Свет
Шолц e против испраќањето ракети „Таурус“ во Украина ако тоа вклучува учество на германски војници

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска ја отфрли можноста за вооружување на Украина со проектили со долг дострел „Таурус“ доколку германските војници мора да бидат вклучени во употребата на тие ракети.
„Не можете да испорачате систем на оружје што има многу долг дострел без да размислувате како да го контролирате“, рече Шолц, пренесе „Ројтерс“.
Тој додаде дека е можно да се има контрола над оружјето само доколку со него управуваат германски војници.
„И тоа не доаѓа предвид“, рече Шолц.
Досега Германија се спротивставуваше на испраќање ракети „Таурус“ во Украина плашејќи се од директна конфронтација со Русија.
Сепак, ова прашање повторно се дискутира откако руските медиуми минатата недела објавија 38-минутна снимка од разговор во кој германските офицери разговараат за техничките можности на крстосувачката ракета „Таурус“ и дали германските крстосувачки ракети технички се способни да го уништат мостот на Крим.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
40 ранети во Израел, двајца критично

Вкупно 40 лица побарале медицинска помош по вечерашниот ирански ракетен напад врз Израел, соопштија локалните здравствени служби. Двајца од повредените се во критична состојба.
Најголем број пациенти се лекуваат во болницата Ичилов во Тел Авив – 18 лица.
Според лекарите, пријавените повреди вклучуваат рани од шрапнели, вдишување чад и состојба на шок.
Свет
Израелската војска: Иран истрела помалку од 100 балистички ракети, повеќето ги пресретнавме

Портпаролката на израелската војска, Ефи Дефрин, рече дека помалку од 100 балистички проектили биле истрелани од Иран кон Израел.
Дефрин рече дека „повеќето од ракетите биле пресретнати од воздушната одбрана или паднале пред да стигнат до израелска територија“.
„Регистрирани се ограничен број погодоци на згради, а дел од штетата е предизвикана од фрагменти од пресретнати проектили“, додаде тој.
Според израелските медицински служби, во нападот биле ранети 40 лица.
Свет
Нетанјаху: Ова е можност за иранскиот народ да се спротивстави на режимот

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вечерва и порача на јавноста дека можат да ги напуштат засолништата, откако новиот бран ирански ракети прелета над израелска територија.
„Иранскиот режим никогаш не бил послаб. Ова е можност за иранскиот народ да се спротивстави на режимот“, рече Нетанјаху во вечерашното обраќање.
Тој директно им се обрати и на граѓаните на Иран: „Јас сум со вас, израелскиот народ е со вас“, рече тој.
Министерот за одбрана на Израел, Израел Кац изјави дека Иран „ја преминал црвената линија со лансирање ракети кон израелските цивилни области“ и најави: „Техеран ќе плати висока цена“.
Оваа иранска одмазда следеше по израелските воздушни напади на иранска територија, при што беа погодени нуклеарни постројки и беа убиени високи команданти и научници.