Македонија
ВМРО-ДПМНЕ со Силјановска нудат враќање назад во изолација, далеку од ЕУ, велат од СДСМ

На претстојните претседателски и парламентарни избори граѓаните имаат шанса да го изберат правецот на државата.
Едниот е патот на интеграција во ЕУ, чиј предводник е СДСМ, а другиот пат што го предлага опозицијата е сосема спротивен, тоа е изолација, стагнација, враќање назад во едно мрачно време на национализам и поларизација.
ДПМНЕ, со Силјановска нуди само враќање назад, во изолација, заглавени 11 години без било каков напредок, далеку од ЕУ.
Даваат лажни ветувања кои никогаш нема да се остварат.
Доволно е само да се погледне што се случи во Скопје. ДПМНЕ не донесе никаква позитивна промена, не донесе никаква реформа, само катастрофа.
Ист е примерот и со предлогот за претседателски кандидат на опозицијата во ликот на Давкова.
ДПМНЕ не може да донесе никакви позитивни промени затоа што единствената шанса за Македонија е членството во ЕУ – а тие се против тоа.
Со ДПМНЕ нема ЕУ ниту за 100 години.
Изборот пред граѓаните е јасен. Напред по европскиот пат на напредокот со СДСМ или назад во изолација со ДПМНЕ.
Токму затоа граѓаните ќе ја дадат поддршка за кандидатот на СДСМ и коалицијата.
Соопштение на СДСМ
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ДУИ за истрагата за пожарот во Кочани: Обвинителството се оддалечува од правдата и влегува во политичка игра

Од Демократската унија за интеграција остро реагираат на последната прес-конференција на главниот јавен обвинител, кој се повика на меѓународни примери како Романија, Бразил и САД, за да ја оправда одлуката за воведување долгорочна каузалност и отворање обвиненија против поранешни функционери.
„Ова не е право, ова е правна импровизација. Главниот обвинител не се води од закон, туку од желба за аплауз“, велат од ДУИ.
Од партијата потенцираат дека, за разлика од тврдењата на обвинителството, во ниту еден од наведените меѓународни случаи не се случило да се водат процеси против луѓе кои немале допирна точка со самата трагедија. Одговорност, според истражувањата, сноселе само директно инволвираните – најчесто три до пет лица – без историски ревизии или вештачки проширување на вината.
„Наместо да ја бара вистината низ призмата на правдата, обвинителството оди по патот на популизмот и спасување на Владата. Овој пристап не е само антипрофесионален – тој е антиуставен“, истакнуваат од ДУИ.
Според нив, ова е јасен показател за политички договор помеѓу извршната и судската власт, што ја нарушува независноста на правосудниот систем.
„Претворањето на трагедијата во алатка за лична или институционална промоција е опасна девијација. Последиците од ваквото дејствување можат да бидат несогледливи“, предупредуваат од партијата.
ДУИ упатува јасен апел:
„Обвинителството мора веднаш да го прекине трансакцискиот однос со Владата. Правото не се практикува по нарачка. Кариерите на политичарите и обвинителите не смеат да се градат врз туѓа трагедија“.
Од ДУИ јасно порачуваат: „Историјата, правото и јавноста ќе ги паметат тие имиња – не како херои на правдата, туку како пример за злоупотреба на правниот систем под политички и јавен притисок.“
Македонија
Полесно до потврдите за сопственост на моторни возила, воведена е нова електронска услуга

Министерството за дигитална трансформација денеска информира дека достапни се две нови услуги на Националниот портал за електронски услуги – uslugi.gov.mk, кои се однесуваат на Министерството за внатрешни работи.
Како што посочуваат од Министерството, станува збор за многу користени потврди за моторни возила кои се употребуваат во прометот – Потврда за моментална сопственост на моторни возила за физички лица и Потврда за поседување на моторни возила за одреден временски период за физички лица (историјат за возило).
Овие две услуги отсега се достапни во електронска форма и истите можат да се употребуваат во правниот промет. Нивното добивање е достапно и во центрите за услуги на Министерството за дигитална трансформација во Скопје (Центар), Аеродром, Куманово, Тетово, Јегуновце, Битола, Охрид и Штип.
– Дигитализацијата на овие нови услуги на Националниот портал е значаен чекор напред во насока на транспарентност и ефикасност на институциите. Со нивното дигитализирање, граѓаните добиваат ефикасна услуга, јасен увид во постапките, намалувајќи ја можноста за злоупотреби и зајакнувајќи ја довербата во јавната администрација, соопштуваат од Министерството за дигитална трансформација.
Македонија
Тошковски: Голема неприлагодена брзина е причината за сообраќајката во која загинаа три лица

Голема неприлагодена брзина е причината за трагедијата која вчера се случи на патот Кичево-Гостивар, а во која загинаа три лица. Ова го соопшти министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.
„Три лица го загубија животот. Според првичните информации кои ги добив, станува збор за огромна неприлагодена брзина од страна на еден на учесниците во сообраќајот, кој за жал, е починат. Бројот на сообраќајни жртви во оваа година во првото тромесечје е сличен како и бројот на жртви лани. Со тоа што можам да кажам дека бројките се катастрофални во споредба со европските стандарди“, рече министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.
Тој упати апел до возачите да ги почитуваат сообраќајните правила, дозволената брзина, бидејќи експертите тврат дека и кога се управува возило, а тоа е над 70 км/час, а има челни удари како вчера, можноста за преживување е нула.