Регион
Ужас во Нови Сад: Деца на возраст од 1 и 3 години најдени мртви во домот, постои сомнеж дека родителите ги убиле

Полицијата пронашла тела на две деца на возраст од 1 и 3 години, кои според првичните информации биле убиени од страна на нивните родители кои синоќа по двојното убиство извршиле двојно самоубиство скокајќи од солитер во Нови Сад.
Портпаролот на ПУ Нови Сад потврди за „Нова.рс“ дека полицијата пронашла безживотни тела на две деца на адресата на којашто живеел брачниот пар кој извршил самоубиство.
Двојното самоубиство кое синоќа го потресе Нови Сад го извршил млад брачен пар кој, како што се наведува, живеел во куќа во Петроварадин.
Се работи за М.П.С.(23), како и мажот Л.П.S. (21).
Телата на младиот човек и девојката се испратени во Институтот за судска медицина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Се судрија два автобуса во Хрватска

На автопатот А1 во правец кон Загреб, кај излезот Вучевица кај Сплит, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале два автобуси.
Пријавата во полиција ја добила околу 13 часот и 45 минути, а на местото на несреќата веднаш биле испратени екипи на Итна медицинска помош, полиција и пожарникари, јави „Далматински портал“, пренесе „Индекс“
Нема жртви, а на шест лица ќе им биде укажана лекарска помош во болнинца (сите лица се свесни), а на останатите на кои им е потребна помош ќе им биде укажана на местото на настанот, соопшти полицијата.
Сообраќајот се одвива по една коловозна лента.
Во тек е увид, по што ќе бидат познати повеќе детали, како и информации за повредените лица.
Регион
Разбиена криминална група за илегална миграција во Грција, правеле лажни пасоши и ги продавале за 600 евра

Уапсени се 23 лица осомничени за криумчарење илегални мигранти и фалсификување документи во Грција, а се уште се трага по 26 други членови на оваа криминална мрежа.
Оваа банда преку шверц и фалсификување заработила 4.865.200 евра, а меѓу уапсените е и водачот на групата, кој од почетокот на 2024 година правел лажни патни исправи за мигранти, јавува ЕРТ.
При претреси на четири локации во Атина и Пиреја, запленети се 4.831 лажни патни исправи во вредност од 68.000 евра, а идентификувани се 558 мигранти прошверцувани во ЕУ од оваа група.
Во зависност од тоа дали шверцувале мигранти по пат, море или воздушен пат, трошоците за превоз се движеле од 700 до 8.000 евра, додека фалсификуваниот документ чинел од 400 до 600 евра.
Регион
(Видео) Силни врнежи од дожд и град во Белград, поплавени улици и дел од автопатот

Ветер, град и пороен дожд го погодија Белград. Улици и автопат беа поплавени откако невреме го погоди српскиот главен град.
Според снимките објавени на социјалните мрежи, дел од автопатот бил под вода.
Бројни улици во Белград беа исто така поплавени. Подводниот премин во близина на железничката станица во Раковица е под вода.
Според извештајот на репортерот на Н1, во Авала паѓало град со големина на лешници.