во Конзулатот Османи оствари средба со наши истакнати државјани во Турција, добитници на МКарта на кои им ги врачи истите и им изрази благодарност за покажаниот интерес за проектот и за одржување на врските со нашата земја.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Зелен хуман град“ почнува со собирање потписи за основање партија

Граѓанската иницијатива Зелен хуман град почнува процес на собирање 1.000 потписи за да основа партија.
„Драги луѓе, Зелен хуман град ја формира првата партија во Македонија која во срцето на својата политичка агенда ги позиционира социјалната правда, заштитата на животните и животната средина. ЗХГ е воедно и првата партија во историјата на Македонија што ја основаат долгогодишни волонтери, а не спонзори. Ја основаат луѓе што со години во континуитет ги вложуваат своето знаење, време, енергија, како и финансии, за да создадат здраво и функционално општество за сите – и за луѓето и за животните. Иако сме принудени да ја основаме партијата само за да имаме право да се кандидираме на избори – нашето делување останува идентично како и до сега – хоризонтално, со директна демократија и активизам, отворено за секој што ги дели нашите вредности“, велат од иницијативата.
Од таму велат дека втора изборна година по ред ја отвараат вратата на секој што смета дека има доволно знаење и ентузијазам да се придружи на нивната листа за Совет на Град Скопје.
Во изминатите 4 години, велат од таму, како дел од Советот на Град Скопје со само 2 од 45 советника успеавме да постигнеме неколку преседани.
Македонија
За една недела „пајакот“ кренал 74 возила во Центар

ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 28.07. до 02.08.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 74 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците.
Македонија
Бизнисменот Душко Чифлиганец загина во несреќа со мотор

Младиот бизнисмен Душко Чифлиганец загина на 32-годишна возраст во несреќа со мотор во Брно, Чешка.
Тој е син на познатиот стопанственик и универзитетски професор Ванчо Чифлиганец и беше заменик-претседател на „Адора бизнис-групацијата“.
Чифлиганец беше љубител на спортскиот мотоциклизам.