Македонија
Тошковски и Бојмацалиев на средба со шпанскиот амбасадор
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, и дополнителниот заменик-министер, Митко Бојмацалиев, остварија работна средба со амбасадорот на Кралството Шпанија, Хосе Луис Лосано Гарсија.
На средбата министерот Тошковски ги истакна заложбите за организирање фер и демократски избори и активностите што треба да се преземат во таа насока. Воедно, како дополнителен проблем, поврзан со изборниот процес, го посочи недостигот на важечки документи на речиси 100.000 граѓани, кои нема да може да го остварат своето право на глас. Со ова, покрај
кршењето на основното човеково право за слобода на движење, се крши и правото на глас на овие избори за што упати голема загриженост.
Од страна на дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи, Митко Бојмацалиев, беше изразена благодарност за досегашната соработка во духот на пријателските односи, како и за укажаната чест што Република Северна Македонија беше домаќин на самиот ЕУ – Западен Балкан за време на шпанското претседателство со Советот на ЕУ, а со оглед на тоа дека Бојмацалиев беше претседател на одборот за организација на дел од клучните настани минатата година, кои беа од глобално значење – самитот ЕУ – Западен Балкан и 30. европска регионална конференција на ИНТЕРПОЛ.
Амбасадорот Хосе Луис Лосано Гарсија се заблагодари за досегашната богата соработка во сите области, особено во борбата против организираниот криминал и миграциите и изрази уверување дека таа ќе продолжи да се развива и во иднина. Особено ја истакна шпанската поддршка на патот кон полноправно членство во Европската Унија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Кривична против поранешен директор, заменик директор и вработени во Агенцијата за храна и ветеринарство за „проневера во службата“
СВР Скопје до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против З.А., поранешен директор на Агенцијата за храна и ветеринарство поради сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“ по член 354 став 1 од КЗ, Ф.М., поранешен заменик директор во агенцијата поради сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“ по член 354 во врска со член 24 од КЗ „помагање“ и против Л.У., А.Р., Е.Т., А.Б. и А.Б., вработени во Агенцијата за храна и ветеринарство поради сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“ по член 354 во врска со член 24 од КЗ „помагање“.
З.А. во својство на директор на Агенцијата за храна и ветеринарство, во периодот од 2017 до 2020 година, во повеќе наврати, со намера противправно да прибави за себе парични средства кои му биле доверени во службата, за службени патувања во странство на кои истиот присуствувал, примал дневници во висина од 50%, иако согласно Уредба за изменување на Уредбата за издатоците на службени патувања и службени патувања во странство требало да прима само 20%, бидејќи трошоците за сместување и исхрана не паѓале на товар на институцијата.
Ф.М. во својство на заменик директор на Агенцијата за храна и ветеринарство со потпишување на решенијата за одобрување на службени патувања во странство му помогнал на З.А. противправно да ги присвои парите, а Л.А., А.Р. и Е.Т. во повеќе наврати, спротивно на наведената Уредба, изготвиле решенија за одобрување на службено патување во странство на име на З.А., врз основа на кои решенија А.Б. и А.Б. одобриле исплаќање на паричните средства врз основа на претходно изготвените решенија, иако знаеле и биле свесни дека решенијата не се донесени согласно уредбата, постапиле по решенијата и му ги исплатиле парите, со што му помогнале на З.А. да се стекне со противправна имотна корист во вкупен износ од 62.530 денари, а на штета на буџетот на Агенцијата за храна и ветеринарство.
Македонија
Без струја денеска делови од Центар, Сопиште и Бутел
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 07:30 до 15:00 часот, корисниците на блокот на згради од булеварот Партизански Одреди бр.17 кон улица Максим Горки, општина Центар.
· во периодот од 07:45 до 15:30 часот, корисниците на селата Јаболци, Ново Брезница, Патишка Река, Држилово, Малчиште, Црн Врв, Елово, Осинчани, Карст с.Јаболци Викендици Држилово, Сателитски Центар, Ново Брезница, Рудпроект, Јаболци, Патишка Река, општина Сопиште.
· во периодот од 08:30 до 10:30 часот, корисниците на улицата Тале Христов, Поликлиника ВФВ и Објектите околу ВРВ Поликлиник, општина Бутел.
· во периодот од 09:00 до 12:00 часот, дел од корисниците на улицата Елисие Поповски – Марко бр.21,47 и други корисници во непосредна близина, општина Центар.
Македонија
Делови од Центар и Аеродром денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска:
– поради изведување на водоводен приклучок ф-80 мм на улицата Франклин Рузвелт бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, односно потегот од Орце Николов до Благој Давков, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со работните активности.
– поради промена на вентил во шахта ф-2“ на улицата Венијамин Мачуковски бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица, општина Аеродром.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

