Европа
Експлозија на мост во Самара во Русија
Железничкиот мост во близина на рускиот град Самара го потресе експлозија, јави новинската агенција РИА повикувајќи се на итните служби.
Сместен на реката Волга во југозападна Русија, регионот Самара е еден од центрите на тешката индустрија во земјата.
Инцидентот бил предизвикан од експлозивна направа, пренесува ТАСС. Во последните месеци Русија пријави серија напади врз нејзината индустриска и логистичка инфраструктура за кои ја обвини Украина.
Нема извештаи за жртви, а сообраќајот преку мостот е во прекин, соопшти Руската железница.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Турист во Италија уништил фрески стари речиси 2000 години
Холандски турист уништил ѕид со фрески во античка римска куќа во Херкуланеум, во близина на Неапол, оштетувајќи ја зградата што ја преживеала вулканската ерупција на Везув во 79 година од нашата ера, соопшти денеска италијанската полиција.
Во соопштението на полицијата се вели дека 27-годишниот турист бил брзо идентификуван откако вработените во археолошкиот локалитет откриле графити исцртани со црн, неизбришлив фломастер на бел дел од насликан ѕид.
Полицијата соопшти дека тоа е потпис на маж кој сега се соочува со обвинение за оштетување на уметничкото дело.
Помалиот град од неговиот попознат сосед Помпеја, Херкуланеум бил покриен со подлабок слој пепел, кој ги заштитил неговите урнатини од крадци и оставил особено добро сочувани остатоци.
Како одговор на зголемениот вандализам, Италија оваа година воведе построги казни за оние кои ги оштетуваат спомениците и културните места, одредувајќи казни до 40.000 евра.
Европа
Киев: Убивме најмногу руски војници за еден ден; Русите: Ние уште повеќе Украинци
Русија претрпе рекордни загуби во мај и забележа најголема дневна загуба на персонал од почетокот на инвазијата во февруари 2022 година, според Киев. Руските сили изгубија 38.940 борци во Украина минатиот месец, соопшти во саботата украинското Министерство за одбрана.
Украинската армија редовно известува за дневни руски загуби. Во средината на мај, киевските трупи изјавија дека Москва изгубила 1.740 војници за еден ден, што е најголем број дневни руски жртви од почетокот на сеопфатната војна. Треба да се напомене дека не е многу лесно да се одреди вистинскиот размер на жртви на бојното поле. Затоа аналитичарите повикуваат на претпазливост во однос на бројките што ги презентираат Русија и Украина, пишува „Њузвик“.
Иако западните експерти често проценуваат дека руските загуби на фронтот се помали од бројките наведени од Украина, британското Министерство за одбрана во петокот соопшти дека Москва најверојатно има повеќе од 500.000 борци ранети или убиени од почетокот на 2022 година. Во текот на мај Русија изгуби повеќе од 1.200 војници дневно, што е најмногу од почетокот на инвазијата, објави британската влада.
„Руските загуби најверојатно произлегуваат од континуираните напади на украинските позиции долж линијата на фронтот, без соодветна обука на војниците“, соопшти британското Министерство за одбрана. Москва започна офанзива против североисточниот регион на Украина Харков минатиот месец, отворајќи нов фронт. Во исто време, интензивните борби продолжуваат во источниот регион на Доњецк.
Украинската војска во саботата објави дека Русија извршува тешки напади западно и северозападно од градот Доњецк што е под руска контрола и дека активноста се интензивирала уште на север, кон Харков. Истиот ден Киев објави дека Русија претрпела 1.130 жртви во претходните 24 часа, со што вкупниот број на загинати руски војници, според Украина, достигна 508.780.
Москва последен пат пријави жртви во септември 2022 година, кога поранешниот министер за одбрана Сергеј Шојгу рече дека биле убиени нешто помалку од 6.000 руски војници. Руската Би-Би-Си и руската независна медиумска група Медијазона минатиот месец потврдија дека меѓу февруари 2022 година и 22 мај 2024 година, најмалку 54.185 руски војници ги загубиле животите.
Украина, исто така, претрпе големи загуби и ретко дава ажурирања за бројот на жртви од нејзина страна. Украинскиот претседател Володимир Зеленски на крајот на февруари изјави дека во текот на двете години од војната биле убиени 31.000 украински војници. Од друга страна, Русија наведува дека бројот на загинатите украински сили е многу поголем и дека Киев само во 2023 година загубил 215.000 борци.
Во саботата Русија објави дека во изминатиот ден биле убиени 1.845 украински војници.
Европа
(Видео) „Бредли“ уништи две руски оклопни возила, војниците ползеа низ полето
Американско оклопно возило „Бредли“ уништи два руски оклопни транспортери во источна Украина, соопшти украинското Министерство за одбрана, споделувајќи снимка на која се гледаат нападнати два руски оклопни транспортери додека се движеле низ отворен терен.
Неколку руски војници скокаат од возилата по најмалку една експлозија, паѓајќи на земја додека Украинците продолжуваат да пукаат во нив. Подоцнежната снимка, која се чини дека е снимена со дрон, покажува еден транспортер во пламен.
Од украинската 47 механизирана бригада истакнаа дека нивните извидници откриле руски војници и чекале да излезат на отворено пред да го започнат нападот. Командантот на 47-та механизирана бригада изјави за „Њузвик“ уште во јануари дека руските сили „се плашат“ да започнат операции „кога знаат дека ќе мора да се соочат со Бредли“.